Останато
[Конференција INFINTECH 2025] Сониа Виеира: Нова визија за банкарството во дигиталната ера
Сониа Виеира, регионален директор за Европа во Engine by Starling, на конференцијата „Reinventing Banking for the Digital Age“ зборуваше за тоа како Starling Bank – лидер на дигиталната трансформација во британското банкарство – успеа да ја претвори технологијата во конкурентска предност и подобро клиентско искуство.
Од класично до дигитално банкарство
Сè започнува со Ен Боден, поранешна банкарка со повеќе од 30 години искуство, која одлучи да ја напушти корпоративната кариера и да создаде банка која служи на луѓето, а не на бирократијата. Така се роди Starling Bank, првата целосно дигитална банка во Велика Британија која успеа да комбинира лојалност на клиентите и профитабилност.
Со над 4 милиони клиенти и оперативни трошоци трипати пониски од традиционалните банки, Виеира потенцира дека технологијата не е трошок, туку темел на раст, доверба и ефикасност.
Engine by Starling – платформа за глобална дигитална трансформација
Успехот на Starling доведе до создавање на Engine – технолошка платформа која им овозможува на банки ширум светот да ја користат истата инфраструктура за брза дигитална трансформација.
Клучните принципи на Engine се:
– одлично клиентско искуство – едноставно, интуитивно и транспарентно;
– внатрешна ефикасност – овластување на вработените преку интегриран систем;
– брзина и флексибилност – способност за брзо реагирање на нови пазарни можности.
Виеира истакна дека Engine не гради банки, туку двигатели што им овозможуваат на банките да се движат со брзината на своите клиенти.

Глобално присуство: од Велика Британија до Балканот
Виеира сподели примери за успешна имплементација на Engine. Во Австралија, помогнале во креирање на нова дигитална единица во стара банка со 150-годишна историја, процес кој траел помалку од една година. На Балканот, Salt Bank, дигиталната филијала на Banca Transilvania во Романија, постигнала пазарен удел од 4% за шест месеци и се искачила меѓу топ 10 банки во земјата, со над 500.000 клиенти.
Клучот за успех според Виеира бил интегриран систем кој ги обединува сите услуги, човечки контакт преку 24/7 центар со реални советници и иновативен модел на лојалност – првите 8.000 клиенти станале „основачи“ со посебни привилегии и учество во сопственоста.
Банкарството на иднината: AI, податоци и човечки вредности
Виеира заклучи дека дигиталната ера не ја заменува човечката врска, туку ја засилува со технологија што ја разбира индивидуалноста на клиентот. Банките на иднината ќе бидат AI-driven, но value-led, потпирајќи се на податоци, но водени од човечки вредности.
Таа порача до регионалните банки: Не чекајте технологијата да ве стигне – станете дел од неа.
Останато
Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје меѓу финалистите на Европскиот квиз за пари 2026
Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, ученичките Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје, под менторство на наставничката Билјана Ниновска, учествуваа на финалето на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост. Финалниот натпревар се одржа на 19 мај 2026 година во Брисел, Белгија, во организација на Европската банкарска федерација (ЕБФ) според дводневна програма и вклучуваше бројни активности насочени кон меѓусебно запознавање и поврзување на тимовите.
Првото место го освои тимот од Грција, второто место им припадна на претставниците од Латвија, додека третото место го освои тимот од Италија.
За прв пат оваа година, во рамки на финалниот настан беше организиран и посебен натпревар за наставниците/професорите – ментори, кои се натпреваруваа истовремено додека траеше финалето на квизот. Особено сме горди што наставничката Билјана Ниновска го освои второто место на овој натпревар, постигнувајќи одличен резултат и потврдувајќи го високото ниво на знаење и посветеност.

Иницијативата, започната од Европската банкарска федерација во 2017 година, има за цел да ги унапреди финансиските знаења кај младите и да придонесе кон создавање финансиски одговорна генерација. Оваа година на натпреварот учествуваа вкупно 30 земји: Албанија, Австрија, Бугарија, Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Република Северна Македонија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Турција и Украина.
Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, ќе продолжи активно да ја поддржува и промовира финансиската едукација како клучен елемент за успешна и независна иднина на младите луѓе.
ПР објава
Останато
УЈП: Во тек е исплатата на „МојДДВ“, граѓаните да ги проверат податоците за сметките
Управата за јавни приходи информира дека е во тек исплатата на средствата од „МојДДВ“ за претходниот квартал, а за дел од граѓаните кај кои сè уште нема исплата ќе бидат направени дополнителни проверки и ќе се генерираат нови налози за исплата доколку ги исполнуваат условите.
Од УЈП посочуваат дека најчести причини за неисплатени средства се погрешно внесена трансакциска сметка, несовпаѓање на ЕМБГ со трансакциската сметка, неактивна сметка или неодобрен профил на системот „е-Даночни услуги“.
Институцијата апелира корисниците да ги проверат и коригираат податоците, по што повратот на средствата ќе може да биде исплатен.
Преку системот „МојДДВ“, граѓаните добиваат поврат на дел од платениот данок на додадена вредност за скенирани фискални сметки.
Останато
Европската комисија потпиша SAFE-договор со Романија: 16,68 милијарди евра за одбрана и стратешка инфраструктура
Европска комисија ја финализираше постапката за потпишување на договорот за заем во рамки на инструментот SAFE со Романија, со што земјата ќе добие пристап до 16,68 милијарди евра европско финансирање за одбрана и стратешка инфраструктура.
Станува збор за второ најголемо финансирање во рамки на Европската Унија преку SAFE, веднаш по Полска. Средствата се наменети за големи инвестиции во одбраната, безбедноста, транспортната инфраструктура и развојот на европската одбранбена индустрија.
Според планот доставен до Брисел, околу 4,2 милијарди евра ќе бидат насочени кон патна инфраструктура од национално значење, додека остатокот ќе се користи за набавка на воена опрема, одбранбени технологии и инфраструктурни проекти поврзани со безбедноста.
Романскиот министер за финансии Александру Назаре изјави дека SAFE не е само финансиски инструмент, туку инвестиција во безбедноста и отпорноста на државата.
„SAFE значи безбедност за Романија, но и една од најважните развојни можности за регионот Молдавија во последните децении“, изјави Назаре.
Тој посочи дека преку програмата ќе се финансираат и клучни инфраструктурни проекти, меѓу кои делниците Пашкани–Сучеава–Сирет и Таргу Неамц–Јаш–Унгени, со обезбедено финансирање до 2031 година.
Романија го потпиша договорот на 12 мај 2026 година, по одобрување од романската влада и претседателот на државата. Првото повлекување средства е планирано за октомври 2026 година, а периодот на достапност на заемот трае до крајот на 2030 година.
По стапувањето на договорот во сила, Европска комисија може да ѝ исплати на Романија предфинансирање од 15 проценти од заемот, односно околу 2,5 милијарди евра.
Секоја транша од заемот ќе има рок на отплата од 45 години, со грејс период од 10 години.
Средствата ќе ги управува романското Министерство за финансии, додека спроведувањето на проектите ќе биде координирано од кабинетот на премиерот. Во реализацијата ќе бидат вклучени Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, разузнавачките служби, Министерството за транспорт и други институции.
SAFE е привремен европски инструмент создаден за поддршка на земјите членки на ЕУ во услови на влошена безбедносна состојба во Европа и потреба од итни инвестиции во одбраната и стратешките капацитети.
-
Банкипред 2 месециСтопанска банка АД – Скопје од утре започнува со исплата на пензиите за месец март
-
Продуктипред 2 месециИуте Македонија носи европски здравствен стандард – за првпат во земјава се воведува второ медицинско мислење
-
Интервјуапред 2 месециИнтервју | Гоце Новачевски | Портфолио менаџер, КБ Инвест АД Скопје
-
Останатопред 1 месецУправата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 1 месецУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка: Исплатата на пензиите за март започнува на 1 април
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Деспотовски: Како анализата на клиентот го одредува изборот на фонд?
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка предвремено ги исплати пензиите за месец март


