Продукти
Замисли желба, штеди и исполни ја со Новогодишниот Промо депозит на Халкбанк
Секој од нас има соништа и желби. Можеби посакувате поголем дом, одмор во некоја егзотична земја или луксузен автомобил. Можеби сакате да можете да го живеете пензионерскиот живот што е можно поудобно. Или да ја реновирате куќата, да започнете сопствен бизнис или да ги купите најновите гаџети.
Несомнено, за да се оствари секоја желба потребни се финансиски средства. Затоа е паметно навреме да се почне со штедење. Иако можеби ќе кажете дека во денешно време е тешко да се штеди или дека тоа не ви го дозволува буџетот, сепак постои решение. Потребен ви е само вистинскиот начин на размислување и соодветно планирање!
Секоја желба може да се оствари доколку доволно многу ја посакувате, а во прилог 4 совети кои можеби ќе ви помогнат како да го направите тоа:
1. Одлучете колку сакате да заштедите
Колку треба да заштедите зависи од тоа какви се вашите желби. На пример, има разлика доколку сакате да го купите најновиот мобилен телефон или доколку сакате да купите стан. Потребниот износ, а со тоа и времето потребно за заштеда на пари е различно бидејќи купувањето мобилен телефон е краткорочна финансиска цел, додека купувањето свој дом е долгорочна финансиска цел.
2. Намалете ги трошоците или заработете дополнителни пари
Доколку имате само една финансиска цел, можеби ќе ви биде полесно да ја остварите. Но, што ако имате неколку финансиски цели? Можете да примените стратегии за да заштедите пари, односно да ги намалите трошоците за нешта кои не ви се неопходни за секојдневното функционирање. Можете и да размислите за начини на заработување дополнителни пари, на пример некоја креативна работа која ќе ви го направи забавен остатокот од денот, а истовремено ќе ви овозможи и дополнителна заработка.
3. Одвојте буџет за секоја желба
За да не заборавите да штедите, направете автоматско повлекување на средства од вашата сметка веднаш штом пристигне вашиот прилив за плата. Одредете го месечниот буџет кој ви е потребен за да можете по одредено време да го достигнете буџетот кој ви е потребен за исполнување на вашата цел.
4. Одберете го вистинскиот производ за штедење
Согласно вашите желби и потреби и согласно расположливоста на средствата која сакате да ја поседувате и нивото на заработка кое сакате да го остварите потребно е да го одберете вистинскиот начин на штедење. Халкбанк располага со широка палета на депозитни производи кои го нудат најдоброто согласно вашите потреби и динамиката на штедење која ви одговара.
Штедењето со депозити е веројатно најлесниот и најбезбедниот начин за штедење кој истовремено ви овозможува и заработка – чекор поблиску до вашите желби! Халкбанк годинава создаде Новогодишен Промо депозит за сите оние чија новогодишна резолуција е да ги исполнат своите желби!
Кај Новогодишниот Промо депозит минималниот износ на вложување е 30.000 денари, односно 500 евра. Истиот има атрактивни фиксни каматни стапка од 2,50%, 3,00% и 3,30% за орочување на 13, 25 или 36 месеци соодветно, односно 1,30%, 1,80% и 2,20% доколку влогот е во евра. Вашата камата на депонираните средства можете да ја добете на крајот на период на орочување или месечно.
Замисли желба, штеди и исполни ја со Новогодишниот Промо депозит на Халкбанк!
Банки
НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна заштеда за клиентите во процесот на кредитирање.
НЛБ Банка го зголемува максималниот износ на станбените кредити на 36.000.000 денари со максимален рок на отплата до 30 години и нуди фиксни каматни стапки почнувајќи од 3,05% за првите 5 години, овозможувајќи им на клиентите полесно да ги реализираат своите планови за купување или изградба на сопствен дом. Банката нуди и можност за станбени кредити со фиксна каматна стапка и за првите 10 години.
Воедно, НЛБ Банка започна и промотивна кампања во чии рамки клиентите ќе можат да аплицираат за станбен кредит без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка.
Промотивната понуда достапна во периодот до 15 јули е уште една потврда на посветеноста на Банката кон креирање на практични и поволни решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите.
Зголемениот максимален износ на станбените кредити претставува уште еден чекор во унапредувањето на понудата на НЛБ Банка за станбено финансирање, додека пак актуелната промоција, значајна поддршка на Банката при носење на една од најважните животни одлуки.
Повеќе информации за станбените кредити и промотивната понуда се достапни на веб страницата на НЛБ Банка, во експозитурите и преку Контакт центарот на 02/15 600.
Осигурување
Сава пензиско друштво нуди „Личен пензиски советник“ за поголема поддршка на осигурениците
Сава пензиско друштво нуди услуга „Личен пензиски советник“ за своите членови, со цел да обезбеди директна и стручна поддршка за пензиското осигурување и управувањето со пензиската заштеда.
Преку оваа услуга, секој член со претходна согласност ќе добие личен пензиски советник кој ќе помогне во појаснување на функционирањето на македонскиот пензиски систем, проверка на редовноста на уплатите, како и информирање за приносите и надоместоците.
Советникот ќе овозможи и проверка и ажурирање на личните податоци, како и поддршка за електронско следење на пензиската заштеда.
Од Сава пензиско друштво велат дека со оваа услуга се воведува „човечки пристап“ во пензиското осигурување, со фокус на поголема информираност и сигурност за членовите.
Граѓаните можат преку веб-страницата на компанијата да проверат кој е нивниот личен пензиски советник со внесување на ЕМБГ.
Банки
Халкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци.
Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството и зголемување на конкурентноста на домашните компании.
Услови на кредитната линија:
- Износ од 5.000 до 250.000 евра
- Рок на отплата до 5 години
- Месечни, квартални или полугодишни ануитети
- Варијабилна каматна стапка од 5,5% (до 36 месеци) и 5,75% (над 36 месеци), поврзана со 6-месечен EURIBOR
- Надомест за обработка од 1,3% до 1,5%
Дополнителен бенефит на кредитот се обуки, работилници за фармери и грант компонента до 1.000 евра (до исцрпување на средствата).
Со оваа кредитна линија, Халкбанк продолжува да ја реализира својата стратегија за поддршка на зеленото финансирање и зајакнување на локалната економија преку обезбедување пристапни извори на средства за оние кои создаваат реална вредност и поддршка на одржливиот развој на земјоделскиот сектор, создавајќи можности за посилна економија и подобра иднина за домашните производители.
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 2 месециИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 1 месецУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Исплатата на пензиите за март започнува на 1 април
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка предвремено ги исплати пензиите за месец март
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Марјан Ристески: Акцизата на горивата под лупа, можно ново замрзнување на цените
-
Кариерапред 2 месециКомерцијална банка вработува Помлад соработник за администрирање на кредити и гаранции (Back Office)

