Банки
ТТК Банка започна со предвремена исплата на пензиите за јули
ТТК Банка АД Скопје започна со предвремена исплата на пензијата за месец јули од 31 јули (четврток) 2025 година.
Пензионерите кои користат Visa или Mastercard® дебитна картичка пензијата можат да ја подигнат преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или да ја користат за плаќање во трговската мрежа.
Пензионерите кои не поседуваат дебитни картички, пензијата ќе можат да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.
ТТК Банка ги охрабрува своите клиенти да изберат современ начин на располагање со средствата, преку:
🔹 електронското банкарство TTK E-bank,
🔹 мобилната апликација TTK M-bank,
🔹 и картичките за сигурно и практично плаќање во земјата и во странство.
Со овие дигитални алатки, клиентите добиваат поголема флексибилност, заштеда на време и дополнителна сигурност во секојдневното банкарство.
Банки
Ѓорѓи Атанасовски е најдобриот банкарски службеник од ТТК Банка за 2025 година
На настанот по повод Светскиот ден на штедењето, кој се одржа на 31.10.2025 година, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити, беа избрани најдобрите банкарски службеници со постигнати особени резултати во нивната работа.
Со големо задоволство, ТТК Банка АД Скопје оваа година го номинираше Ѓорѓи Атанасовски, соработник во одделот за позадински обработки на ПП и средства и ликвидност, за најдобар банкарски службеник.

“Горди сме на нашиот колега Ѓорѓи Атанасовски за професионалноста, посветеноста и придонесот во работата. Честитки колега за ова заслужено признание! ТТК Банка АД Скопје останува посветена на развојот на потенцијалот на своите вработени, поттикнувајќи иновации и одржливи резултати во сите сегменти на работењето.” – велат од Банката.
Банки
Јубилејни награди за 18 вработени за долгогодишна посветеност и успех во Комерцијална банка
Комерцијална банка традиционално го одбележа Денот на штедењето и со доделување признанија и парични награди на 18 вработени, кои со години придонесуваат за развојот и успехот на Банката.
Наградените вработени оваа година одбележуваат 15 и 30 години работа во Комерцијална банка и се вистинска инспирација за новите генерации што ја градат својата кариера во Банката.

Тие заедно со целиот тим на Комерцијална банка секојдневно се посветени на потребите на клиентите, го движат напред развојот на Банката и го создаваат нејзиниот успех.

На сите наградени, Комерцијална банка им упатува благодарност за долгогодишната посветеност, професионализам и лојалност, со желба за уште многу заеднички достигнувања и нови успеси.

Банки
УНИБанка го одбележа месецот на штедење со финансиска едукација за деца и млади
Во рамки на октомври – месецот на штедење, УНИБанка и оваа година организираше серија интерактивни активности насочени кон финансиска едукација на децата и младите.
Кампањата опфати различни категории на образовни институции, градинки, основни и средни училишта, како и факултети низ целата држава.
Активностите беа насочени кон подигнување на свеста за важноста на штедењето и управувањето со финансиите, запознавање со основните концепти на финансиска одговорност и развивање општествено одговорна свест. Преку практични примери, учениците и студентите активно учествуваа, поставуваа прашања и учеа за планирање на трошоците, рационално трошење и поставување финансиски цели.

Во рамки на активностите, овој октомври беше промовиран и пакетот за млади UniQ со цел да се поттикне финансиска самостојност и да им се овозможи на младитеполесен пристап до банкарски услуги.
Како дел од иницијативата, децата и младите добија тематски подароци, кои не само што служат за учење, туку и ги поттикнуваат на одговорно размислување за животната средина и општествената улога на секој поединец.
Со овие активности, УНИБанка продолжува да вложува во иднината на младите, промовирајќи вредности на финансиска писменост, одговорност и одржлив развој.

Банката останува посветена на својата мисија, да создава финансиски свесно и одговорно општество, во кое секоја генерација знае како да управува со своите финансии.
Заедно создаваме основа за подобра финансиска иднина!
ПР објава
-
Банкипред 2 месециФатих Шахпаз е новиот генерален директор на Халкбанк АД Скопје?
-
Банкипред 2 месециПромотивно со НЛБ Visa кредитните картички, 5,9% фиксна каматна стапка
-
Банкипред 2 месециVisa Signature – нова премиум картичка од Комерцијална банка, за првпат достапна во Македонија
-
Анализипред 2 месециАНАЛИЗА: Како платежните картички ја покажуваат трагата на македонската миграција?
-
Банкипред 2 месециКХВ одобри: Српската „Алта банка“ со официјална понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола
-
Продуктипред 1 месецЌе ни донесе ли септември нова банка со Apple Pay?
-
Кариерапред 2 месециОглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје
-
Банкипред 2 месециАлта Банка влегува на македонскиот пазар со силна визија за развој


