Connect with us

Анализи

Граѓаните по основ на дозволен минус им должат на банките 113,2 милиони евра

Објавено

на

Вкупниот долг на граѓаните кон банките по основ на дозволен минус на плата во ноември 2023 година изнесува 6.963 милиони денари (околу 113,2 милиони евра), износ на кој банките од 1 јануари годинава пресметуваат камата од над 14%. Како што веќе објави Банкарство, банките ја стартуваа 2024 година со зголемена каматната стапка на дозволеното пречекорување, која расте заедно со растот на референтната каматна стапка на Народната банка за пресметување казнена камата. 

Ги анализиравме и бројките за тоа колку се задолжени граѓаните кај банките со дозволено пречекорување. Според последните статистички податоци на Народната банка, вкупниот долг на населението по овој основ изнесува околу 113,2 милиони евра и во последните 15 години е речиси двојно зголемен. На крајот од 2009 година негативното салдо на граѓаните по основ на тековни сметки изнесувало 3.675 милиони денари (59,7 милиони евра). Оттогаш континуирано расте и во ноември 2019 година достигнува 7.053 милиони денари (114,7 милиони евра).

Интересно е дека веќе во декември 2019 година, односно само за еден месец паѓа на 6.123 милијарди денари (99,6 милиони евра). Повторно за само еден месец се искачува на 6.909 милиони денари и за два месеци се намалува на 6.059 милиони денари. Овие драстични промени се случуваат за време на првата година од Covid кризата во земјава. На крајот од кризната 2020 година, вкупниот износ на негативно салдо на граѓаните по основ на тековни сметки паѓа на 5.818 милиони денари (94,6 милиони евра). 

Нагоре-надолу состојбите продолжуваат и во 2021 и во 2022 година, која завршува со негативно салдо од 5.962 милиони денари. Веќе во 2023 година, повторно започнува стабилен нагорен тренд, така што и покрај растот на каматната стапка на дозволено пречекорување, граѓаните се повеќе се задолжуваат кај банките по овој основ. 

Од овие бројки може да се заклучи дека расположението на граѓаните за користење на дозволениот минус не зависи од висината на каматната стапка, туку од нивните реални финансиски потреби. Според податоците на Народната банка, пондерираните каматни стапки на негативните салда по основ на тековни сметки на ниво на банкарски сектор во периодот од 2015 до 2018 година се движеа во стабилен распон од 11,26% до 11,35%. Од 2019 година започнува надолниот тренд и до мај 2022 година стигнуваат ди најниското ниво од 9,28%. Токму во тој период, како што прикажавме погоре, вкупниот износ на негативното салдо на граѓаните по основ на тековни сметки многу варира и е на пониско ниво. 

Но, затоа веќе од јули 2022 година, започна актуелниот раст на каматната стапка на дозволениот минус и во ноември 2023 година просечната камтна стапка на ниво на банкарски сектор изнесува 13,16%.

Ако се спореди долгот на граѓаните кон банките по основ на дозволен минус со останатите кредитни производи, се забележува дека граѓаните многу повеќе им должат на банките по основ на кредитни картички (околу 163 милиони евра), за кои банките пресеметуваат за нијанса пониски каматни стапки од 11,21%.

Анализи

Дали падот на цените на становите во ЕУ ќе се преслика во Македонија?

Објавено

на

Цените на становите во еврозоната паднаа за 2,1% во третиот квартал од 2023 година, а во целата Европска унија се намалени за 1%. Во Македонија во четвртиот квартал пораснаа за 7% споредено со истиот период претходната година, а за три месеци се повисоки за 1%.(повеќе…)

Продолжи со читање

Анализи

Наташа Пукл ќе биде нов независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 39 став 1 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, Собранието на НЛБ Банка на својата седница одржана на ден 21.02.2024 година донесе Одлука за именување на независен член на Надзорниот одбор.(повеќе…)

Продолжи со читање

Анализи

И македонските банки ќе мора да овозможат инстант плаќања

Објавено

на

Македонските банки ќе мора да дозволат инстант плаќања за граѓаните и компаниите кои ќе се извршуваат во многу кратко време од околу 10 секунди. Тоа значи дека парите од сметката на плаќачот ќе легнат на сметката на примачот за не подолго време од 10 секунди. Ова претставува своевидна револуција во светот на платежните трансакции затоа што примачот веднаш ќе може да располага со парите и да врши натамошни трансфери доколку му се потребни.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно