Кариера
Народна банка бара аналитичари: плата до 83 илјади денари и двегодишен договор
Народната банка објави оглас за вработување на аналитичари, нудејќи плата која за една од позициите надминува 80 илјади денари месечно. Станува збор за ангажман на две работни места на определено време од две години, со можност за продолжување на договорот.
Огласот опфаќа позиции за „самостоен советник аналитичар“ и „помлад аналитичар почетен II степен“. Повисоко платеното работно место е во Отсекот за планирање и контрола во рамки на Дирекцијата за финансии, сметководство и контрола, каде основната нето-плата изнесува 83.306 денари. За време на пробниот период, кој трае еден месец, платата е пониска.
За оваа позиција се бара високо образование од областа на економските науки со најмалку 240 ЕКТС кредити, како и минимум четири години работно искуство. Кандидатите треба да поседуваат знаења од управувачко сметководство, финансиско планирање, МСФИ, напредно користење на Excel и добро познавање на англиски јазик.
Втората позиција, помлад аналитичар во секторот за платни системи, носи основна нето-плата од 49.826 денари, со намален износ во пробниот период. За ова работно место се бара високо образование од повеќе области, меѓу кои економски, правни, информатички и технички науки, како и најмалку една година работно искуство.
Кандидатите ќе поминат тестирање во процесот на селекција, при што ќе се оценуваат нивните знаења од соодветните области, вклучително и познавање на платните системи, англискиот јазик и работа со компјутери.
Работното време е флексибилно, со почеток меѓу 8 и 9 часот и завршување меѓу 16 и 17 часот. Договорите ќе бидат склучени на определено време со пробна работа, а изборот на кандидатите ќе се изврши во рок од 45 дена по завршување на огласот.
Пријавувањето трае седум работни дена од објавувањето, а кандидатите треба да достават комплетна документација, вклучувајќи биографија, дипломи и релевантни потврди. Ненавремените и некомплетните апликации нема да бидат разгледувани.
Кариера
Комерцијална банка вработува Помлад соработник – Cashier во Скопје
Доколку сакате да ги остварите Вашите желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје.
Работна позиција: Помлад соработник – Cashier во Скопје
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.
Работно време: 40 часа неделно.
Огласот важи до: 14.05.2026 година
Работни цели и задачи:
- Извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет;
- Понуда на депозитни производи;
- Промоција и продажба на банкарски производи;
- Брз трансфер на пари;
- Менувачко работење;
- Учество во промотивни кампањи.
Потребни квалификации и способности:
- Завршено високо образование од областа на економските науки;
- Познавање англиски јазик и MS Office алатки;
- Со или без работно искуство;
- Висок личен интегритет, доверливост и чесност;
- Прецизност во извршување на работните задачи;
- Ориентираност кон потребите на клиентите;
- Адаптибилност во динамична работна средина;
- Комуникациски вештини за работа во тим.
Придобивки за Вас:
- Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови;
- Обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство;
- Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции;
- Доброволно приватно здравствено осигурување;
- Програма за спорт и рекреација;
- Учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Вие би биле одличен дел од тимот ако ги поседувате потребните вештини, се препознавате во овие вредности и имате силна мотивација за успех.
Аплицирајте на: веб страницата на Банката на следниот линк или преку e-mail: [email protected], со назнака: „Помлад соработник – Cashier во Скопје”.
Телефон за контакт: (02) 3168-412
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на Вашата апликација за работа согласни сте Вашите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, Вашите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.
Кариера
Оглас за вработување во АЛТА банка АД Битола
АЛТА банка АД Битола објавува оглас за вработување на позицијата:
Самостоен стручен соработник за управување и контрола на благајни
Дирекција за контрола и поддршка
Банката бара кандидат со искуство во благајничко и банкарско работење, аналитички пристап и подготвеност за координација со експозитурите и работа на терен.
Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:
- Економски факултет,
- Најмалку 4 години работно искуство во банкарство
- Одлично познавање на целокупното банкарско работење со готовина (девизи и
денари), - Задолжително познавање на официјалниот јазик на РМ,
- Одлично познавање на англиски јазик,
- Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office).
Лични карактеристики и вештини потребни за работното место:
- Аналитичка способност,
- Креативност,
- Способност за планирање и одлучување,
- Активно познавање на работа со компјутер,
- Возачка дозвола Б категорија.

Дел од работните задачи и одговорности на работното место:
- Одгворен за редовни посети на експозитурите според годишен план
- Одговорен за вонредни посети на експозитурите по основ на посебни случувања,
- Одговорен за доставување извештај за посета на експозитурите со конкретни
- видувања, заклучоци и предлози до Раководителот на Дирекцијата
- Учествува во координација на организационите единици на Банката со
- експозитурите во ситуации на потребна помош во делот на работењето и насатанати
- проблеми,
- Учествува во организирање на обуки, работни состаноци или советувања,
- Врши контрола на сите активности поврзани со благајничкото работење.
Потребата за ангажирање на еден извршител на ова работно место се однесува за работно место со договор на определено време од 6 месеци со полно работно време и
плата по договор во зависност од компетенциите, стручноста и квалитетот на кандидатот.
Заинтересираните кандидати да испратат мотивациско писмо и кратка биографија (CV)
на македонски јазик на следнaта адреса: [email protected], со назнака во Subject
„Самостоен стручен соработник за управување и контрола на благајни“ .
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на селекција ќе бидат повикани на
интервју. Огласот трае се до пополнување на работната позиција.
Кариера
НЛБ Банка вработува банкарски советник во Валандово – рокот за аплицирање до 8 мај
НЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник во експозитурата во Валандово, со краен рок за пријавување до 8 мај 2026 година.
Позицијата опфаќа извршување на благајнички и менувачки работи, активности поврзани со платен промет и банкоматско работење, како и активно промовирање и продажба на банкарски производи и услуги. Од кандидатите се очекува и континуирана грижа за клиентите, унапредување на продажните процеси, како и проактивно привлекување нови клиенти.
Во однос на квалификациите, се бара универзитетско образование или статус на студент на додипломски или постдипломски студии, при што предност имаат кандидатите со економска насока. Дополнителна предност е претходно искуство со работа со готовина, како и развиени комуникациски и продажни вештини. Потребни се и основни познавања од ИТ алатки и англиски јазик.
Банката нуди современо работно опкружување, можности за професионален развој и обука, како и менторство од искусни банкарски експерти. Во пакетот се вклучени конкурентна плата и надоместоци, приватно здравствено осигурување и трет пензиски столб, како и дополнителни бенефиции како слободни денови за посебни пригоди, платено татковско отсуство и активности за благосостојба на вработените.
Од Банката информираат дека само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 1 месецИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАЛТА Банка го продолжи промотивниот период до 30 јуни 2026 година за најповолниот потрошувачки кредит на македонскиот пазар
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Банка објави оглас за вработување на банкарски советник



