Connect with us
no baners

Банки

Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје ги известува своите почитувани корисници дека изврши зголемување на редовните каматни стапки за физички лица на сите депозитни производи.

Измените се однесуваат исклучиво на каматните стапки, додека сите останати карактеристики на производите остануваат непроменети.

Зголемената каматна стапка ќе се имплементира за сите новоотворени депозити и депозити кои ќе се реорочуваат, почнувајќи од 28.12.2022 година.

Банки

НЛБ Банка со акција за младите: Купи една, добиј втора кино карта бесплатно

Објавено

на

NLB Banka Skopje информираше за нова промотивна понуда за младите корисници на NLB Next пакетот, со која секоја среда овозможува гратис билет за кино.

Од Банката велат дека со Mastercard Debit картичката за млади, корисниците при купување на еден билет добиваат втор билет бесплатно.

Промоцијата важи денеска, 27 мај, во киното Cineplexx.

Поволноста се однесува исклучиво на билети купени на билетарницата во Cineplexx со Mastercard debit картичка за млади, без разлика дали е физичка или дигитална картичка преку NLB Pay.

„Сите одат на дејт. Не сите плаќаат две карти“, порачаа од НЛБ Банка Скопје во објавата за кампањата.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците

Објавено

на

Од Банката соопштија дека од денеска, 27 мај 2026 година, средствата се достапни на сметките на пензионерите во сите филијали на Халкбанк, на банкоматите, како и преку електронското и мобилното банкарство.

Доколку пензионерите претходно дале согласност, пензиите можат да ги подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

„Пензиите за мај се веќе достапни“, соопшти Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање

Банки

АЛТА Банка: Денеска започнува исплатата на мајските пензии

Објавено

на

АЛТА Банка АД Битола информираше дека денеска, 27 мај 2026 година, ќе биде извршена исплатата на пензиите за месец мај.

Од Банката соопштија дека пензиите ќе бидат навремено достапни на трансакциските сметки на пензионерите, како и преку мрежата на банкомати и експозитури.

„Пензиите ќе бидат навремено достапни на Вашите трансакциски сметки и преку мрежата на банкомати и експозитури на Банката“, соопшти АЛТА Банка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange