Банки
ЈАВЕН ПОВИК ДО ОСНОВНИТЕ И ДО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА „ЕВРОПСКИ КВИЗ НА ПАРИ 2023“
МАКЕДОНСКА БАНКАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА
во соработка со
Народна банка на Република Северна Македонија и
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија
објавува
ЈАВЕН ПОВИК
до основните и средните училишта во Република Северна Македонија
Ги повикуваме основните и средните училишта во Република Северна Македонија за учество во меѓународниот натпревар – Европски квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на учениците од 13 до 15 години.
Европскиот квиз на парите се одвива во две фази:
– првата фаза се националните натпревари во секоја земја, и
– втората фаза е европското финале во кое учествуваат победниците на националните натпревари.
Во Република Северна Македонија националниот натпревар ќе се одржи за време на Глобалната недела на парите (од 20 до 26 март 2023 година) на македонски и на албански јазик, во два круга:
– прв круг: онлајн натпревар за селекција на најдобрите 3 тима;
– втор круг: најдобрите 3 тима со физичко присуство се натпреваруваат за титулата национален шампион.
Тимот од најдобрите двајца ученици ќе ја претставува нашата земја на европското финале коешто ќе се одржи на 16 мај 2023 година во Брисел, Кралството Белгија. Секој тим се натпреварува на својот мајчин јазик.Европската банкарска федерација ќе им додели парична награда на училиштата коишто ќе освојат прво, второ и трето место.
Натпреварите ќе се одвиваат преку посебна електронска апликација за оваа намена Кахут (Kahoot!), којашто е едукативна платформа на база на игра.
Се повикуваат сите заинтересирани основни и средни училишта да пријават одделенија/класови за учество на националниот натпревар во Република Северна Македонија, најдоцна до 17 февруари 2023 година, на веб страната на Македонската банкарска асоцијација на следниов линк, или на електронската адреса: [email protected].
Притоа, треба да се има предвид следново:
- Учениците се натпреваруваат во тимови по двајца;
- Секое основно или средно училиште може да пријави повеќе одделенија/класови и секој клас може да пријави повеќе тимови;
- Учениците треба да бидат на возраст од 13 до 15 години, со датум на раѓање најдоцна до 15.5.2007 година;
- Заедно со податоците за одделенијата/класовите, треба да се достават податоци за наставниците/професорите под чие менторство ќе се одвива подготовката.
Едукативните материјали потребни на учесниците од Република Северна Македонија за подготовка за националниот натпревар и европското финале и повеќе информации за Европскиот квиз на парите се достапни на следниве веб-страници: mba.mk и efb.eu.
Поддржано од:
Министерство за образование и наука на РСМ
Министерство за финансии на РСМ
Банки
НЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
Исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година е реализирана, информираат од НЛБ Банка.
Корисниците на оваа помош средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време, без ограничување на работното време на банките.
Воедно, клиентите се потсетуваат дека средствата можат да ги користат и безготовински, односно за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, што овозможува побрзо и поедноставно користење на средствата.
Банки
Комерцијална банка: Потпишувањето налози преку Интернет банка сега со само еден чекор
Комерцијална банка АД Скопје информира дека со користење на услугата Интернет банка потпишувањето налози може да се извршува на многу поедноставен начин. Банката посочува дека новата функционалност овозможува едноставна политика за потпишување денарски налози, при што плаќањето се реализира со само еден чекор.
Со ова решение, корисниците добиваат помалку административни процедури и поголема ефикасност во секојдневното работење, што значително го олеснува управувањето со финансиските трансакции.
Од Комерцијална банка објаснуваат дека преку Интернет банка клиентите можат побрзо и поедноставно да ги извршуваат своите плаќања, а дополнителни информации за начинот на користење се достапни во видео туторијалот објавен на официјалниот линк на банката.
Банки
Стопанска банка нуди брзи и сигурни трансакции со картичките и лесно следење на трошоците преку телефон
Со картичките на Стопанска банка клиентите добиваат брзи и сигурни трансакции, како и практична контрола врз своите финансии. Банката им овозможува на корисниците преку современи дигитални услуги лесно да ги следат своите трошоци директно од мобилниот телефон.
Со ова решение, клиентите можат во секое време да имаат увид во направените плаќања, состојбата на сметката и тековните трансакции, што овозможува подобро управување со личниот буџет. Дигиталните алатки на Стопанска банка се наменети да обезбедат поголема удобност, безбедност и контрола во секојдневното користење на банкарските услуги.
-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециПредности и поволности на новата Халки картичка за деца
-
Продуктипред 2 месециШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Продуктипред 1 месецКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Бизниспред 1 месецУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Банкипред 1 месецДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 1 месецАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 1 месецОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол



