Connect with us

Банки

First Citizens Bank ја купува Silicon Valley Bank за 72 милијарди долари

Објавено

на

Американската банка „First Citizens Bank” ќе ги откупи за 72 милијарди долари преостанатите кредити и депозити на „Silicon Valley Bank” (SVB), која беше преземена од американските регулатори поради банкрот на почетокот на месецот.

„First Citizens Bank” ќе ја преземе банката за 72 милијарди долари со попуст од 16,5 милијарди долари. Дополнително, 90 милијарди долари во хартии од вредност и други средства ќе останат во акредитација за отуѓување на FDIC, соопшти Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC), пренесува „Reuters”.

Во соопштението се наведува дека FDIC ги проценува трошоците настанати како резултат на банкротот на околу 20 милијарди долари, но дека точната сума ќе се утврди подоцна кога ќе заврши стечајната постапка.

Заклучно со 10-ти март, „Silicon Valley Bank” (SVB) имаше околу 167 милијарди долари вкупни средства и 119 милијарди долари вкупни депозити. „First Citizens Bank”, со седиште во Рали, Северна Каролина, се смета како најголема банка во државата контролирана од семејството и е еден од најголемите купувачи на проблематични кредитори во последниве години.

Банки

Пауел: ФЕД ќе почека со каматните стапки, трговските политики внесуваат зголемена економска неизвесност

Објавено

на

Гувернерот на американската централна банка (Федерални резерви), Џером Пауел, изјави дека ФЕД ќе ја задржи моменталната монетарна политика и ќе почека со евентуални промени на каматните стапки додека не добие појасни сигнали за насоката во која се движи економијата на САД.

Во своето обраќање, внимателно следено од економистите, инвеститорите и пазарните аналитичари, Пауел предупреди дека трговската политика на американската администрација, особено воведувањето царини, може да предизвика девијации од двата основни приоритети на ФЕД – ценовната стабилност (инфлација од околу 2%) и максималната вработеност.

„Економијата може да се соочи со предизвици доколку тарифите ги зголемат ценовните притисоци, а растот и пазарот на труд може да забават. Ова може да доведе до понатамошни отстапки од таргетираната инфлација од 2 проценти и максимална вработеност – двата основни приоритети на Фед“, изјави Пауел.

Тој ја опиша нестабилноста на пазарите како очекувана реакција на глобалните трговски тензии, но додаде дека сè уште нема индикации за системска економска криза која би барала итна интервенција на ФЕД. Сепак, предупреди дека ефектите од новите тарифи се посилни отколку што укажуваа дури и најпесимистичките сценарија.

„Ефектите од царините се посилни отколку што укажуваа дури и најпесимистичките сценарија на Фед, а растот на економијата видливо забавува. Потрошувачката е скромна, а зголемениот увоз во обид да се избегнат новите царини може негативно да се одрази врз бруто-домашниот производ. Дополнително, економското расположение кај бизнисите и потрошувачите се влошува“,нагласи Пауел.

Иако економијата формално останува во солидна состојба, Пауел забележа дека неизвесноста околу идните движења станува сѐ поголема. Неговите коментари веднаш предизвикаа реакција на Волстрит, американските технолошки и индустриски индекси бележат пад, а тргувањето продолжи во негативна насока.

ФЕД останува внимателен и фокусиран на новите макроекономски податоци, додека пазарните учесници будно ги следат сигналите за можни идни насоки на монетарната политика.

Продолжи со читање

Банки

Предупредување од Комерцијална банка: Забележана е нова измамничка e-mail кампања

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје ја информира јавноста дека е детектирана нова форма на измамничка кампања преку електронска пошта, при што се испраќаат лажни пораки во име на Комерцијална банка и известува за пристигнат прилив.

Во рамки на оваа измамничка кампања, испраќачот користи стара e-mail порака, која на прв поглед изгледа како автентична комуникација од Комерцијална банка, при што ја проследува со додавање на текстот: „Почитуван клиент, приложена потврда за прилив.“

Овие пораки содржат прилог (attachment) со наслов од облик:
„Прилив-283-687…pdf….xz“ или „Прилив-83-679…pdf…rar“ кои во себе содржат злонамерна датотека.

Особено е важно да се обрне внимание на e-mail адресата на испраќачот, иако визуелно може да изгледа како да доаѓа од Банката, реалната адреса е:
[email protected], која не е од доменот на Комерцијална банка и претставува обид за фишинг.

Доколку добиете ваква порака, не ги отворајте прилозите, не ја препраќајте и избришете ја!

Целта на овие пораки е инсталирање на малициозен софтвер и/или прибирање лични податоци кои подоцна може да бидат злоупотребени. Комерцијална банка ги повикува сите корисници на електронска пошта да постапуваат внимателно, да проверуваат детално од кого доаѓа пораката и да не отвораат сомнителни прилози.

Споделете ја оваа информација со вашите колеги, пријатели и семејство за да се спречи потенцијална штета.

Продолжи со читање

Банки

Соопштение од Стопанска банка АД – Скопје: Неработни денови за велигденските празници

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека поради претстојните велигденски празници, филијалите на Банката нема да работат на следните денови:

  • Петок, 18 април 2025 година – Велики Петок
  • Понеделник, 21 април 2025 година – Втор ден на Велигден

За време на празниците, на располагање ќе бидат сите i-bank дигитални услуги, вклучувајќи ги мобилното и електронското банкарство (m-banking и e-banking), банкоматите на Стопанска банка, како и широката партнерска мрежа на трговци кои прифаќаат картички издадени од Банката.

ЗАБЕЛЕШКА: Согласно официјалниот календар, МИПС плаќањата ќе бидат достапни само во петок, 18 април 2025 година.

Раководството и вработените на Стопанска банка АД – Скопје на сите клиенти и соработници им ги честитаат велигденските празници, со желби за здравје, среќа и благосостојба.

Продолжи со читање

Популарно