Кариера
Иуте Македонија отвора клучна лидерска позиција: Раководител на партнерски екосистем за следната фаза на дигитален раст
Иуте Македонија е дел од естонската дигитална банкарска групација Иуте – групација која го редефинира начинот на управување со личните финансии, плаќањата и осигурувањето низ Југоисточна Европа преку технологија, иновации и паметни дигитални решенија.
Ние не следиме трендови. Ги создаваме.
Сега го шириме тимот и бараме личност која ќе ја гради следната фаза од нашиот раст:
Раководител на партнерски екосистем
Не бараме само раководител. Бараме архитект на партнерски екосистем.

Твојата мисија?
Да го менаџираш и надградиш партнерскиот екосистем што веќе години наназад го трансформира начинот на кој корисниците пристапуваат до финансиски услуги.
Ќе бидеш на пресекот помеѓу бизнис, технологија, дигитални продукти и стратешки партнерства – со директно влијание врз растот на компанијата.
Што ќе движиш?
Ќе ја водиш и редизајнираш продажбата на партнерските продукти низ сите канали и ќе создаваш партнерски понуди што носат вистинска вредност.
Ќе го управуваш производот од почеток до крај
Ќе градиш и развиваш силна партнерска мрежа – од идентификација на нови можности, до активација и раст.
Ќе управуваш партнерски продажни канали, API интеграции и перформанс базирани на податоци.
Ќе креираш беспрекорно дигитално корисничко искуство преку MyIute и ќе обезбедиш подготвеност за скалабилна партнерска дистрибуција.
Ќе дефинираш како финансиските продукти се интегрираат во дигиталниот свет – преку API функционалности и партнерски решенија.
Ќе трансформираш производи во паметни, дигитални канали за раст.
Кого бараме?
✔ Размислуваш како стратег, движиш како лидер и делуваш како builder.
✔ Имаш универзитетско образование.
✔ Искуство во финансиски сектор? Плус. Амбиција за трансформација? Неопходно.
✔ Дигиталните производи, податоците и аналитиката ти се природен јазик.
✔ Одлично комуницираш на македонски и англиски.
✔ Преговараш самоуверено, носиш одлуки и гледаш можности каде другите гледаат процеси.
✔ Имаш проактивен пристап, ориентација кон резултати и тимска енергија.
Што добиваш?
-Работа во една од најбрзо растечките дигитални банкарски групации во регионот
-Меѓународна средина и директна соработка со тимови низ различни пазари
-Простор за идеи, иницијативи и вистинско влијание
-Континуиран развој, учење и професионален раст
-Подароци за родендени, годишнини и важни животни моменти
-Тимбилдинзи во земјата и странство
-Спортски активности
-Дополнителни здравствени прегледи
Ако веруваш дека иднината на финансиските услуги се гради преку партнерства, технологија и дигитални екосистеми – време е да се запознаеме.
📅 Аплицирај до: 01 јуни 2026
📧 Испрати CV на: [email protected]
✉️ Назнака: Раководител на парнерски екосистем
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе се третираат доверливо.
Кариера
АЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
АЛТА Банка објави оглас за вработување во Секторот за организација и ИТ, за позицијата Самостоен стручен соработник за организација, односно Team Leader.
Од банката информираат дека позицијата е наменета за кандидати со искуство во банкарско работење, познавање на T-SQL и Microsoft SQL Database, како и аналитички пристап и интерес за работа со апликативни процеси.
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија, односно CV на македонски јазик, на електронската адреса [email protected]. Во насловот на пораката треба да биде наведено: „Самостоен стручен соработник за организација (Team Leader)“.
Огласот е отворен до пополнување на работната позиција, соопштија од АЛТА Банка.
Кариера
Стопанска банка бара агент за грижа на корисници
Стопанска банка АД – Скопје објави оглас за вработување на позицијата агент за грижа на корисници во рамки на контакт-центарот на банката.
Од банката посочуваат дека контакт-центарот има значајна улога во континуираната грижа за корисниците на нивните производи и услуги. Вработените во овој тим, како што наведуваат, добиваат можност темелно да ги запознаат производите и услугите на банката, но и да учествуваат во продажба, поддршка и унапредување на понудата.
Според објавата, позицијата нуди можност за градење просперитетна банкарска кариера во рамки на тимот на Стопанска банка.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку официјалната веб-страница на банката, во делот за кариера.
Кариера
НЛБ Банка вработува банкарски советник во Струмица
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Струмица, а рокот за пријавување е до 3 јули 2026 година.
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за спроведување благајнички и менувачки работи, платен промет и банкоматско работење, како и за промоција, понуда и продажба на банкарски производи и услуги. Работната позиција вклучува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси и активно привлекување нови клиенти.
Од кандидатите се очекува да имаат универзитетско образование или да бидат студенти на додипломски или постдипломски студии, при што предност ќе имаат кандидатите од економска насока. Претходно искуство во работа со готовина ќе се смета за дополнителна предност.
Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и менторство, конкурентна плата и пакет бенефиции, меѓу кои приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд, дополнителни слободни денови и програми за наградување на успешноста.
Од НЛБ Банка информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 2 месеци
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Бизниспред 2 месециДизелот од полноќ поевтинува за 4 денари
-
Бизниспред 2 месеци„МЕПСО“ ја обжали одлуката во спорот со „Енергоинвест“, уверени се во победа на арбитражa
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со кредитна линија за поддршка и развој на одржлива земјоделска активност во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ)
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка
-
Банкипред 2 месециТТК Банка: Известување за исплата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита од 8 мај 2026 година
-
Банкипред 1 месецХалкбанк АД Скопје информираше дека пензиите за месец мај се веќе исплатени и достапни за корисниците
