Connect with us

Банки

Одлуката на Централната банка на Јапонија влијаеше за раст на вредноста на јенот

Објавено

на

Глобалните финансиски пазари во вторникот останаа релативно стабилни, додека цената на нафтата порасна поради геополитичките тензии на Блискиот Исток. Во исто време, јапонскиот јен зајакна откако Централната банка на Јапонија одлучи да ја задржи краткорочната каматна стапка непроменета.

Централната банка ги остави каматните стапки на ниво од 0,75%, но одлуката не беше едногласна – тројца од деветте членови на управниот одбор предложиле нејзино зголемување. Оваа поделба на гласовите се толкува како сигнал дека во наредниот период е можно постепено затегнување на монетарната политика.

Инвеститорите со внимание ги следат и коментарите на гувернерот Казуо Уеда, барајќи индиции за тоа како продолжените геополитички тензии и високите цени на енергенсите би можеле да влијаат врз идните одлуки на централната банка.

По одлуката на централната банка, јапонскиот јен зајакна на околу 159,12 јени за американски долар, задржувајќи се близу до психолошката граница од 160. Тоа ниво внимателно се следи на пазарите поради можноста јапонските власти да интервенираат за поддршка на валутата.

Во меѓувреме, јапонскиот берзански индекс „Nikkei 225“ благо се повлече од рекордните нивоа достигнати претходниот ден, додека пазарите на државни обврзници покажаа умерени осцилации по објавувањето на одлуката на централната банка.

Банки

30% попуст на Ananas.mk со НЛБ кредитните картички до 30 септември

Објавено

на

Корисниците на НЛБ кредитните картички можат да добијат 30% попуст на целиот асортиман на Ananas.mk во периодот од 10 до 30 септември.

Попустот се активира со внесување на ваучер кодот NLB30 при плаќањето, а максималниот износ на попустот изнесува 3.600 денари по трансакција.

Промотивната поволност важи за сите производи на платформата, а доколку одредени производи веќе се на акција, дополнителниот попуст од 30% се пресметува на веќе намалената цена.

Од НЛБ Банка посочуваат дека понудата е наменета не само за набавките поврзани со почетокот на учебната година, туку и за сите дополнителни потреби што може да се појават во текот на годината.

Промоцијата е достапна до 30 септември за сите корисници на НЛБ кредитни картички.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк донираше 20 компјутери за учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“

Објавено

на

Халкбанк донираше 20 компјутери на СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Скопје, со цел да придонесе за подобрување на условите за учење и работа на учениците.

Од банката посочуваат дека вложувањето во образованието претставува инвестиција во знаењето, идеите и можностите на идните генерации.

„Кога вложуваме во образованието, вложуваме во знаење, идеи и можности што допрва ќе растат“, порачаа од Халкбанк.

Од компанијата на учениците им посакаа многу успеси во учебната година што е пред нив.

Продолжи со читање

Банки

Со можното преземање на УНИБанка, Шпаркасе Групацијата цели кон пазарен удел од приближно 17% и вкупна актива вредна 2,8 милијарди евра во Македонија!?

Објавено

на

Денес, 10.09.2026 година, од страна на Штаермеркише Шпаркасе Групацијата беше официјално поднесенo Известување за намера за преземање на сите запишани обични акции издадени од Уни Банка АД Скопје.

Објавувањето на намерата за преземање претставува прв, иницијален чекор во процесот. Самата реализација на трансакцијата и понудата за преземање во претстојниот период подлежат на законски и регулаторни процедури, кои вклучуваат задолжително прибавување на претходни согласности и одобренија од надлежните институции во Република Северна Македонија како и од соодветните меѓународни регулаторни тела.

Во тој контекст, Штаермеркише Шпаркасе Групацијата останува целосно посветена на успешно, транспарентно и одговорно спроведување на сите наредни чекори во согласност со важечките прописи и највисоките професионални стандарди.

„Како една од водечките банкарски групации во Европа, имаме силна доверба во
македонскиот банкарски сектор и неговиот долгорочен потенцијал за раст. Оваа објава ја потврдува нашата континуирана посветеност на пазарот и нашата стратегија за одржлив раст. Со овој чекор имаме цел дополнително да го зајакнеме нашето присуство во Северна Македонија и да ја унапредиме нашата улога како доверлив, стабилен и долгорочен партнер на граѓаните, деловната заедница и економијата во целина“
, изјави Георг Бухер, Претседател на УО на Штаермеркише Шпаркасе и Претседател на Надзорниот Одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

Штаермеркише Шпаркасе е застапена во Северна Македонија од 2008, со сегашна вкупна актива од скоро две милијарди евра во земјата. По преземањето на Уни Банка, Штаермеркише Шпаркасе ќе располага со вкупна актива од околу 2,8 милијарди евра во Македонија и пазарен удел од приближно 17 %.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange