Анализи
АЕТМ: Во првите 9 месеци од 2022, со македонски картички кон македонски е-трговци се реализирале 17.3 милијарди денари, со раст од 20%
Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба на Народната банка на Република Северна Македонија во првите девет месеци од 2022 година вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство со домашни и странски картички, изнесува 25.3 милијарди денари (2.8 милијарди денари просечно месечно) што претставува пораст од 28.2% во однос на истиот период минатата година кога се остварила вредност од 19.7 милијарди денари (2.2 милијарди денари просечно месечно).
Гледано по месеци, во третиот квартал почнувајќи од јули кога има пораст од 22.6% речиси ист како порастот во јануари, во наредните месеци се намалува и во септември порастот на вкупните онлајн трансакции изнесува 9.4% во однос на истиот месец минатата година.

Физичките лица во првите три квартали од 2022 година оствариле раст во онлајн трансакциите од 24.8% спрема 36.9% остварени од правните лица, а со тоа се намалува учеството на физичките лица во вкупните онлајн трансакции на 69.6%.
Со домашни картички кон домашни е-трговци во првите 9 месеци од 2022 година остварени се 17.3 милијарди денари и остварен е раст од 20% во споредба со истиот период минатата година. Она што е забележително како резултат на враќање на животот во нормала е поголем раст на вредноста на направените трансакции кон странски е-трговци, како и од странски картички кон домашните е-трговци. Поголем пораст има кај купувањето во странство со домашни картички и во првите 9 месеци од 2022 година остварени се 7 милијарди денари што преставува раст од 52.3% во споредба со истиот период минатата година. Странците кон домашните трговци направиле онлајн трансакции во износ од милијарда денари односно остварен пораст во првите 9 месеци од 2022 година од 37.3% во однос на истиот период минатата година. Кон македонските е-трговци се слеале 18.3 милијарди денари остварени од домашни и странски картички во разгледуваниот период што значи пораст од скоро 21% во однос на истиот период минатата година.

Што се однесува до структурата, според резидентноста на е-трговецот и издавачот на платежните картички може да се забележи дека согласно остварениот раст на вредноста на платежните трансакции во странство, на 28% се зголемува и вредноста на платежни трансакции во странство со домашни картички од вкупната вредност остварена во првите 9 месеци од 2022 година спрема 23% во истиот период минатата година.

Вкупниот број на направени онлајн трансакции во првите три квартали од 2022 година изнесува 12.3 милиони трансакции, што преставува пораст од 16.4% во однос на бројот на направените трансакции во истиот период минатата година (10.5 милиони трансакции). Поголемиот пораст на вредноста на направените трансакции од бројот ја зголемува вредноста на просечната трансакција.
И во текот на првите 9 месеци од 2022 година се забележува пораст на новотворени интренет продажни места, па така во првите 9 месеци од 2022 година се отворени 169 нови интернет продажни места.
“По значајното зголемување на реализиралните онлајн трансакции предизвикани со COVID-19 пандемијата, позитивно е што трендот на раст продолжува и понатаму. Растот во вредноста на вкупните онлајн трансакции во првите 9 месеци од 2022 година изнесува 28.2% во споредба со истиот период минатата година. Очекувано е дека со враќање на животот во нормала и можноста за патување остварен е поголем пораст на онлајн трансакциите кон странство, како и од странци кон домашните е-трговци. Со тоа се менува односно намалува учеството на транскациите кон домашни е трговци од 77% на 72% во вкупните онлајн трансакции. Но, остварениот пораст на вредноста на онлајн трансакциите кон домашните е-трговци во првите 3 квартали од скоро 21% спрема истиот период лани, како и зголемувањето на понудата до септември оваа година со нови 169 интернет продажни места ни дава позитивни сигнали за домашната е-трговија како на страната на побарувачката така и на страната на понудата. Продолжуваме будно да го следиме прогресот и развојот на е-трговијата, како и да преземаме соодветни активности и иницијативи за унапредување на климата за македонската е-трговија.” – вели Претседателката на АЕТМ, д-р. Нина Ангеловска.
Анализи
Нафтата скокна над 109 долари, берзите во пад поради стравувањата околу Ормутскиот теснец
Американските и светските берзи денеска се соочуваат со пад, додека цените на нафтата нагло пораснаа поради новите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп поврзани со ситуацијата околу Ормутскиот теснец и конфликтот со Иран.
Цената на нафтата „брент“ порасна за повеќе од 3 проценти и надмина 109 долари за барел, откако Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека САД немаат потреба Ормутскиот теснец да остане отворен, иако глобалните енергетски резерви брзо се намалуваат. Подоцна, по разговорите со кинескиот лидер Си Џинпинг во Пекинг, Трамп изјави дека и двете страни сакаат конфликтот со Иран да заврши.
Поради растот на цените на нафтата, американските берзански фјучерси забележаа пад, при што технолошкиот индекс Насдак-100 се намали за повеќе од 1 процент. Меѓу најпогодените беа акциите на компаниите од секторот за чипови, кои претходните денови бележеа силен раст.
Во меѓувреме, приносот на 10-годишните американски државни обврзници се искачи над 4,5 проценти, што повторно ги засили стравувањата од инфлација поради повисоките цени на енергенсите.
Падови беа регистрирани и на азиските пазари. Јужнокорејскиот индекс Коспи загуби повеќе од 6 проценти, додека јапонскиот Никеи 225 исто така ослабе поради растот на производствените цени во април, предизвикан од поскапувањето на нафтата и нафтените деривати.
Инвеститорите внимателно ги следат и случувањата во Велика Британија, каде што расте притисокот врз британскиот премиер Кир Стармер. Приносите на британските државни обврзници пораснаа, а британската фунта ослабе во однос на доларот.
Анализи
Цената на златото под зголемен продажен притисок
Цената на златото забележа пад во текот на последното дневно тргување, потврдувајќи пробивање под помалата нагорна тренд-линија на краток рок, покажува најновата анализа на Economies.com.
Според аналитичарите, овој технички сигнал укажува на зголемен продажен притисок и слабеење на позитивниот моментум кој претходно го поддржуваше движењето на цената.
Падот доаѓа и по пробивањето под 50-периодниот едноставен подвижен просек, што дополнително го засилува негативниот притисок врз златото и ги зголемува шансите за натамошни загуби на краток рок.
Во меѓувреме, индикаторите за релативна сила продолжуваат да испраќаат негативни сигнали, и покрај тоа што пазарот веќе навлегува во зона на силна препродаденост.
Аналитичарите оценуваат дека тоа укажува на продолжена доминација на продавачите врз движењето на цената на златото.
Анализи
Ова се 50-те најголеми банки во САД според вкупната актива
Две американски банки забележаа двоцифрен раст на активата во четвртиот квартал од 2025 година, што доведе до значајни промени на листата на најголеми банки во Соединетите Американски Држави според вкупната актива.
Шпанската банкарска група „Банко Сантандер“ на 3 февруари објави дека постигнала договор вреден 12,23 милијарди долари за преземање на „Вебстер Фајненшл Корпорејшн“. Станува збор за трета најголема банкарска аквизиција во САД од 2010 година наваму и прво преземање на малопродажна банка во Америка од страна на „Сантандер“ по речиси 17 години.
Според анализата на „Ес енд Пи Глобал Маркет Интелиџенс“, активата на „Сантандер Холдингс УСА“ е зголемена за 84,07 милијарди долари за да се вклучи планираното преземање, што резултирало со квартален раст од 47,9 проценти. Со тоа, банката се искачила на 19. место меѓу најголемите американски банки според актива, од 30. место во претходниот квартал.
Финансиско-технолошката компанија „СоуФај Технолоџис“ исто така забележала силен раст. Нејзината вкупна актива пораснала за 11,8 проценти во четвртиот квартал, што претставува втор најголем раст меѓу 50-те најголеми американски банки и ѝ овозможило за првпат да влезе на листата.
Растот бил поттикнат од зголемување на кредитното портфолио за 3,1 милијарда долари, како и дополнителни околу 1,7 милијарди долари во готовина, готовински еквиваленти и инвестициски хартии од вредност, изјавил финансискиот директор на компанијата, Кристофер Лапоинт.
Според податоците на „Маркет Интелиџенс“, 50-те најголеми американски банки на 31 декември 2025 година имале вкупна актива од 25,580 билиони долари.
Во последниот квартал, овие банки пријавиле раст на активата од 186,20 милијарди долари, при што 38 институции забележале зголемување. За споредба, во четвртиот квартал од 2024 година, тогашните 50 најголеми банки забележале пад на активата од 436,75 милијарди долари.
Најголем дел од тој пад се однесувал на трите најголеми банки — „Џеј Пи Морган Чејс“, „Бенк оф Америка“ и „Ситигруп“.
Во четвртиот квартал од 2025 година, вкупната актива на четирите најголеми американски банки се намалила за 26,85 милијарди долари, односно за 0,2 проценти на квартално ниво.
„Џеј Пи Морган Чејс“, која останува најголема банка во САД со актива од 4,425 билиони долари, пријавила пад на активата од 135,31 милијарда долари или 3 проценти во споредба со претходниот квартал.
Од друга страна, „Велс Фарго“ забележала најголем раст меѓу четирите најголеми банки, со зголемување на активата од 85,70 милијарди долари, односно 4,2 проценти.
„Ситигруп“ остварила раст на активата од 14,73 милијарди долари или 0,6 проценти, додека „Бенк оф Америка“ ја зголемила активата за 8,02 милијарди долари, што претставува раст од 0,2 проценти.
Акциите на четирите најголеми банки паднале по објавувањето на резултатите за четвртиот квартал од 2025 година. Аналитичарите како главни причини ги наведуваат притисокот по повикот на американскиот претседател Доналд Трамп за ограничување на каматните стапки на кредитните картички, како и промените во позиционирањето на инвеститорите.
Аналитичарите на инвестициската компанија „Џефрис“ очекуваат продолжување на консолидацијата во банкарскиот сектор, поттикната од поволна регулаторна средина, банки кои сакаат да го зголемат обемот на работењето и растечки трошоци со кои се соочуваат помалите институции.
Според нив, доколку не дојде до значителни макроекономски промени, поволниот период за банкарски спојувања и преземања би можел да продолжи до конгресните избори во 2026 година, а да заврши по претседателските избори во 2028 година.
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Останатопред 2 месециСобраниската Комисија го одобри предлогот за зголемување на пензиите за 1.000 денари



