Connect with us

Банки

Стопанска банка, Министерството за култура и туризам и Природонаучниот музеј – Скопје потпишаа Меморандум за стратешко партнерство за модернизација и дигитализација на музејот

Објавено

на

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков; генералниот извршен директор на Стопанска банка АД-Скопје, Хрисула Кутуди и директорот на Природонаучниот музеј – Скопје, Ивица Заркадов, денеска потпишаа Меморандум за тригодишно стратешко партнерство, со кој се воспоставува соработка за модернизација и дигитално обогатување на музејот. Потпишувањето на меморандумот се случува во пресрет на 100-годишниот јубилеј од основањето на оваа музејска институција во следната 2026 година.

Министерот Љутков во изјава за медиумите изрази благодарност до Стопанска банка што ја препозна важноста и потенцијалот на музејот како национален центар за еколошко и научно образование.

„Овој Меморандум е потврда за тоа како јавниот и приватниот сектор можат успешно да соработуваат за создавање подобри услови за учење, иновативни културни и научни содржини и за поддршка на младите генерации. Особено ме радува што проектите што ќе се реализираат, од „Магичната соба“ до подобрената пристапност, модерната веб-страница и новите дигитални алатки, директно ќе влијаат врз развојот на љубопитноста, знаењето и креативноста кај најмладите посетители“, потенцираше Љутков.

Генералниот извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка, Хрисула Кутуди, нагласи дека Банката негува долга традиција во поддршката на образованието, науката и јавните институции.

„Ми претставува особено задоволство да бидам денеска тука како претставник на тимот на Стопанска банка, посветени на новото партнерство со Природонаучниот музеј и со Министерството за култура и туризам. Стопанска банка негува долга традиција на поддршка на образованието, науката и на јавните институции. Се надевам дека со ова партнерство ќе придонесеме за нови интерактивни искуства за илјадниците деца кои го посетуваат Музејот секоја година продолжувајќи ја со тоа научната мисија градена веќе еден век. Им благодарам на Министерството за нивната насока и поддршка и на тимот на Музејот за нивната енергија и инспирација во соработката со нашиот тим. Со нетрпение очекувам да се сретнеме повторно тука на отворањето на новите дигитални поставки“, истакна Кутуди.

Директорот на Природонаучниот музеј, Ивица Заркадов, изрази благодарност до Стопанска банка за значајната донација од 150.000 евра, која ќе овозможи обновување на влезниот портал и холот, изградба на првата интерактивна „MAGIC ROOM“ во Македонија и целосна модернизација на веб-страницата. Тој истакна дека овие промени ќе го направат музејот поатрактивен за учениците, младите и за туристите, како и дека ова претставува прва ваква поголема донација директно вложена во музејската зграда, во неговото стогодишно постоење.

Банки

Народната банка издаде согласност за именување на Николај Бебов во Надзорниот одбор на УНИБанка

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје информира дека Народна банка на Република Северна Македонија на 23 април 2026 година издала согласност за именување на Николај Бебов за независен член на Надзорниот одбор на Банката, со мандат од четири години.

Претходно, Собранието на УНИБанка на 9 март 2026 година донесе одлука за именување на Антонио Валентинов Дичев и Николај Бебов како нови членови на Надзорниот одбор за истиот мандатен период.

Кој е Николај Бебов?

Николај Бебов е магистер по право на Универзитетот „Колумбија“ во Њујорк и дипломиран правник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Софија. Тој е ко-основач и партнер во правната канцеларија „Tsvetkova Bebov & Partners“ и важи за еден од водечките експерти во Бугарија во областа на банкарското и финансиското право, како и пазарите на капитал.

Во текот на својата кариера, Бебов учествувал како експерт во повеќе значајни проекти во Македонија, меѓу кои и проекти поддржани од Европска банка за обнова и развој (ЕБОР), како и иницијативи поврзани со развој на законодавството за пазарите на капитал.

Неговото професионално искуство опфаќа трансакции на пазарите на капитал, IPO и листинзи, корпоративно управување, банкарско кредитирање, како и регулаторни рамки поврзани со банкарска стабилност и управување со ризици.

Тој има богато искуство во трансакции на пазарите на долгови и акции, IPO, листинзи, корпоративно управување, банкарско кредитирање, проектно и аквизициско финансирање, како и во регулаторни прашања поврзани со CRR, CRD и BRRD, вклучително и теми од областа на банкарската стабилност, резолуција и управување со ризици.

Продолжи со читање

Банки

Вицегувернерот Величковски: Народната банка со унапредена монетарна рамка и активности за поефикасни финансиски пазари

Објавено

на

„Народната банка доследно ја спроведува стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, како клучно сидро за одржување на ценовната стабилност и предвидливоста во економијата“, истакна вицегувернерот Игор Величковски на Годишното собрание на Здружението на финансиски пазари АЦИ Македонија.

Во обраќањето беше истакнато дека со последните измени на оперативната монетарна рамка се заокружува значаен процес на нејзино унапредување. Со тоа се обезбедува поголема флексибилност и поефикасно управување со ликвидноста во банкарскиот систем, како и побрза реакција во услови на промени на пазарите. Овие придобивки од новата оперативна рамка се особено значајни во услови на зголемена неизвесност на светските пазари, поврзана со геополитичките случувања и војната на Блискиот Исток, изложувајќи ја македонската економија на надворешните шокови.

„Со пократка рочност на благајничките записи и воспоставување симетричен распон на каматните стапки, се овозможува попрецизно насочување на краткорочните каматни стапки и поефикасен пренос на монетарните сигнали“, истакна Величковски.

Во наредниот период, Народната банка ќе биде насочена кон натамошен развој на девизниот пазар, заради зголемување на транспарентноста, ликвидноста и довербата. Активностите се насочени кон подобра ценовна транспарентност и поголема активност на учесниците на пазарот, при што централната банка и натаму ќе се залага за одржување стабилен девизен курс.

Во делот на регулативата за финансиските инструменти и за финансиско обезбедување, беа истакнати новините со кои се овозможува воспоставување платформи за секундарно тргување со финансиските инструменти, што ќе придонесе за поголема транспарентност, подобра заштита на инвеститорите и зголемена ликвидност на пазарите, во согласност со европските практики.

Во платежната сфера, особено беше нагласено значењето на пристапувањето на земјава кон Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), како важен чекор во интеграцијата со европскиот платежен простор. Со вклучувањето на сите банки во СЕПА, веќе се овозможуваат побрзи, поевтини и потранспарентни прекугранични плаќања во евра за граѓаните и за компаниите. Тековните активности на Народната банка се насочени кон воспоставување платен систем за инстант плаќања, којшто ќе овозможи трансакции во реално време, 24 часа на ден.

Вицегувернерот Величковски истакна дека Народната банка и во иднина ќе биде посветена на развојот на финансиските пазари и платежната инфраструктура, заради создавање посигурно, поефикасно и поконкурентно финансиско окружување што ќе го поддржи економскиот раст и интеграцијата со европските текови.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка овозможува дигитален пристап до услуги преку OneID

Објавено

на

Стопанска банка АД Скопје нуди можност за креирање електронска идентификација преку платформата OneID, со што клиентите ќе можат полесно да пристапуваат до банкарските производи и услуги.

Од банката информираат дека корисниците преку мобилен телефон ќе имаат 24-часовен пристап до услугите, без потреба од физичка посета на филијала.

Со ова решение, се поедноставува користењето на банкарските услуги, а процесите стануваат побрзи и подостапни за клиентите.

Дополнителни информации и упатства за користење се достапни преку онлајн туторијал објавен од банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange