Банки
Одржана седница на Советот на Народната банка – усвоен Кварталниот извештај со ревидираните макроекономски проекции
Советот на Народната банка, на седницата одржана на 7 мај 2026 година, ги разгледа и ги усвои најновите макроекономски проекции, содржани во Кварталниот извештај на Народната банка.
Во Извештајот е заклучено дека светската економија и понатаму се соочува со значителни ризици. По растот од 3,4% во 2025 година, се очекува умерено забавување на светскиот раст, којшто би се свел на 3,1% во 2026 година, додека светската инфлација е нагорно ревидирана. Главниот извор на неизвесност и натаму се геополитичките конфликти, особено ескалирањето на состојбата на Блискиот Исток, што значително влијае врз цените на примарните производи и трговските текови.Засега, според основните сценарија на меѓународните институции се претпоставува брзо завршување на конфликтот, односно не се очекува дестабилизирање на инфлациските очекувања, ниту поголемо затегнување на светските финансиски услови.
Во однос на домашната економија, најновите макроекономски проекции исто така се потпираат на умерено сценарио, според кое се очекува поскоро завршување на конфликтот, нормализирање на снабдувањето со нафта и постепено намалување на цените во втората половина од годината. Според овие проекции, се очекува дека инфлацијата ќе изнесува околу 4% во 2026 година, при што стабилизирањето ќе биде побавно во услови на повисоки цени на енергентите и храната. Во наредниот период се очекува постепено намалување на инфлацијата на околу 3% во 2027 година и нејзино враќање кон историскиот просек од 2% на среден рок, под влијание на закотвените инфлациски очекувања и ограничените притисоци од домашната побарувачка.

Во вакви услови, проекциите за домашната економија упатуваат на умерено, но стабилно економско закрепнување. Се очекува раст на БДП од 3,5% во 2026 година и негово забрзување достигнувајќи 3,8% во 2027 година. Притоа, главен двигател и натаму ќе бидат инвестициите, особено јавните инфраструктурни проекти, како и постепеното закрепнување на надворешната побарувачка.
Надворешната позиција на економијата се оценува како понеповолна на краток рок. Се очекува дека дефицитот на тековната сметка ќе изнесува околу 5,7% од БДП во 2026 година, под влијание на повисокиот увоз на енергенти и инвестициските активности. На среден рок се очекува негово постепено намалување, при стабилни финансиски приливи, коишто ќе обезбедат финансирање на дефицитот и натамошен раст на девизните резерви.
Банкарскиот систем и натаму обезбедува солидна поддршка за економијата. Во првиот квартал од 2026 година, кредитната активност бележи годишен раст од 13,1%, при очекувања за умерено забавување до крајот на годината. Депозитната база и натаму расте солидно, што укажува на стабилна доверба и поволни услови за штедење. На среден рок, 2027 ‒ 2028 година, се очекува просечен раст на кредитите од околу 7,4%, при раст на депозитната база и во услови на стабилен и солиден банкарски систем.
Народната банка ја задржува внимателната поставеност на монетарната политика, во услови на зголемена светска неизвесност и променливо надворешно окружување. Ризиците и натаму се претежно надолни и се поврзани со геополитичките случувања и движењата на цените на примарните производи. Народната банка и во иднина ќе биде подготвена да ги користи сите расположливи инструменти и доколку е потребно, ќе преземе соодветни мерки за одржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност на среден рок.
Банки
АЛТА банка Белград повторно го зголеми уделот во АЛТА банка Битола – сега контролира над 95,18% од акциите
Акционерот АЛТА банка АД Белград го зголеми својот сопственички удел во АЛТА банка АД Битола, откако се стекна со дополнителни 11 обични акции на банката.
Според известувањето објавено преку Македонската берза, по оваа трансакција АЛТА банка АД Белград поседува вкупно 372.134 обични акции, што претставува 95,1805% од вкупниот број издадени обични акции на АЛТА банка АД Битола.
Објавата е направена согласно Правилата за котација на Македонската берза, кои предвидуваат навремено информирање за промени во сопственичката структура на акционери со значителен удел.
Со најновото зголемување на сопственоста, АЛТА банка АД Белград дополнително ја зацврстува својата позиција како доминантен акционер во АЛТА банка АД Битола.
Банки
Премиум дебитната картичка на Стопанска банка овозможува пристап до над 1.800 аеродромски деловни зони
Корисниците на премиум дебитната картичка на Стопанска банка АД – Скопје можат бесплатно да користат повеќе од 1.800 деловни зони на аеродроми низ светот.
Картичката нуди и поврат на средства при купување кај избрани луксузни брендови преку програмата Mastercard Travel Rewards, како и плаќање без провизија во трговската мрежа.

Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на интернет-страницата на Стопанска банка.
Банки
Народна банка со совет до граѓаните: Пред патување проверете ги провизиите за подигнување готовина
Народната банка на Република Северна Македонија ги советува граѓаните кои планираат да подигнуваат готовина во странство, пред патувањето да ги проверат условите и провизиите на својата банка.
Како што се наведува во соопштението, трошоците за подигнување пари од банкомат на странска банка зависат од договорите меѓу банките, а во одредени случаи услугата може и да не биде достапна.
Од Народната банка посочуваат дека особено внимание треба да се обрне при користење кредитна картичка, бидејќи провизијата за подигнување готовина може да биде повисока.

Граѓаните се повикуваат навреме да ги проверат сите услови и да го изберат најповолниот начин за користење на своите средства во странство, со цел да избегнат непотребни дополнителни трошоци.
-
Интервјуапред 2 месециФиломена Пљакоска Аспровска во FinSight: Дали мобилниот телефон ќе стане нашиот единствен паричник?
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата: Бензините поевтинија, дизелот поскапе
-
Интервјуапред 2 месециДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Продуктипред 4 неделиИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециХалкбанк отвори повик за летна пракса за студенти и млади
-
Криптовалутипред 2 месециБиткоинот се врати кон 64.000 долари, ликвидирани над 320 милиони долари во кратки позиции за само 15 минути
-
Бизниспред 2 месециФинансиските друштва пред нови правила: Кредитите ќе се исплаќаат само на трансакциска сметка
-
Банкипред 2 месециХалкбанк носи пристап до Истанбулската берза и до нови можности за раст на капиталот

