Осигурување
АСО реши 48% повеќе претставки во корист на осигуреници, најчесто се жалат на штети покриени со Европски извештај
Вкупниот број на поднесени претставки од незадоволни осигуреници лани достигна 267 е зголемен за 30 отсто во споредба со 2021 година. Овој податок е јасен индикатор дека граѓаните се почесто ја препознаваат Агенцијата за супервизија на осигурување како заштитник на нивните права од осигурувањето, што е приоритет и трајна заложба на менаџментот на ова регулаторно тело. Најголемиот број претставки поднесени против една осигурителна компанија изнесува 43. Од нив АСО во корист на осигуреници решил 22 претставки. Заради тежината на еден сторен прекршок утврден преку поднесена претставка од осигуреник, менаџментот на АСО изрече парична казна за една осигурителна компанија.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) реши 62 претставки во корист на осигуреници кои минатата година се пожалиле на квалитетот на услугите што ги добиваат од осигурителните компании. Бројот на претставки решени во корист на осигурениците лани е за 48 отсто повисок од истиот во претходната 2021 година.
Најголем број од сите позитивно решените претставки, вкупно 21, се од областа на заштита на правата на осигурување покриени со Европски извештај за незгода. Овој тип на осигурително покритие се користи за надоместување на материјални штети со вредност до 500 евра при сообраќајни незгоди.
Заради масовноста на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност токму за ова осигурување лани се поднесени 94 поплаки од незадоволни осигуреници. Од нив 60 поплаки се за штети кои биле покриени со Европски извештај за незгода. На штети покриени со полициски записник од настаната сообраќајна незгода се пожалиле 24 осигуреници и тоа е речиси на половина од бројот на поплаки за полициски записник добиени во 2021 година. Од поднесените 24 претставки АСО решил 10 во корист на осигурениците.
Најголем раст на бројот на претставки лани има за штети покриени со осигурување имот. Поднесени се вкупно 57 поплаки што е за 1,7 пати повеќе во однос на 2021 година. Во значајна мерка растот на претставки се должи на штети кои ги предизвика земјотресот во Битола на почетокот на 2022 година.
Кај најбрзорастечката класа – дополнителното односно приватно здравствено осигурување, кое го имаат повеќе од 100.000 граѓани, лани биле поднесени само 21 претставка. Од нив во корист на осигуреници АСО решил 5 претставки.
Според причините заради која се поднесуваат, најбројни се претставките во кои осигуреници се жалат на основата по која осигурителните компании ги утврдувале надоместоците за штета. Лани се поднесени 111 вакви претставки што е за 40 отсто повеќе од претходната споредбена година. Од нив, во корист на осигурениците, АСО решил 31 претставка.
Најголем раст на поплаките според причината за поднесување има кај претставките за начинот на кој компаниите ги обработуваат штетите. За овој период се поднесени 43 такви претставки што е за 1,7 пати повеќе од 2021 година. Од тие 43 поднесени претставки АСО решил 15 во корист на осигуреници.
За две од 16 осигурителни компании лани не била поднесена ниту една претставка. И двете работат осигурување живот. Најголемиот број претставки поднесени против една осигурителна компанија изнесува 43. Од нив АСО во корист на осигуреници решил 22 претставки.
Од вкупно 267 поднесени претставки лани решени се 204. Во процес на решавање се 12, подносителите самоволно повлекле 23 претставки. АСО констатирал дека без основ за постапување се 28 поднесоци.
Од сите поднесени претставки граѓани поднеле 223 поплаки, а правни лица поднеле 44 претставки.
Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. АСО не разледува анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка. Претставката се поднесува на е-маил [email protected]
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.
Осигурување
Хрватската осигурителна компанија Кроација Осигурување меѓу европските компании со најголем раст на акциите во 2026 година
Акциите на Кроација Осигурување годинава бележат раст од 62 проценти, со што најголемата хрватска осигурителна компанија се најде меѓу европските фирми со најдобри берзански перформанси во 2026 година, покажува анализа на Euronews.
Компанијата, чија пазарна капитализација се проценува на околу една милијарда евра, е издвоена како лидер во финансискиот сектор, а интересот на инвеститорите се поврзува со влезот на Хрватска во еврозоната и Шенген зоната.
Најголем раст на европските берзи годинава има шведската компанија „Сиверс Семикондакторс“, чии акции скокнале за дури 947 проценти. Компанијата произведува фотонски и полупроводнички компоненти што се користат во дата-центри за вештачка интелигенција и 5Г мрежи.
Веднаш зад неа е францускиот „Сојтек“, со раст од 639 проценти, благодарение на производството на иновативни материјали за полупроводници.
Во енергетскиот сектор, меѓу најуспешните се британските компании („Церес Пауер“) и („ИТМ Пауер“), кои работат на технологии за водород и горивни ќелии. Акциите на Церес Пауер пораснале за 237 проценти, додека ИТМ Пауер бележи раст од 173 проценти.
Во здравствениот сектор се издвојува францускиот („Нанобиотикс“), чии акции пораснале за 89 проценти по напредокот во тестирањето нова терапија за лекување рак.
Раст од 64 проценти има и „Јутелсат“, поттикнат од зголемениот интерес на Европа за алтернативи на сателитскиот интернет Старлинк на Илон Маск.
Според анализата, корист од кризата на Блискиот Исток имал и луксембуршкиот бродски оператор „Д’Амико Интернешнл Шипинг“, чии акции пораснале за 84 проценти поради нарушувањата во глобалниот транспорт.
Кроација Осигурување работи и на повеќе пазари во регионот, меѓу кои Словенија, Србија и Северна Македонија.
Осигурување
BLACK FRIDAY во Кроација Осигурување: 70% попуст на годишно патничко осигурување
Кроација Осигурување започна BLACK FRIDAY акција за патничко осигурување, која ќе трае до 31 мај 2026 година.
Во рамки на акцијата, корисниците можат да добијат 70 отсто попуст на годишно патничко осигурување со откупени 120 дена.
Од компанијата информираат дека осигурувањето овозможува сигурност при патување, брза и едноставна онлајн регистрација, како и целосна заштита за различни патни ситуации и непредвидени настани.
„Не дозволувај непредвидени ситуации да ги нарушат твоите авантури. Искористи ја оваа специјална BLACK FRIDAY акција и патувај релаксирано“, порачуваат од компанијата.
Акцијата е достапна преку онлајн регистрација на официјалната веб-страница на компанијата.
Осигурување
Кроација Осигурување со „Safe City“ акција за каско осигурување
Компанијата Кроација Осигурување започна промотивна „Safe City“ акција насочена кон каско осигурувањето, со фокус на поттикнување одговорно возење и зголемена безбедност на патиштата.
Од компанијата порачуваат дека одговорното однесување зад волан значи помал стрес, поголема сигурност и дополнителни придобивки за возачите. Во рамки на понудата, преку пакетот „Blue Kasko“, клиентите добиваат заштита за своето возило, а оние што возат одговорно може да остварат и дополнителни поволности.
Акцијата има за цел да ги информира возачите за достапните можности и да им помогне да изберат решение што најдобро одговара на нивниот стил на возење.
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Останатопред 2 месециСобраниската Комисија го одобри предлогот за зголемување на пензиите за 1.000 денари



