Банки
Запловете во неограничените можности на услугата Smartsend: Префлајте средства на лица од телефонскиот именик со неколку клика
Во денешниот свет во кој преовладува брзото и динамично темпо на живот, носењето готовина и потпирањето исклучиво на традиционалните банкарски методи, станува минато. Живееме во ера на удобни и безбедни трансакции што ни овозможуваат лесно да управуваме со нашите финансии. Најновите достигнувања во мобилната технологија обезбедуваат беспрекорна и безбедна платформа за брз и едноставен трансфер на парични средства.
Префрлањето средства од една на друга трансакциска сметка асоцира на здодевно пополнување уплатница која се поднесува или во некоја филијала или по пат на електронско или мобилно банкарство. Токму затоа Халкбанк АД Скопје, како лидер во воведување нови технологии и како банка која што постојано се грижи за потребите на своите клиенти има креирано иновативна услуга наречена SmartSend (Ѕвони ми на сметка). Оваа услуга овозможува брзо, едноставно и лесно префрлање пари на кој било контакт од вашиот телефонски именик, доколку истиот има активна платежна сметка во Халкбанк и активиранa услугата SmartSend. Со ова иновативно решение за дигитално плаќање користејќи го само вашиот паметен телефон, за само неколку минути можете да го завршите преносот на финансии, со што заштедувате драгоцено време.
Во екот на летните периоди, кога честопати излегуваме, се шетаме, посетуваме ресторан или кафуле заедно со нашите пријатели и роднини, оваа услуга ни овозможува да префрлиме средства кон оној кој ќе ја плати сметката доколку не практикуваме да носиме готовина со нас. Или, пак, доколку вашиот партнер или член на семејството видел нешто што сака да го купи, но во моментот му недостасуваат доволно средства, може лесно да му помогнете да го реализира купувањето.
SmartSend услугата e наменета за физички лица со активна платежна сметка во Халкбанк кои се корисници на електронско и мобилно банкарство. Користењето на оваа иновативна услуга е сосема едноставно и може да се користи преку мобилната апликација на Халкбанк АД Скопје и преку веб верзијата за електронско банкарствo.
- Со избирање на полето SmartSend преку електронското банкарство или мобилната апликација ја активирате услугата со потврда на вашата платежна сметка и мобилен број.
- За да извршите трансакција преку услугата SmartSend потребно е да ја внесете сумата што сакате да ја префрлите, да изберете контакт од телефонскиот именик и да ја потврдите трансакцијата.
Халкбанк АД Скопје како банка чии што слоган е „Важни се луѓето“ интензивно работи на задоволување на потребите на своите клиенти и се стреми кон дизајнирање услуги кои штедат време и се лесни за користење. Токму таква е и услугата SmartSend.
Банки
Средба Славески – Варнс: Стабилниот финансиски систем и модерните платни решенија се основа за инвестиции и економски раст
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија Никол Варнс, на која беа разменети мислења за економските текови, институционалниот развој на Народната банка и реформските процеси насочени кон поддршка на економскиот раст и евроинтеграцијата.
На средбата беше истакнато дека Народната банка постојано го јакне својот институционален капацитет преку бројни развојни проекти, со посебен акцент на модернизацијата на платните системи. Современите и ефикасни платни решенија придонесуваат за поголема сигурност, побрз проток на финансиски средства и олеснување на деловното работење, што е значајно за подобрување на инвестициската клима.
Гувернерот Славески нагласи дека одржувањето на макроекономската стабилност и финансиската стабилност е врвен приоритет на Народната банка, како основа за создавање стабилни и предвидливи економски услови, заради поттикнување на домашните и странските инвестиции и за одржлив економски раст.
Во разговорот, гувернерот Славески се осврна и на пристапувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), оценувајќи дека станува збор за историски чекор за македонската економија. Тој посочи дека со пристапувањето кон СЕПА, на македонските граѓани и компании им се овозможи да вршат побрзи, поефикасни и поевтини плаќања во евра, и тоа уште пред полноправното членство на земјава во Европската Унија.
Гувернерот нагласи дека со воспоставувањето клон на ТИПС, развиен со поддршка на Европската централна банка, се официјализира почетокот на современ систем за инстант плаќања, што претставува значаен исчекор во модернизацијата на националната платежна инфраструктура и нејзиното регионално поврзување со земјите од Западен Балкан и со европскиот платежен простор. Со овој систем ќе се овозможи извршување плаќања во реално време, 24 часа дневно, седум дена во неделата, при што најголемиот дел од трансакциите ќе се обработуваат за неколку секунди. Новите решенија ќе овозможат едноставно иницирање плаќања, што ќе придонесе за побрзи, посигурни и поевтини трансакции за граѓаните и компаниите, како и за поефикасно работење на трговците.
Соговорниците ја потврдија подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката и размената на искуства во областите од заемен интерес, заради поддршка на економската стабилност и реформските процеси во земјава.
Банки
Комерцијална банка како партнер на НСРР ја продолжува поддршката за родова рамноправност и финансиска независност на жените
Комерцијална банка и оваа година ја потврдува својата општествена одговорност преку континуирана поддршка на Националниот совет за родова рамноправност (НСРР), продолжувајќи ја својата мисија за помагање, охрабрување и едуцирање на жените за зајакнување на нивната финансиска независност.
Како дел од оваа заложба, Комерцијална банка финансиски ќе го поддржи проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето и СОС линијата при НСРР“, со цел унапредување на пристапноста до поддршка и информации за жените кои се соочуваат со различни животни и социјални предизвици.
Во рамките на акцијата „Биди своја, биди силна!“, Комерцијална банка активно ќе придонесува кон охрабрување и мотивирање на жените да носат информирани и правилни финансиски одлуки, да изградат финансиска сигурност и полесно да ги надминат предизвиците на начин што обезбедува самостојност и заштита.
Со континуираната поддршка на активностите на НСРР, Банката ја потврдува својата заложба за родова еднаквост и за достапна, целосна поддршка на жените во сите аспекти на финансиското и социјалното делување.
Банки
Шпаркасе Банка повторно ја доби сертификацијата „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ – потврда за транспарентност и грижа за клиентите
Шпаркасе Банка АД Скопје ја обнови сертификацијата „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, доделена од Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ), со што уште еднаш ја потврди својата посветеност на транспарентно, одговорно и етичко работење.
Ова признание претставува потврда за континуираниот фокус на Банката кон фер услови, јасна комуникација и заштита на интересите на клиентите, како и за примената на највисоки стандарди во односите со потрошувачите.
Обновената сертификација обезбедува дополнителна стручна поддршка, релевантни увиди за корисничкото искуство и унапредување на добрите практики во финансискиот сектор.
Со вакви активности, Шпаркасе Банка продолжува да ја гради довербата на клиентите преку јасен и коректен пристап, поставувајќи ги нивните реални потреби во центарот на своето работење и потврдувајќи ја својата улога како одговорен и стабилен финансиски партнер.
-
Продуктипред 2 месециХалки картичка за деца – прва платежна картичка за деца на македонскиот пазар
-
Банкипред 2 месециФатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во Комерцијална банка
-
Банкипред 2 месециКомплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје: Значајна пресвртница на патот кон стабилност и стратешки раст
-
Интервјуапред 2 месециИднината на пензиите во Македонија – разговор со Иван Стојановиќ од КБ Прво
-
Интервјуапред 2 месециFinSight со Слободан Трендафилов (ССМ): Што ако минималната плата не се зголеми до Нова година?
-
Интервјуапред 1 месецСлавески за FinSight: Пониски провизии и повеќе бесплатни услуги за граѓаните од следната година
-
Кариерапред 2 месециИуте Македонија вработува Специјалист за плаќања




