Connect with us
no baners

Банки

НЛБ Банка организира караван за финансиско советување низ државата

Објавено

на

НЛБ Банка во соработка со своите партнери организира караван за финансиско советување за небанкарски финансиски продукти, кој ќе се одржува во периодот од 18 мај до 19 јуни.

Во рамки на караванот, пред повеќе експозитури на банката во Скопје и во други градови низ државата ќе се организираат промотивни настани, каде граѓаните ќе можат да се информираат за различните небанкарски услуги и продукти што се нудат преку банката.

Во активноста се вклучени и партнерските компании Сава осигурување, Кроација осигурување Живот, Сава пензиско друштво, Триглав осигурување Живот и НЛБ Фондови.

Клиентите ќе имаат можност да добијат детални информации за осигурителни, пензиски и инвестициски продукти, како и промотивни подароци.

Од НЛБ Банка посочуваат дека целта на караванот е граѓаните полесно да се запознаат со можностите за финансиско планирање и носење подобри финансиски одлуки за иднината.

Банки

Прокредит банка доби дозвола за издавање трајна обврзница вредна 5 милиони евра

Објавено

на

ПроКредит Банка доби одобрение од Комисија за хартии од вредност за издавање трајна обврзница во вредност од 5 милиони евра преку приватна понуда.

Информацијата ја објави SeeNews, повикувајќи се на соопштение од регулаторот. Станува збор за таканаречена „perpetual bond“ обврзница, односно финансиски инструмент без рок на достасување, кој банките најчесто го користат за зајакнување на капиталната структура.

Издавањето на вакви инструменти е дел од пошироките напори на банките за обезбедување дополнителен капитал и усогласување со регулаторните барања за финансиска стабилност.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција – Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

Објавено

на

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна заштеда за клиентите во процесот на кредитирање.

НЛБ Банка го зголемува максималниот износ на станбените кредити на 36.000.000 денари со максимален рок на отплата до 30 години и нуди фиксни каматни стапки почнувајќи од 3,05% за првите 5 години, овозможувајќи им на клиентите полесно да ги реализираат своите планови за купување или изградба на сопствен дом. Банката нуди и можност за станбени кредити со фиксна каматна стапка и за првите 10 години.

Воедно, НЛБ Банка започна и промотивна кампања во чии рамки клиентите ќе можат да аплицираат за станбен кредит без манипулативни трошоци и без трошоци за проценка.

Промотивната понуда достапна во периодот до 15 јули е уште една потврда на посветеноста на Банката кон креирање на практични и поволни решенија што одговараат на реалните потреби на клиентите. 

Зголемениот максимален износ на станбените кредити претставува уште еден чекор во унапредувањето на понудата на НЛБ Банка за станбено финансирање, додека пак актуелната промоција, значајна поддршка на Банката при носење на една од најважните животни одлуки.

Повеќе информации за станбените кредити и промотивната понуда се достапни на веб страницата на НЛБ Банка, во експозитурите и преку Контакт центарот на 02/15 600.

Продолжи со читање

Банки

Вицегувернерката Митреска на БИС: Силен банкарски сектор, но и натаму се потребни претпазливи политики

Објавено

на

„Банкарскиот систем во регионот е со значително подобрени показатели и поголема отпорност во споредба со периодот пред пандемијата, но силниот кредитен раст и растот на цените на недвижностите наметнуваат засилена претпазливост и потребно е постојано следење на ризиците“, порача вицегувернерката на Народната банка Ана Митреска. Овие пораки беа упатени на 24. состанок на Работната група за монетарна политика во Централна и Источна Европа, организиран од Банката за меѓународни порамнувања (БИС), којшто се одржува во Сараево, а чиј домаќин е Централната банка на Босна и Херцеговина.

„Стапката на адекватност на капиталот во регионот сега изнесува 20,7%, наспроти ниво од под 19% пред пандемијата, додека учеството на нефункционалните кредити е намалено на 2,5%, во однос на околу 6% пред кризата“, истакна Митреска.

Таа нагласи дека и покрај солидната состојба на банкарскиот сектор, светското окружување и натаму е исклучително неизвесно, особено поради геополитичките тензии и нарушувањата на светските синџири на снабдување, коишто можат да влијаат врз економскиот раст, инфлацијата и финансиските услови. Покрај ова, беше посочено дека кредитниот раст во регионот достигнува околу 14% во 2025 година, што е највисока стапка во последната деценија, при што растот на станбеното кредитирање е проследен и со значително зголемување на цените на недвижностите, коишто се повисоки за околу 80%, во просек, во изминатите пет години.

Митреска истакна дека, во вакви услови, и натаму се најважни редовното следење на квалитетот на кредитното портфолио, спроведувањето стрес-тестови и употребата на макропрудентни мерки, доколку биде потребно.

На состанокот на БИС учествуваат претставници на Европската централна банка и на централните банки од регионот на Централна и Источна Европа, кои разговараат за економските изгледи, инфлацијата, финансиската стабилност, монетарната политика, геополитичките ризици и примената на вештачката интелигенција во централното банкарство.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange