Совети
Зошто е добро да вложувате финансиски средства во инвестициски фонд?
Кога инвестирате, вие не се задолжувате, туку рационално и ефективно ги дистрибуирате вашите финансиски ресурси, за да добиете што поголема финансиска добивка. На тој начин, не само што заштедувате, туку и дополнително ја зголемувате вредноста на вашите средства. Инвестирањето преку акциски инвестициски фондови значи вложување во стабилни компании низ светот кои создаваат вредност преку раст на добивките и исплата на дивиденти. Кога купувате акција, вие станувате сопственик на хартија од вредност и со тоа добивате одредени финансиски права и одговорности, како и право на дел од профитот, дивидендa, a со купување на удели во инвестициски фонд, Вие индиректно вложувате во голем број акции односно учествувате во имотот на компаниите што се дел од портфолиото на фондот.
Доколку сте во процес на размислување, главната одлука која треба да ја донесете е во кој инвестициски фонд би сакале да ги вложите вашите средства и како да создадете оптимален баланс за максимален ефект. Од таа одлука, директно ќе зависат профитабилноста и ризикот на инвестицијата.
https://www.instagram.com/p/DXRQZKPEaNK/?img_index=1
Финансиската култура и навиките во Македонија покажуваат дека дополнителните приходи луѓето најчесто ги остваруваат преку кирија, т.е од наследен имот кој потоа носи дополнителни 300-400 евра месечно. Со оглед на тоа што во некои делови од Скопје, становите достигнуваат и продажна цена од 3000 еур м2, се поставува прашањето дали недвижностите се сè уште рентабилни и добра инвестиција? Колку реално еден млад човек во Македонија, со приход од просечна плата може да купи имот без да се задолжи во наредните 30-40 години ? Но, и колку рационално ги троши средствата од киријата кои пристигнуваат на неговата сметка секој месец?
“Вложувањето во инвестициски фонд подразбира здружување на средствата на инвеститорот со капиталот на многу други учесници во заедничко портфолио. Со овие средства управуваат професионални портфолио менаџери, кои ги пласираат во акции согласно јасно дефинирана инвестициска стратегија на акциски инвестициски фонд. Инвеститорот добива удели во фондот чија вредност се менува во зависност од перформансите на портфолиото. Ваквиот пристап овозможува диверзификација, односно намалување на ризикот преку распределба на вложувањата”, велат од ВФП Фонд Менаџмент.
„На овој начин, се нуди професионално управување, транспарентност и можност за долгорочен раст дури и со помали поединечни вложувања. Портфолио менаџерите на ВФП Фонд Менаџмент креираат стратегија која го штити вашиот капитал и истовремено отвора нови можности, го намалува ризикот и го зголемува потенцијалот за раст.”, додаваат од ВФП Фонд Менаџмент.
Во професионалниот однос меѓу агентот и клиентот, довербата се гради преку транспарентност, експертиза и конзистентност. Транспарентноста обезбедува сигурност, бидејќи клиентот јасно знае каде се инвестира неговиот капитал, кои се трошоците, ризиците и можните пазарни сценарија. Експертизата, заснована на економски анализи и модели, ја потврдува професионалноста и кредибилитетот на инвестицискиот фонд. Кога инвестирате редовно и останувате доследни на својот план, чекор по чекор го градите патот кон долгорочен раст, финансиска независност и сигурност што трае. Мудро донесените чекори денес се темелот на стабилната финансиска иднина што ја посакувате.
Анализи
Избегнувајте ги овие ПИН-кодови за вашата платежна картичка – Крадците секогаш прво нив ги внесуваат
Секој што некогаш ја изгубил или му е украдена картичката го знае стравот од ненадејно губење на сите тешко заработени пари. Но, опасноста демне дури и ако вашиот ПИН е доволно едноставен за некој да може да го погоди.
ПИН-кодот е една од основните заштити на платежната картичка, но изборот на едноставна комбинација може значително да го зголеми ризикот од неовластен пристап.
Изборот на добар ПИН може да биде предизвик
ПИН кодот треба да биде лесен за паметење, но не треба да го запишувате. За разлика од лозинката, не можете да користите интерпункциски знаци или големи букви и сте ограничени на само 10 цифри.
Иако четирицифрениот ПИН овозможува 10.000 можни комбинации, голем број корисници и понатаму избираат лесни и предвидливи кодови. Меѓу најчестите се 1234, 0000, 1111 и 1212, но и комбинации како 4321, 2222, 7777 или други повторливи и симетрични шеми.
Токму ваквите комбинации најчесто се меѓу првите што би ги испробал хакер или крадец кој се обидува да добие неовластен пристап. Ризикот е уште поголем доколку ПИН-кодот е поврзан со лесно достапни лични информации, како датум на раѓање.
Што предупредуваат експертите?
Експертите предупредуваат дека промената на вашиот ПИН може да биде едноставен, но важен чекор во заштитата на вашите лични информации и финансиски средства.
Тие советуваат корисниците да избегнуваат очигледни комбинации и лични податоци при изборот на ПИН. Кодот треба да биде непредвидлив, но доволно лесен за паметење, без да се запишува на картичката или да се чува заедно со неа.
Совети
Македонска берза објави водич за трансформација и раст на бизнисите
Македонската берза подготви детален водич наменет за компаниите кои сакаат да ги искористат можностите на пазарот на капитал за обезбедување средства, раст и понатамошен развој.
Во водичот на едноставен начин се објаснуваат предностите од трансформацијата на компаниите во акционерски друштва, различните модели за продажба и емисија на акции, придобивките од котацијата на берза, како и постапката за издавање обврзници.
Од Македонската берза посочуваат дека целта е на бизнисите да им се олесни разбирањето на процесите за прибирање финансиски средства преку пазарот на капитал, кои на прв поглед може да изгледаат сложено.
Водичот е подготвен во рамките на иницијативата „Август – месец на подготовки за пазарот на капитал“. Во текот на месецот компаниите можат да закажат и бесплатни консултации во Македонската берза, на кои ќе добијат повеќе информации за можностите за пазарно финансирање и за актуелниот проект за поттикнување и подготовка на македонските компании.

За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат на електронската адреса [email protected] или на телефонскиот број 02/3122-055.
Совети
УЈП: Приходите од краткорочно издавање сместување мора да се пријават и оданочат
Граѓаните кои издаваат станови, апартмани, викендички или соби за краток престој до 31 ден имаат обврска да го пријават остварениот приход во Управата за јавни приходи и да платат данок на личен доход.
Обврската важи без разлика дали сместувањето се издава директно или преку платформи како Airbnb, Booking.com, Facebook, Kajak или други интернет-сервиси.
Од УЈП информираат дека пријавувањето се врши преку системот е-Даночни услуги. Даночниот обврзник треба да се најави на својот кориснички профил, да ја избере услугата Е-ПДД и да пополни соодветна електронска пресметка за приходот од закупнина.
Кон пресметката треба да се приложи документ со кој се потврдуваат внесените податоци. Системот автоматски го пресметува износот на данокот, а пријавата се потпишува со еднократен ПИН-код.
По одобрувањето од службено лице, се генерира рекапитулација со налог ПП53 за плаќање на данокот на личен доход. Данокот треба да се плати најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец.
Аконтативната пресметка се поднесува најдоцна до 10-ти во месецот на издавање. Кога исплатата доаѓа од странство, рокот е до 10-ти во месецот што следува по месецот во кој е остварен приходот.
За граѓаните на кои им е потребна помош, УЈП има објавено видеоупатства за поднесување на електронската пријава и плаќање на данокот. Дополнителни информации може да се добијат и преку Контакт-центарот на бројот 02 3253 200 или во најблиската организациска единица на Управата.
Од УЈП најавуваат дека ќе продолжат со анализи и контроли за да обезбедат еднаква примена на законите и да спречат нелојална конкуренција кон даночните обврзници кои редовно ги исполнуваат своите обврски.
-
Анализипред 2 месециДали Македонија ќе ги следи Унгарија, Полска и Литванија и ќе го укине вториот пензиски столб?
-
Банкипред 1 месецПремиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
-
Кариерапред 2 месециАлта банка со активен оглас за стручен соработник во банкарска експозитура во Велес
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка ја почнува исплатата на јулските пензии на 31 јули
-
Банкипред 2 месециТони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
-
Банкипред 2 месециХалкбанк со поволности за клиентите кои ќе ја префрлат платата
-
Кариерапред 1 месецНЛБ Групацијата вработува специјалист за Управување со ризици/финансии
-
Кариерапред 1 месецНародната банка вработува седум лица: Плати до 91.385 денари





