Банки
МОЌЕН ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – раст на добивката и актива од речиси 200 милијарди денари
Комерцијална банка АД Скопје во периодот од 1 јануари до 31 март 2026 година оствари позитивен финансиски резултат од 1,46 милијарди денари, што претставува раст од 2,8% во однос на истиот период минатата година, кога добивката изнесуваше 1,42 милијарди денари. Воедно, планираната бруто-добивка за првиот квартал е реализирана со 115,4%.
Резултатите се остварени во услови на зголемена неизвесност во глобалното економско окружување, поврзана со геополитичките тензии на Блискиот Исток и растот на цените на енергенсите, што создава дополнителни ризици за инфлацијата и економските изгледи.
Приходи и оперативно работење
Вкупните приходи од работењето достигнаа 2,15 милијарди денари, што претставува раст од 6,4% на годишно ниво. Добивката пред исправка на вредност, како индикатор за оперативната ефикасност на Банката, е зголемена за 7,5% во однос на истиот период минатата година.
Нето-приходите од камати, кои претставуваат клучна компонента на приходите, бележат раст од 2,1%, при што зголемување е забележано кај приходите од државниот сектор поради поголемите вложувања во државни хартии од вредност, како и кај кредитирањето на домаќинствата и компаниите. Во исто време, расходите по основ на камата се зголемени за 10,8%, главно поради растот на орочените депозити. Нето каматната маржа е намалена од 3,65% на 3,45%.
Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 384,8 милиони денари, што претставува раст од 14,9%, како резултат на зголемениот обем на активности со клиентите. Приходите од курсни разлики достигнаа 97,5 милиони денари, што е намалување од 13,9% на годишно ниво.
Останатите приходи од работењето изнесуваат 158,9 милиони денари, со значително зголемување од 82,1%, главно поради капитални добивки од продажба на преземен имот по основ на ненаплатени побарувања.
Оперативните расходи достигнаа 573,1 милион денари, што претставува умерено зголемување од 3,6%, главно поради повисоки трошоци за вработени и амортизација.
Во првиот квартал од 2026 година, Банката издвои 125,9 милиони денари за исправка на вредност на финансиските средства, што е значително повеќе во однос на истиот период минатата година, како резултат на промена на ризичната категорија кај одредени корпоративни клиенти.
Биланс на состојба
Вкупната актива на Банката на 31 март 2026 година достигна 197,4 милијарди денари, што претставува зголемување од 2,5% во однос на крајот на 2025 година.
Паричните средства и паричните еквиваленти се зголемени за 8,2%, додека вложувањата во хартии од вредност бележат раст од 6,1%, главно поради поголеми вложувања во државни обврзници.
Кредитите кон клиенти се зголемени за 0,5%, пред сè поради растот на кредитирањето на домаќинствата.
Вкупните депозити достигнаа 167,6 милијарди денари, што претставува раст од 1,7% во однос на крајот на минатата година, главно како резултат на повисоките депозити на нефинансиските компании и нерезидентите.
Обврските по кредити изнесуваат 3,44 милијарди денари, со благо зголемување од 1,1%, при што во текот на периодот се повлечени средства од кредитни линии наменети за поддршка на компаниите и за зелени инвестиции.
Капитал и дивиденда
Акционерскиот капитал и резервите на Банката изнесуваат 21,48 милијарди денари. Согласно одлуката на Собранието на акционери, дел од добивката од 2025 година е распределен во резервен фонд и задржана добивка за инвестициски вложувања, додека 3,08 милијарди денари ќе бидат исплатени како дивиденда на акционерите во мај 2026 година.
Банки
Банкарска мега зделка на повидок: UniCredit чекор поблиску до Commerzbank
Германскиот банкарски гигант „Commerzbank“ за првпат јавно изрази подготвеност да започне преговори со италијанската „UniCredit“ за евентуално преземање, што претставува значаен пресврт по повеќемесечното противење на ваквата трансакција.
Претседателот на Надзорниот одбор на „Commerzbank“, Јенс Вајдман, изјави дека по промените во сопственичката структура се создадени услови за конструктивен дијалог, со цел да се дефинираат услови кои ќе ги заштитат интересите на вработените, клиентите и акционерите. Тој призна дека банката посакувала поинаков развој на настаните, но дека актуелниот однос на силите меѓу акционерите наметнува нов пристап.
Промената во ставот доаѓа откако „UniCredit“ го зголеми својот удел на речиси 48% од капиталот и близу 50% од гласачките права во „Commerzbank“, со што стана убедливо најголем поединечен акционер. Финализирањето на трансакцијата сè уште зависи од регулаторните одобренија, кои се очекуваат до крајот на годината.
Можната аквизиција предизвикува силен интерес во германската јавност и политичкиот врв. Иако германската влада претходно се спротивставуваше на преземањето, канцеларот Фридрих Мерц неодамна порача дека државата нема да ја блокира трансакцијата, иако остануваат одредени резерви околу начинот на кој „UniCredit““ го зголеми својот сопственички удел.
Според аналитичарите, евентуалното спојување на „UniCredit“ и „Commerzbank“ би претставувало една од најзначајните прекугранични банкарски трансакции во Европа и би можело суштински да го промени балансот на силите во европскиот банкарски сектор.
Банки
АЛТА банка АД Белград купи нови акции и го зацврсти контролниот пакет во АЛТА банка АД Битола
Акционерот АЛТА банка АД Белград го зголеми својот сопственички удел во АЛТА банка АД Битола, откако се стекна со дополнителни девет обични акции на банката.
Според известувањето објавено преку Македонската берза, по оваа трансакција АЛТА банка АД Белград поседува вкупно 372.123 обични акции, што претставува 95,1777% од вкупниот број издадени обични акции на АЛТА банка АД Битола.
Објавата е направена согласно Правилата за котација на Македонската берза, кои предвидуваат навремено информирање за промени во сопственичката структура на акционери со значителен удел.
Со најновото зголемување на сопственоста, АЛТА банка АД Белград дополнително ја зацврстува својата позиција како доминантен акционер во АЛТА банка АД Битола.
Банки
Тони Стојановски останува на чело на НЛБ Банка: Народната банка даде зелено светло за нов четиригодишен мандат
Народната банка на Република Северна Македонија издаде Решение со кое е издава претходна согласност г-дин Тони Стојановски повторно да биде именуван за претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.
Согласно решението издадено на 27 јули 2026 година, Стојановски ќе добие нов четиригодишен мандат, кој започнува на 4 септември 2026 година. Тони Стојановски ја презема функцијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје од 3 септември 2024 година.
Со оваа одлука се обезбедува континуитет во раководењето со една од најголемите банки во земјата. Стојановски и во претстојниот период ќе продолжи да ја предводи НЛБ Банка во реализацијата на нејзините стратешки цели, дигиталната трансформација, унапредувањето на банкарските услуги и зајакнувањето на пазарната позиција.
НЛБ Банка е дел од НЛБ Групацијата, една од водечките банкарски групации во Југоисточна Европа, со значајно присуство на регионалните пазари и фокус на иновации, одржлив раст и поддршка на клиентите и бизнис-заедницата.
Повторното именување на Стојановски претставува потврда на довербата во неговото досегашно раководење и визијата за понатамошен развој на Банката во услови на динамични промени во банкарскиот сектор.
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Нина Ангеловска Станков: Во политиката аргументот не е крај на разговорот – туку негов почеток
-
Интервјуапред 2 месеци„Ништо случајно“: Нина Ангеловска за бизнисот, животните лекции и патот кој ја обликувал нејзината кариера
-
Интервјуапред 2 месециФиломена Пљакоска Аспровска во FinSight: Дали мобилниот телефон ќе стане нашиот единствен паричник?
-
Банкипред 2 месециНа музиката ѝ е место и меѓу банкарските шалтери – Young Dadi со ексклузивен popup настап за клиентите на Халкбанк
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата: Бензините поевтинија, дизелот поскапе
-
Интервјуапред 1 месецДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Берзапред 2 месециРКЕ донесе одлука: Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар, најголем пад на цената во последните месеци
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Банка вработува банкарски советник во Штип, рокот за пријавување е 10 јуни



