Connect with us
no baners

Банки

Крводарители од Комерцијална банка подготвија топли оброци за бездомни лица

Објавено

на

Хуманоста секогаш била силна страна на крводарителите од Комерцијална банка. Минатата работна недела 14-мина од нив ја завршија со уште еден хуман гест – подготвија 100 топли оброци за бездомни лица.

Оваа мисија е плод на соработката на програмата Ретвитни оброк и Здружението на крводарители од Комерцијална банка „Капка за живот“, кое донираше и свежи продукти и месо за подготовка на оброците. Останатиот дел од храната е дониран преку Црвениот крст „Центар“ по повод Денот на гладoт.

Водени од својата хуманост, крводарителите од Комерцијална банка се приклучија на оваа иницијатива за да покажат дека со заеднички напор и преку дружење може да се даде значаен придонес за подобрување на квалитетот на животот во општеството.

Банки

Словенечка НЛБ банка сака да ја преземе Адико банка, во игра и Рајфајзен банка

Објавено

на

НЛБ, најголемата банка од Словенија, објави меморандум за доброволна јавна понуда за преземање на австриската Адико Банк АГ, со што официјално започна процесот на една од позначајните банкарски аквизиции во регионот.

Според објавените информации, НЛБ банка нуди 29 евра во готовина по акција, а понудата се однесува на сите акции на Адико банка. Словенечката банка има цел да обезбеди најмалку 75 отсто од гласачките права, што би ѝ овозможило целосна контрола врз банката.

Доколку НЛБ успее да ги преземе сите 19,5 милиони акции на Адико банка по понудената цена, вредноста на трансакцијата би достигнала околу 565 милиони евра.

Периодот за прифаќање на понудата трае до 22 јули 2026 година, со можност за продолжување до крајот на октомври доколку бидат исполнети одредени услови.

НЛБ банка и претходно го најавуваше интересот за преземање на Адико банка, оценувајќи ја како стратешки важна аквизиција поради нејзиниот фокус на работење со население, како и со мали и средни претпријатија.

Потенцијалното преземање дополнително би ја зајакнало позицијата на НЛБ групацијата во Југоисточна Европа, каде што веќе има значително присуство преку мрежа на банки и финансиски институции.

Адико банка е создадена од поранешниот систем на Хипо Алпе-Адриа банка, а во последните години е насочена кон дигитално банкарство и кредитирање на граѓани и компании.

Објавувањето на меморандумот претставува формален чекор во процесот на преземање, кој сè уште треба да помине низ регулаторни процедури и да добие одобренија од надлежните институции.

Во меѓувреме, и Рајфајзен банка интернационал, најави намера да поднесе доброволна јавна понуда за преземање на сите издадени акции на Адико банка кои не се во сопственост на самата банка.

Продолжи со читање

Банки

Управниот одбор на Алта банка Битола со нов член

Објавено

на

Со именувањето на Стефан Николиќ за нов член на Управниот одбор, комплетиран е менаџерскиот тим на Алта банка, соопшти Банката преку објава на Македонска берза.

Николиќ е назначен со мандат од една година, врз основа на одлука донесена од Надзорниот одбор на 2 март 2026 година, а именувањето е потврдено и со согласност од Народната банка на Република Северна Македонија добиена на 8 мај годинава.

Од Банката посочуваат дека со новото назначување Управниот одбор е целосно екипиран, што треба да овозможи континуирано и ефикасно управување со работењето, согласно стратешките цели и регулаторните обврски.

Во актуелниот состав на Управниот одбор на Алта банка Битола се претседателката Александра Радевска, Зарије Коралија и Стефан Николиќ.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со промотивна понуда за штедење со камата до 3,30 проценти

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје нуди промотивна понуда за орочено штедење „Пролетен депозит“, со фиксна каматна стапка до 3,30 проценти и можност за избор на исплата на каматата – месечно или на крајот од периодот на орочување.

Според понудата, клиентите кои ќе штедат во денари ќе добијат каматна стапка од 3,30 проценти, додека за штедење во евра, американски долари и британски фунти е предвидена камата од 2,50 проценти.

Рокот на орочување изнесува 25 месеци, а промотивната понуда ќе важи до 31 мај 2026 година.

Од банката информираат дека повеќе детали за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange