Депозити
Комерцијална банка ќе изврши промена на тарифата на надоместоци за услугите што ги врши за валута швајцарски франци
Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите клиенти дека почнувајќи од 01.05.2023 година, банката ќе изврши промена на тарифата на надоместоци за услугите што ги врши за валута швајцарски франци (CHF), и тоа:
- Укинување на надоместокот за водење девизни платежни сметки во валута швајцарски франци (CHF);
- Укинување на провизијата при уплата на готовина во валута швајцарски франци (CHF);
- Намалување на провизиите за исплата на готовина во валута швајцарски франци (CHF) од 0,50% по поединечен налог (мин. 250 ден. – макс. 6.000 ден.) на 0,10% по поединечен налог (мин. 30 ден. – макс. 500 ден.).
За повеќе информации може да ја контактирате Комерцијална банка АД Скопје на адресата на електронската пошта: stedenje@kb.mk, или на телефонскиот број (02)3168-165.
Депозити
Заврши растот на каматите на депозитите – некои каматни стапки почнаа и да паѓаат?
Кратко траеше радоста на штедачите од зголемените каматни стапки на депозитите во домашните банки. Од 1 јануари веќе започна надолен тренд кај некои банки, кој се очекува да продолжи и во текот на новата година. Стабилизирањето на референтните каматни стапки на централните банки кон крајот на минатата година беше сигнал за македонските банки прво да го запрат растот на каматите на депозитите. Како и колку тоа ќе се рефлектира и на каматите на кредитите допрва ќе видиме.(повеќе…)
Депозити
„Растеме заедно“ – Детско штедење од Стопанска банка а.д. Битола со фиксна каматна стапка 4,1%
Стопанска банка а.д. Битола своето портфолио на производи го дополни со нов денарски депозит – детско штедење со промотивна фиксна каматна стапка од неверојатни 4,1%, со рок на орочување 36 месеци. Детското штедење е наменето за деца од нивното раѓање па се до 18 годишна возраст.(повеќе…)
Депозити
Одбележан Светскиот ден на штедењето, промовиран Букварот за финансиска едукација и доделување детско штедење на Идолите на Халки
Со целодневна едукативно-забавна работилница за деца, промоција и видеопроекции и многу музика, Халкбанк АД Скопје вчера во Градскиот парк во Скопје го одбележа 31 Октомври, Светскиот ден на штедењето. Со тоа беше заокружена кампањата „Среќата е во малите чекори“ и низата активности со кои банката го одбележа месец октомври.(повеќе…)
- Интервјуапред 2 месеци
Интервју | АНТОНИО АРГИР: Групацијата НЛБ прерасна во регионален пионер во областа на напредните дигитални плаќања
- Домашни банкипред 1 месец
Д-р Билал Суџубаши со силна порака до акционерите и клиентите: Халкбанк е сигурна и стабилна банка, доказ за тоа е профитот од 20,3 милиони евра за изминатата 2023 година!
- Банкипред 1 месец
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Бизниспред 4 недели
КИБС донираше компјутерска опрема за Педагошкиот факултет при УКИМ
- Домашни банкипред 2 месеци
Вработените на Комерцијална банка со нова и модерна службена облека потпишана од „Кокев“
- Домашни банкипред 1 месец
Шпаркасе Банка со двајца нови членови на Управниот одбор – Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ
- Банкипред 2 недели
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 месец
Д-р Маја Стевкова Штериева: 2023 година беше уште една многу успешна година за Комерцијална банка