Анализи
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
Податоците од направената анализа на Банкарство.мк покажуваат дека во 2022 година водечките три домашни банки (Стопанска банка АД – Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и НЛБ Банка Скопје) оствариле добивка од 7.199 милиони денари или 117 милиони евра.
Споредбено со добивката на овие банки за истиот период во 2021 година, може да се забележи дека банките вогладно го имаат задржано нивото на добивка од изминатата година, но во исклучително тешка и кризна година.
Највисока добивка оствари Стопанска банка АД – Скопје, која во 2022 година прокнижи нето добивка од 2.617 милиони денари или 42,5 милиони евра.
Потоа следи НЛБ Банка Скопје, со позитивен финансиски резултат од 2.433 милиони денари или 39,5 милиони евра.
Редоследно, иако третопласирана Комерцијална банка има значајна добивка. Нето добивката на Банката заклучно со 31.12.2022 година изнесува 2.149 милиони денари, односно 35 милиони евра.
Моќна година за Комерцијална банка: Раст на кредитирањето и добивка од 35 милиони евра!
Од спроведената анализа можеме да заклучиме дека банкарите ја имаат тајната на успехот, со оглед на фактот дека во година која е кризна по многу карактеристики, тие успеваат да ги подобрат финансиските резултати.
Анализи
Започна гласањето за најдобрите во македонската е-трговија за 2023 година
Започна гласањето за изборот на најдобрите е-трговци за 2023 година „E-commerce Awards 2023“, кој традиционално се одржува по трети пат во организација на Асоцијација за е-трговија на Македонија – АЕТМ, каде што ќе се одбираат најдобрите домашни е-трговци за 2023 година, кои се натпреваруваат во 24 категории поделени во три секции: најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање, најдобри е-продавници по сектори и шампиони во е-трговија.(повеќе…)
Анализи
Најголеми добитници се должниците, најголеми губитници државниот буџет, банките, финансиските друштва и другите позајмувачи – тоа е цената на простените долгови
Должниците повторно, по кој знае кој пат во оваа држава, ќе бидат најголемите добитници од законските измени за застареност на долговите после 10 години, а најголеми губитници ќе бидат државниот буџет, индивидуалните доверители што позајмиле пари и финансиските друштва, коментираат правници и познавачи на финансиските состојби во земјава. Според нив, долговите кон банките најверојатно ќе излезат како најголем апсолутен износ, но тоа нема да има големо влијание врз банките затоа што тие веќе ги имаат резервирано овие побарувања и затоа сега нема да бидат оштетени нивните биланси.(повеќе…)
Анализи
Граѓаните земале 25,5 милиони евра кредити од банките за еден месец, компаниите во ноември „апстинирале“ од кредити
Банките во земјава во ноември лани одобриле вкупни кредити во износ од околу 1,3 милијарди денари (20,8 милиони евра), при што најголем дел завршиле кај домаќинствата, односно компаниите останале без поголема кредитна поддршка. Дури има и намалување на вкупната изложеност на банките кај корпоративниот сектор за 252 милиони денари (околу 4 милиони евра) поради намалениот обем на кредити во странска валута.(повеќе…)
- Интервјуапред 2 месеци
Интервју | АНТОНИО АРГИР: Групацијата НЛБ прерасна во регионален пионер во областа на напредните дигитални плаќања
- Домашни банкипред 1 месец
Д-р Билал Суџубаши со силна порака до акционерите и клиентите: Халкбанк е сигурна и стабилна банка, доказ за тоа е профитот од 20,3 милиони евра за изминатата 2023 година!
- Банкипред 1 месец
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Бизниспред 3 недели
КИБС донираше компјутерска опрема за Педагошкиот факултет при УКИМ
- Домашни банкипред 2 месеци
Вработените на Комерцијална банка со нова и модерна службена облека потпишана од „Кокев“
- Домашни банкипред 4 недели
Шпаркасе Банка со двајца нови членови на Управниот одбор – Златица Цивкароски и Александар Џорџевиќ
- Банкипред 2 недели
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 месец
Д-р Маја Стевкова Штериева: 2023 година беше уште една многу успешна година за Комерцијална банка