Connect with us
no baners

Банки

Ангеловска-Бежоска на конференција од високо ниво на Банката на Холандија: Геополитички тензии и долгорочни макроекономски предизвици

Објавено

на

Тековните геополитичките случувања може да имаат долгорочни последици врз глобализацијата, а тоа неповолно да се одрази особено на помалку развиените економии.  Ова го истакна гувернерката  Ангеловска-Бежоска која ги водеше дискусиите на панелот “Геополитички тензии и долгорочни макроекономски предизвици“, на кој учествуваа поранешниот генерален секретар на НАТО, Јаап де Хоп Шефер и членот на Советот на Холандската централна банка, Фике Сиџбесма. Панелот каде гувернерката беше модератор е еден од двата панели на конференцијата на високо ниво „Макроекономски предизвици во свет со геополитички тензии, висока инфлација и нееднаквост“, во организација на централната банка на Холандија, на кој учествуваше и Кристална Георгиева, директорката на ММФ, гувернери и други високи претставници од централните банки на земјите членки на холандско-белгиската конституенца во рамки на ММФ, како и  вицегувернерката Емилија Нацевска.

Во својот вовед, гувернерката истакна дека во последниот Извештај за глобалните ризици на Светскиот економски форум, гео-економските судири се вброени во трите најзначајни глобални ризици, заедно со кризата поврзана со трошоците за живеење, како и климатските промени. Една од главните закани која доаѓа од геополитичките тензии е глобалната фрагментација со што би се изгубиле придобивките од долгорочниот процес на глобална економска интеграција.

Глобализацијата донесе многу придобивки. Преку растечката трговска, финансиска и технолошка интеграција, во последните четири децении зголемен e глобалниот доход, според некои проценки дури за дополнителни 10% од БДП во период од една деценија. Тоа особено се забележува кај помалку развиените економии, каде глобализацијата е движечка сила за доходовната конвергенција и извлекување од сиромаштијa на повеќе од милијарда луѓе, што се согледува од податокот за намалените нивоа на сиромаштија од 43,6% во 1981 година на помалку од 10% во 2019 година. Исто така, глобализацијата е еден од значајните фактори за постигнување забележителен пад на глобалната инфлација во периодот пред пандемијата“, рече Ангеловска-Бежоска.

Пандемијата, а оваа година и војната во Русија претставуваат значаен тест на глобализацијата. Трошоците од трговскатафрагментација, спротивниот процес од глобализацијата, се проценуваат на 0,2% до 7% од глобалниот БДП, а доколку трговската фрагментација е проследена и со фрагментација на технологиите  дури и до 12% од БДП. Ефектите од ова се поизразени кај економиите во развој, особено малите економии, кои се зависни од поголемите во поглед на трговија и технологија.

Овие движења на глобално ниво се релевантни за економиите од Централна, Источна и Југоисточна Европа каде слободното движење на стоки, финансии, технологии и знаење се движечката сила на економскиот раст и на конвергенцијата“, истакна гувернерката и посочи дека трговската интеграција на оваа група земји во последните две декади влијаела на раст на БДП за дополнителни 40 процентни поени, додека финансиската интеграција придонесла за дополнителни 30 п.п. во последната деценија.

Имајќи ја предвид моменталната состојба со веќе забавената конвергенција и потребата да се одговори на најновите предизвици како што се дигиталната и енергетска трансформација на економиите, на регионот му е потребна силна интеракција и интеграција со развиените европските економии, заклучи гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Банки

Словенечка НЛБ банка сака да ја преземе Адико банка, во игра и Рајфајзен банка

Објавено

на

НЛБ, најголемата банка од Словенија, објави меморандум за доброволна јавна понуда за преземање на австриската Адико Банк АГ, со што официјално започна процесот на една од позначајните банкарски аквизиции во регионот.

Според објавените информации, НЛБ банка нуди 29 евра во готовина по акција, а понудата се однесува на сите акции на Адико банка. Словенечката банка има цел да обезбеди најмалку 75 отсто од гласачките права, што би ѝ овозможило целосна контрола врз банката.

Доколку НЛБ успее да ги преземе сите 19,5 милиони акции на Адико банка по понудената цена, вредноста на трансакцијата би достигнала околу 565 милиони евра.

Периодот за прифаќање на понудата трае до 22 јули 2026 година, со можност за продолжување до крајот на октомври доколку бидат исполнети одредени услови.

НЛБ банка и претходно го најавуваше интересот за преземање на Адико банка, оценувајќи ја како стратешки важна аквизиција поради нејзиниот фокус на работење со население, како и со мали и средни претпријатија.

Потенцијалното преземање дополнително би ја зајакнало позицијата на НЛБ групацијата во Југоисточна Европа, каде што веќе има значително присуство преку мрежа на банки и финансиски институции.

Адико банка е создадена од поранешниот систем на Хипо Алпе-Адриа банка, а во последните години е насочена кон дигитално банкарство и кредитирање на граѓани и компании.

Објавувањето на меморандумот претставува формален чекор во процесот на преземање, кој сè уште треба да помине низ регулаторни процедури и да добие одобренија од надлежните институции.

Во меѓувреме, и Рајфајзен банка интернационал, најави намера да поднесе доброволна јавна понуда за преземање на сите издадени акции на Адико банка кои не се во сопственост на самата банка.

Продолжи со читање

Банки

Управниот одбор на Алта банка Битола со нов член

Објавено

на

Со именувањето на Стефан Николиќ за нов член на Управниот одбор, комплетиран е менаџерскиот тим на Алта банка, соопшти Банката преку објава на Македонска берза.

Николиќ е назначен со мандат од една година, врз основа на одлука донесена од Надзорниот одбор на 2 март 2026 година, а именувањето е потврдено и со согласност од Народната банка на Република Северна Македонија добиена на 8 мај годинава.

Од Банката посочуваат дека со новото назначување Управниот одбор е целосно екипиран, што треба да овозможи континуирано и ефикасно управување со работењето, согласно стратешките цели и регулаторните обврски.

Во актуелниот состав на Управниот одбор на Алта банка Битола се претседателката Александра Радевска, Зарије Коралија и Стефан Николиќ.

Продолжи со читање

Банки

Халкбанк со промотивна понуда за штедење со камата до 3,30 проценти

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје нуди промотивна понуда за орочено штедење „Пролетен депозит“, со фиксна каматна стапка до 3,30 проценти и можност за избор на исплата на каматата – месечно или на крајот од периодот на орочување.

Според понудата, клиентите кои ќе штедат во денари ќе добијат каматна стапка од 3,30 проценти, додека за штедење во евра, американски долари и британски фунти е предвидена камата од 2,50 проценти.

Рокот на орочување изнесува 25 месеци, а промотивната понуда ќе важи до 31 мај 2026 година.

Од банката информираат дека повеќе детали за условите и начинот на аплицирање се достапни на официјалната страница на Халкбанк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange