Connect with us

Банки

Дел од западните банки веќе ја разгледуваат можноста за укинување на санкциите против Русија!?

Објавено

на

Според информациите на „Financial Times“, некои западни банки ја разгледуваат можноста за укинување на санкциите против Русија по изборната победа на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. Извори поврзани со финансискиот сектор велат дека трговците во овие банки се заинтересирани за тоа дали ќе може повторно да се користи рубљата за трговски трансакции, како и што тоа би значело за глобалните пазари.

„Сите само зборуваат за тоа како да тргуваат со Русија и дали ќе бидат укинати санкциите. Трговците во западните банки одеднаш се прашуваат дали сега е можно да се користи рубљата“, ги пренесува „Financial Times“ зборовите на неименуван менаџер на една од западните банки.

Доналд Трамп може да се залага за ублажување или укинување на санкциите против Русија, што би им дозволило на западните банки да се вратат на трговија со рубљата. Според изворите на весникот, западните банки веќе ја користат рубљата во некои офшор трансакции, што сугерира дека постои интерес за проширување на овие практики доколку се повлечат санкциите.

Претседателските избори во САД, кои се одржаа на 5 ноември, резултираа со победа на Трамп, кој ја освои довербата на 295 електорски гласови, додека неговата конкурентка Камала Харис од Демократската партија освои 226 електори. Ова го поставува Трамп на пат за потенцијални преговори и промени во американската политика кон Русија и глобалните економски прашања.

Оваа ситуација отвара бројни прашања за економската динамика и за тоа како би можеле да се променат финансиските и трговските релации во случај на промена во американската политика.

Банки

ХАЛКБАНК УШТЕ ЕДНАШ НА ДЕЛО ЈА ПОКАЖА СВОЈАТА ГОЛЕМИНА – донираше 50.000 евра како поддршка за погодените од трагедијата во Кочани

Објавено

на

Со длабоко сочувство и емпатија, Халкбанк АД Скопје стои во поддршка на сите погодени од трагедијата во Кочани. Во знак на солидарност, Банката донираше 50.000 евра на наменскиот фонд на Црвениот крст на Македонија, со цел да им помогне на семејствата на загинатите и повредените.

„Со голема тага ја примивме веста за оваа трагедија и изразуваме најискрено сочувство до семејствата настраданите. Нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме брзо закрепнување и сила за надминување на овие тешки моменти“, велат од Халкбанк.

Халкбанк АД Скопје и понатаму ќе остане посветена на поддршката на заедницата, особено во моменти кога е најпотребна.

Продолжи со читање

Банки

НАРОДНА БАНКА ГО ИЗДАДЕ РЕШЕНИЕТО – Хедвика Усеник го замени Блаж Бродњак како претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

„Ве известуваме дека на ден 17.03.2025 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност г-ѓа Хедвика Усеник да биде именувана за член на Надзорниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат  до 30.08.2025 година“, се вели во соопштението на НЛБ Банка, објавено на Македонска берза. 

Банкарство и претходно објави дека Хедвика Усеник ќе го менува Блаж Бродњак на претседателската функција во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје. Блаж Бродњак поднесе оставка од функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на ден 10.10.2024 година.

Со издавање на Решението од Народната банка, престанува мандатот на г-дин Блаж Бродњак, досегашен Претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Хедвика Усеник е магистер по бизнис и администрација која од мај 2022 година ја извршува функцијата член на Управниот одбор на НЛБ д.д во Љубљана. Таа е добро позната во нашиот банкарски сектор, бидејќи и во минатото беше член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка во периодот од 2018 до 2020 година.

Мандатот на г-ѓа Хедвика Усеник како член на Надзорниот одбор ќе трае до 30.08.2025 година.

Продолжи со читање

Банки

Информација за одложување на 54. сесија на Клубот на истражувачите

Објавено

на

Народната банка ја информира јавноста дека се одложува 54. сесија на Клубот на истражувачите којашто требаше да се одржи на 27 март 2025 година (четврток), со почеток во 14:00 часот, во просториите на Народната банка.

За дополнителни информации и за новиот термин на одржувањето на сесијата на Клубот, јавноста ќе биде дополнително известена.

Продолжи со читање

Популарно