Connect with us

Останато

Денес се одржува вториот Скопски Економски Форум: Просперитет во време на несигурност

Објавено

на

Денес, 1ви март 2023 година, во хотелот Александар Палас ќе се одржи Скопски Економски Форум II, во организација на Делфи Економски Форум и Грчката бизнис асоцијација, а со цел да создаде платформа за дијалог и комуникација.

Скопскиот Економски Форум II ќе овозможи идентификување и проценка на клучните предизвици за раст, учење од искуствата на другите земји, поддршка на усвојувањето на практики за корпоративна социјална иновација во приватниот сектор и идентификување на насоки на политичко дејствување за создавање на конкурентни и инклузивни економии во Северна Македонија и Југоисточна Европа.

Лидерите од политичката и економската сфера ќе понудат конкретни одговори на клучните проблеми во регионот, особено во областа на енергетиката, безбедноста и економијата.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Димитар Ковачевски, ќе се обрати на Скопскиот Економски Форум II. Исто така, г-дин Албин Курти, премиер на Република Косово, и г-дин Дритан Абазовиќ, премиер на Владата на Црна Гора, ќе го почестат Форумот со своето присуство и ќе се обратат на форумот.

Меѓу именуваните политички говорници се: г-дин Артан Груби, Прв Заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, г-дин Фатмир Бесими, министер за финансии, г-дин Александар Бајдевски, заменик-министер за информатичко општество и администрација, г-ѓа Артане Ризваноли, министер за енергетика на Косово, г-дин Мартин Двошак, заменик-министер за надворешни работи на Република Чешка, г-ѓа Христина Оџаклиевска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, г-ѓа Меги Фино, заменик-министер за Европа и надворешни работи на Албанија, како и г-дин Оливер Вархеи, комесар за соседство и проширување на ЕУ. На форумот ќе зборува и г-ѓа Данела Арсовска, Градоначалничка на Скопје.

Форумот ќе биде почестен и со говори на низа Амбасадори во Република Северна Македонија, меѓу нив и Н.Е Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, Н.Е Андреа Силвестри, Италијанскиот амбасадор, Н.Е Софија Филипиду, Амбасадор на Република Грција, Н.Е Ами Ларсон Џеин, Амбасадор на Кралството Шведска, Н.Е Дејвид Гир, Амбасадор на ЕУ.

Од делот на бизнис секторот, меѓу говорниците ќе бидат: господин Иоанис Киркинезис, директор за развој на бизнисот и менаџер на Хил Интернашнл Албанија, госпоѓа Ана Митреска, вице-гувернер на Народна банка на Северна Македонија, господин Никола Делев, вршител на функцијата директор за стратешко планирање и развој во “Булгартрансгаз”, господин Манос Манусакис, претседател и извршен директор на ИПТО, господин Атанасиос Лиагкос, претседател на Управниот одбор и извршен директор на ТПА С.А. – Пристаниште на Солун, господин Бранко Грегановиќ, претседател на НЛБ Банка Скопје, господин Никола Љушев, извршен директор на Македонски Телеком, госпоѓа Марија Рита Гали, извршен директор на ДЕСФА, господин Олин Ветингтон, извршен директор на Ветингтон Интернешнл ЛЛЦ, господин Орхан Муртезани, генерален директор и претседател на Управниот одбор на АД МЕПСО, господин Бајрам Реџепи, извршен директор на НЕР Скопје, господин Анди Аранитаси, шеф на ЕБРД за Северна Македонија, госпоѓа Марта Наумовска-Грнарова, генерален менаџер на Завар Компани, Завар Дизајн, госпоѓа Аида Нани, управувачки партнер во СТАГ Консулт, Тирана, господин Деналд Џорџ Тафани, Претседател, Хеленска бизнис асоцијација во Албанија, г-ѓа Магдалена Сољакова, стар висок посебен службеник за Северна Македонија, IFC, г-н Алесандро де Кончини, менаџер за Македонија, Европска инвестициска банка.

Покрај нив, на Форумот ќе говорат и госпоѓа Христина Спасевска, вице-ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, , г-н Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија, г-н Беким Емини, директор на Агенцијата за странски инвестиции, г-дин Александар Стамболиев, управител на Бизнис Акцелератор УКИМ и г-н Гого Рафајловски, оперативен директор на SEEU Технолошки Парк.

Некои од главните теми на Скопскиот Економски Форум II се:

  • Една година подоцна: Влијанието на агресијата на Русија вo Украина врз Југоисточна Европа
  • Продолжение на Тиранскиот Самит: Пристапување на Балканот во Европската унија
  • Нови регионални енергетски коридори
  • Инвестирање во инфраструктура и поврзување: територијална кохезија, транс-европски мрежи: патишта, железници, мостови, пристаништа и аеродроми
  • Жени лидери во одржлив развој
  • Перспективи и поволности за директни странски инвестиции во Северна Македонија
  • Стратегии за одржување на економски раст во време на несигурност
  • Дигитална трансформација: Водењето на владата на следното ниво

Бизнис

Во Владата денеска ќе се одржи панел дискусија посветена на економскиот раст и економската сигурност на граѓаните

Објавено

на

На панелот ќе учествуваат вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Дискусијата ќе ја модерира портпаролката на Владата, Марија Митева.

Настанот ќе се одржи во Медија центарот на Владата и ќе може да се следи во живо преку официјалниот Јутјуб канал на Владата.

По завршувањето на панел дискусијата е предвидена и сесија за прашања од новинарите.

Продолжи со читање

Бизнис

Македонија е меѓу 10-те земји каде најлесно може да се добие државјанство

Објавено

на

Северна Македонија е меѓу земјите во светот што нудат релативно едноставни и транспарентни услови за добивање државјанство, покажува најновиот извештај на „Интернешнал ливинг“, кој ги анализира програмите за стекнување државјанство во 2026 година.

Покрај традиционалните механизми како државјанство по потекло или таканаречените „златни визи“, сè поголемо внимание привлекуваат програмите за државјанство преку инвестиција. Иако во јавноста често се нарекуваат „купување пасош“, овие модели подразбираат исполнување на јасно дефинирани инвестициски критериуми, по што следува постапка за стекнување државјанство.

Во изминатите години, ваквите програми беа под засилен надзор. Кипар ја укина својата шема во 2020 година по низа скандали, додека Малта ја затвори програмата по правна постапка со Европската Унија. Брисел сигнализира дека може да преземе мерки против земји кои нудат државјанство со безвизен пристап до Шенген зоната без доволно строги проверки.

Оттука, актуелните програми во 2026 година се карактеризираат со значително построги процедури за проверка на потеклото на капиталот и безбедносниот профил на апликантите.

За инвеститорите, второто државјанство претставува инструмент за диверзификација на ризик и проширување на опциите во услови на зголемена глобална неизвесност. Во европски контекст, покрај Северна Македонија, како релевантна дестинација се издвојува и Турција.

Трендот укажува дека побарувачката за алтернативни правни и резиденцијални опции ќе остане висока, но во рамки на построги регулаторни стандарди и зголемена меѓународна контрола.

Продолжи со читање

Бизнис

НИШТО ОД ЗНАЧИТЕЛНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ – Минималната плата се зголемува за минимални 1.667 денари согласно законското усогласување

Објавено

на

Минималната плата ќе се зголеми за 1.667 денари во нето износ согласно законското усогласување што се прави во март. Тоа значи дека работниците во април ќе земат зголемена минимална плата за овој износ или поточно 26.046 денари во нето износ.

Според министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, направено е зголемување на минималната плата согласно законски утврдените критериуми во Законот за минимална плата.

„Ова е системско и законско решение кое предвидува зголемување на минималната плата согласно економските движења, штитејќи го животниот стандард на работниците и водејќи сметка за економијата на нашата држава“, изјави министерот Дурмиши на прес-конференција.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange