Connect with us
no baners

Банки

Каматите на депозитите стабилни, кредитите со благ годишен пад во февруари

Објавено

на

Каматните стапки во банкарскиот сектор во февруари покажуваат стабилност кај депозитите и умерено намалување кај кредитите, покажуваат најновите податоци на Народна банка.

Просечната каматна стапка на вкупните кредити остана на ниво од 4,73%, непроменета во однос на јануари, но на годишно ниво бележи намалување од 0,45 процентни поени. Кај депозитите, пак, просечната каматна стапка изнесува 2,19%, со минимално месечно намалување и без промена споредено со истиот период лани.

Во сегментот на новоодобрените кредити е забележан раст, каматната стапка достигна 4,69%, што е зголемување и на месечно и на годишно ниво. Сличен тренд има и кај новопримените депозити, каде каматата порасна на 2,41% на месечно ниво.

Кај корпоративниот сектор, каматните стапки на вкупните кредити останаа стабилни на 4,35%, но се пониски за 0,47 процентни поени на годишно ниво. Новите корпоративни кредити бележат месечен раст на каматите, кои достигнаа 4,62%, пред сè поради поскапувањето на денарските кредити без девизна клаузула и кредитите во странска валута.

Од друга страна, каматите на вкупните депозити на компаниите се зголемија на 2,73% на месечно ниво, додека новите депозити во овој сектор достигнаа 2,49%, со значителен месечен раст.

Кај домаќинствата, каматната стапка на вкупните кредити благо се намали на 5,1%, а на годишно ниво падот изнесува 0,43 процентни поени. Новоодобрените кредити за домаќинствата, пак, бележат умерен раст и достигнаа 4,76%.

Каматите на депозитите на населението остануваат релативно стабилни, вкупните депозити се на ниво од 2,12%, додека новопримените депозити достигнаа 2,38%, со минимални месечни поместувања.

Податоците укажуваат на стабилизирање на каматната политика во банкарскиот сектор, со умерени корекции кај поединечни категории кредити и депозити.

Банки

Комерцијална банка нуди продолжен промотивен период за станбен кредит без трошоци за одобрување и процена

Објавено

на

Промотивниот период за станбен кредит без трошоци за одобрување и процена на имот продолжува до 30 септември, информираат од Комерцијална банка.

Кредитот е наменет за купување нов дом, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.

Од банката посочуваат дека финансиското решение овозможува намалени почетни трошоци, фиксна каматна стапка од 3 проценти за првите пет години, рок на отплата до 30 години, како и можност за грејс период до 12 месеци.

Дополнително, за поголема сигурност, достапна е и опција со вклучено животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Заинтересираните граѓани можат да добијат повеќе информации или да поднесат податоци за контакт преку веб-страницата на банката.

Продолжи со читање

Банки

Јунските пензии достапни за пензионерите корисници на Халкбанк

Објавено

на

Јунските пензии од денеска, 29 јуни 2026 година, се достапни за пензионерите кои ги примаат средствата преку Халкбанк АД Скопје.

Од банката информираат дека средствата се достапни на сметките на корисниците и можат да се подигнат во сите филијали на Халкбанк, на банкоматите, како и преку електронско и мобилно банкарство.

Пензионерите кои претходно дале согласност, пензиите можат да ги подигнат и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.

„Важни се луѓето“, порачаа од Халкбанк АД Скопје.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка со Mastercard промоција: 10% поврат за плаќања во ресторани, барови и достава на храна

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје објави нова промоција за корисниците на Mastercard картички, преку која можат да добијат 10% поврат на средства при плаќање во ресторани, барови или за достава на храна.

Според објавата на банката, промоцијата важи за плаќања направени на првиот ден во месецот со Mastercard картичка издадена од Стопанска банка. За учество, корисниците треба претходно да се регистрираат на платформата Priceless.

Повратот на средствата се исплаќа директно на сметката на корисникот.

Од банката порачуваат дека промоцијата е можност месецот да започне со прослава и дополнителна заштеда при секојдневните плаќања со Mastercard картичка.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange