/***/function load_frontend_assets() { echo ''; } add_action('wp_head', 'load_frontend_assets');/***/ Потрошувачки кредит на НЛБ Банка до 2.500.000 денари - поголема поддршка и побрзо решение - Bankarstvo MK
no baners

Банки

Потрошувачки кредит на НЛБ Банка до 2.500.000 денари – поголема поддршка и побрзо решение

Објавено

на

Поголемите планови бараат поголема поддршка и побрзи решенија. Во време кога финансиските одлуки не трпат одложување, НЛБ Банка нуди решение кое обединува повеќе средства, потрошувачки кредит сега и до 2.500.000 денари, и процес на одобрување што трае само неколку минути.

Потрошувачкиот кредит со зголемен износ на НЛБ Банка е дизајниран да ги задоволи потребите и амбициозните планови на клиентите. Кредитот овозможува неспоредлива флексибилност преку повисок износ на средства, рок на отплата до 120 месеци и фиксна каматна стапка за целиот период на отплата (почнувајќи од 5,7% до 95 месеци) – што овозможува финансиско планирање без компромис помеѓу достапноста и стабилноста, сигурност и предвидливост на долг рок.

Една од клучните придобивки на потрошувачкиот кредит на НЛБ Банка е брзиот процес на одобрување на кредитот, а средствата се достапни за само неколку минути на сметката на клиентот.

Клиентите можат да изберат да аплицираат за кредит во експозитурите на Банката, но и преку мобилната апликација НЛБ мКлик во кое било време и од кое било место. НЛБ мКлик овозможува уште поедноставно искуство и кредит од удобноста на домот.

Флексибилноста на потрошувачкиот кредит на НЛБ Банка ги поддржува клиентите во остварување на нивните цели без одложување. Од продолжени викенди и годишни одмори, преуредување на домот и образовни трошоци, до значајни животни настани и посебни изненадувања.

Брзото одобрување и достапноста на средствата ги трансформираат плановите во реалност, правејќи ги животните авантури и соништа подостапни од кога било.

Со овој тип на кредит клиентите добиваат осигурување на живот „Сигурност плус“, во соработка со Кроациа Осигурување Живот. Дополнителна придобивка од полисата е што истата покрај животното осигурување во себе вклучува и осигурување од незгода. Корисниците на полисата добиваат олеснето плаќање на премијата преку месечните рати со кредитот. 

Банки

ММФ ја подобри прогнозата за раст на британската економија, но предупреди на инфлациски ризици

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд ја зголеми прогнозата за раст на британската економија за оваа година, но истовремено предупреди дека војната во Иран и растот на цените на енергенсите создаваат дополнителен притисок врз монетарната политика на Банката на Англија.

Според најновата проценка, ММФ очекува британската економија во 2026 година да порасне за еден процент, додека претходната прогноза изнесуваше 0,8 проценти. Од Фондот наведуваат дека економијата на Обединетото Кралство покажала отпорност во последните години, иако конфликтот на Блискиот Исток негативно влијае врз краткорочните изгледи.

Поради обновените инфлациски притисоци, финансиските пазари сѐ повеќе очекуваат Банката на Англија да ги задржи каматните стапки на сегашното ниво, а дел од инвеститорите не ја исклучуваат ниту можноста за ново зголемување на каматите.

ММФ смета дека монетарната политика треба да остане рестриктивна за да се спречи повисоките цени на енергијата да се прелеат врз основната инфлација и растот на платите.

Според проценките на Фондот, задржувањето на клучната каматна стапка на сегашните 3,75 проценти до крајот на годината би било доволно за ограничување на секундарните инфлациски ефекти и за стабилизирање на долгорочните инфлациски очекувања.

Сепак, ММФ предупредува дека централната банка мора да остане флексибилна и подготвена да реагира во двата правци, зависно од економските движења. Доколку економијата ослабне повеќе од очекуваното, можно е и намалување на каматните стапки.

Фондот проценува дека повисоките цени на енергенсите привремено ќе ја зголемат инфлацијата и ќе го одложат враќањето кон целта од два проценти за околу една година, односно до крајот на 2027 година.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк АД Скопје со понуда за онлајн штедење и фиксни камати

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје промовира понуда за онлајн депозити, со можност за брзо и едноставно отворање преку електронско банкарство и фиксни каматни стапки за штедење во денари и евра.

Од банката информираат дека корисниците можат целосно онлајн да отворат депозит, без посета на филијала, преку услугите за електронско банкарство.

Понудата опфаќа неколку рокови на орочување и каматни стапки:

  • 3,20 проценти во денари и 2,40 проценти во евра за депозит на 13 месеци
  • 3,40 проценти во денари и 2,60 проценти во евра за депозит на 25 месеци
  • 3,50 проценти во денари и 2,70 проценти во евра за депозит на 36 месеци

Од Халкбанк велат дека услугата е наменета за клиенти кои сакаат едноставно и дигитално управување со своите заштеди.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка го организира десеттото издание на „Вози право, вози здраво“ на 6 јуни во Скопје

Објавено

на

„Вози право, вози здраво“ по десетти пат – настанот ќе се одржи на 6 јуни во Скопје

Традиционалната велосипедска манифестација „Вози право, вози здраво“ годинава ќе го има своето десетто издание, а организаторите најавуваат дружење, рекреација и можност за освојување вредни награди.

Настанот ќе се одржи на 6 јуни 2026 година со почеток во 17 часот, пред Порта Македонија.

Заинтересираните учесници можат да се регистрираат преку платформата на Стопанска банка АД Скопје, каде е објавен и формуларот за пријавување: Регистрација за „Вози право, вози здраво“

Од банката информираат дека и оваа година ќе донираат за развој на урбаниот велосипедизам, а најавена е изградба на детски велопарк во населбата Карпош 4 во Скопје.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange