Connect with us
no baners

Банки

УНИБанка оствари добивка од 5,4 милиони евра за девет месеци во 2024 година

Објавено

на

УНИБанка заклучно со третиот квартал од 2024 година оствари позитивни финансиски резултати преку реализација на низа активности поврзани со зголемување и подобрување на понудата за клиентите со нови атрактивни продукти вклучително и од областа на платните сервиси. Банката продолжи со процесот на имплементација на нови технологии со цел пренасочување на клиентите кон дигиталните канали како побезбедни, поевтини и поедноставни начини на извршување на банкарските трансакции. Дигитализацијата, покрај тоа што придонесе за низа поволности за клиентите – брзина, сигурност, достапност, секако има влијание и на подобрување на ефикасноста на банката.

Во однос на ризиците од надворешното окружување, од една страна се согледуваат надолни ризици главно поврзани со постојаните геополитички тензии, додека од друга страна, се согледуваат и поволни ризици, коишто претпоставуваат побрзи глобални структурни промени и поволни влијанија од новите технологии, кои ќе ја зголемат продуктивноста и глобалниот раст. Во вакви услови основна цел на Банката е да се одржи и зачува ликвидната и солвентната позиција на банката, да се задржи континуитетот и квалитетот на услугите кои ги нуди како и да се обезбеди финансиска подршка на клиентите, притоа залагајќи се максимално за безбедноста на клиентите при користењето на услугите на Банката, како и за безбедноста на вработените.

Остварените вкупни приходи од работење заклучно со третиот квартал од 2024 година изнесуваат 1.723 милиони денари  и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 8%.

Најголем придонес во остварувањето на  позитивен финансиски резултат во износ од 336,3 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи. Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 66,1% имаат приходите од камати, кои во споредба со истиот период од 2023 година се зголемени за 9,9%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население.

Остварените расходи заклучно со третиот квартал од 2024 година изнесуваат 1.387,1 милиони денари и бележат зголемување од 10% во однос на истиот период од 2023 година. Зголемувањето на расходите се должи на зголемувањето на расходите за камати, како и на зголемувањето на административните расходи.

Исплатени дивиденди

Во текот на 2024 година, банката има исплатено дивиденди во износ од 200,9 милиони денари или 368 денари бруто износ по акција од остварената добивка во 2023 година.

Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период

Во 2024 година окружувањето во коешто делуваше банката, се одликуваше со постепена стабилизација на ценовниот раст и поволен девизен пазар, но и понатаму постојат ризици и неизвесност, главно поврзани со надворешното окружување. Во однос на ризиците од надворешното окружување, од една страна се согледуваат надолни ризици главно поврзани со постојаните геополитички тензии, додека од друга страна, се согледуваат и поволни ризици, коишто претпоставуваат побрзи глобални структурни промени и поволни влијанија од новите технологии, кои ќе ја зголемат продуктивноста и глобалниот раст.

 И покрај тоа, заклучно со третиот квартал од 2024 година, нето активата на банката  е речиси во согласност со планираната.

Анализата на структурата на пасивата на билансот на состојба на 30.09.2024 година и нејзината споредба со планираната укажуваат на надминување на планираните извори на финансирање од секторот население за 1%.

Во претстојниот период банката очекува да продолжи тенденцијата на зголемување на  активата, континуиран раст и задржување на квалитетот на кредитното портфолио на банката, кој би бил подржан со зголемен раст на депозитната база преку имплементација на нови депозитни продукти, во насока на зголемување на учеството на нефинансиските извори на финансирање, со посебен акцент на зголемување на учеството на платежните сметки,  оптимизирање на административните трошоци, зголемување на пазарното учество по различни сегменти во банкарскиот сектор во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста, подобрување на квалитетот на услугите, развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење и исполнување на зацртаните цели во Бизнис планот на Банката за 2024 година. Усовршување на дигиталните сервиси и канали за плаќање, вештачката интелигенција, зелените проекти, ЕСГ сегментот, раст на учеството на мобилните плаќања се работи кои се дел од  долгорочната стратегија на Банката и на нив ќе бидеме посветени и во иднина, а се со цел да излеземе во пресрет на различните потреби и интереси на клиентите.

Банки

Експозитурата „Илинден“ на НЛБ Банка, нов модерен банкарски објект на нова локација

Објавено

на

НЛБ Банка ги отвори вратите на својата експозитура „Илинден“ која од неодамна е преселена на нова локација на Улица 2 бр.1в, кај кружниот тек во населбата Илинден. Новата експозитура сместена на површина од 108м2 претставува модерен, репрезентативенбанкарски објект, чиј деловен модел е обмислен во насока на удобност и функционалност. 

Со внимателен избор на материјали, отворен концепт и интуитивна организација на просторот, експозитурата овозможува поголема ефикасност на работните процеси и унапредено корисничко искуство. 

Во објектот се сместени два шалтера за благајничко работење, канцеларии за кредитирање на физички лица, платен промет и картично работење, како и 24/7 часовна АТМ зона со банкомат за исплата и уплата на готовина, а наскоро ќе биде ставена во функција и самоуслужна машина за уплата на дневен пазар за правни лица, без чекање на шалтер и без посредство на банкарски службеник, чија предност е што средствата многу брзо доспеваат на сметката на правниот субјект.

Новата експозитура во населбата Илинден е дел од пошироката стратегија на НЛБ Групацијата 2025 – 2030 година за модернизација и дигитализација на продажната мрежа, водена од забрзаната технологија и сè поголемата потреба од страна на клиентите за самостојно, едноставно, брзо и безбедно банкарско работење, која истовремено ги рефлектира вредностите на Банката – иновативност, доверба и грижа за клиентите и вработените. 

Експозитурата во Илинден го задржува досегашното работно време и истата ќе работи од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.

Продолжи со читање

Банки

Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и финансиската стабилност

Објавено

на

Гувернерот д-р Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург. Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.

За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.

Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.

Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.

Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.

Продолжи со читање

Банки

Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), во чии рамки оствари бројни средби со повеќе свои колеги од централните банки од регионот и од светот. На средбите на БИС, покрај гувернерот, учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.

На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот извештај за работата на БИС и Годишниот финансиски извештај на БИС за 2025 година, коишто се осврнуваат на политиките на централните банки коишто во изминатите години на неколку последователни кризи ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Беше истакнато дека и натаму се препорачуваат политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на финансиските позиции на централните банки. 

Дискусиите во рамките на Годишното собрание на БИС се од исклучително значење за согледување на предизвиците со кои се соочуваат централните банки секојдневно и за утврдување на мерките и активностите за нивно надминување, но и за подготовка за идните трендови во работењето што ги носи дигитализацијата, имајќи ја предвид улогата на БИС во меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни институции од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.

Продолжи со читање

Популарно

no baners