Connect with us

Бизнис

Black Friday 2025: Рекордна глобална онлајн потрошувачка

Објавено

на

Оваа година Black Friday 2025 сруши рекорди и ја разниша глобалната трговија. За само еден ден се потрошени 79 милијарди долари онлајн, раст од 6 проценти во однос на 2024. Cyber Monday додаде уште 17.3 милијарди, а целата Cyber недела надмина 52 милијарди глобално. Накратко, интернетот гореше.

Кога ќе ги прочитате тие бројки, лесно е да помислиш дека светот никогаш не бил порасположен за купување. Но бројките и статистиките како и секогаш открија уште една вистина.

Black Friday 2025 – Купуваме помалку, но плаќаме повеќе

Иако оваа година вкупната вредност порасна, бројот на нарачки падна за 2%. Во исто време, просечната вредност по нарачка скокна за 7%. Тоа значи дека луѓето не полнеа кошнички со десет работи како порано. Oдбираа внимателно, купуваа помалку, но секој избор вредеше повеќе. Луѓето не купуваат повеќе. Луѓето купуваат паметно.

Но, бројките кријат нешто уште поважно:цените пораснаа,  инфлацијата си го прави своето. Инфлацијата не замина на одмор само затоа што стоеше голем „Black Friday-50%“ банер. Сите го почувствувавме тоа. Од телевизори до зимски јакни, од играчки до телефонски уреди – цените на се беа повисоки.

И тука започнува интересниот дел.

Додека бројките зборуваа за „рекорди“, има еден податок што ја открива вистинската приказна. BNPL (“Buy Now, Pay Later”), или купувањето на рати финансираше поголем дел од потрошувачката од било кога, и тоа се случува насекаде во светот.

Глобалниот херој на Black Friday 2025: Kупување на рати

Купувањето на рати порасна насекаде. Оваа година повеќе луѓе од кога било решија да купат на рати. Затоа што платите што ги земаме не растат толку брзо колку што растат нашите обврски. Затоа што не сакаме празничната магија да ја платиме со јануарска и февруарска грижа.

Светот го прифати овој феномен со раширени раце:

  • Азија Пацифик сега држи 36% од целокупниот глобален приход од купување на рати. 
  • Европа расте најбрзо меѓу малите трговци, со 17% раст кај купувањето на рати
  • Латинска Америка и Блискиот Исток одат со троцифрени стапки и не забавуваат.

Каде и да погледнете, потрошувачите го избраа истото решение: „Ќе купам, ќе си планирам, ќе платам паметно.“ И знаете што се случи кога луѓето конечно добија избор што не ги казнува?

Ониe што плаќаа на рати потрошија 72% повеќе по нарачка од оние што плаќаа однапред. Не затоа што беа непромислени. Туку затоа што чувствуваа контрола. Чувствуваа дека конечно можат да планираат (четири мали рати се полесни од еден голем удар).

А што се случи кај нас во Mint Store?

Во текот на ноември, купувањето на рати победи на сите фронтови. Кратко кажано: каде и да се купува онлајн, Потрошувачите ги делат плаќањата. Во Mint Store го забележавме истиот тренд што Европа, Латинска Америка, и пошироко го забележаа овој ноември:

  • Просечна вредност на кошничка со плаќање на рати: €133.60 (8.222 мкд)
  • Просечна вредност со еднократно плаќање: €56.06 (3450 мкд)
  • Стапка на конверзија кога се нуди плаќање на рати: глобален раст од 68%

Ова не е маркетиншко преувеличување – ова се реални податоци од нашите клиенти. И тие ни кажуваат една работа. Луѓето сакаат слобода. Сакаат флексибилност, и сакаат свој ритам на плаќање што не им го руши буџетот по празниците.

Значи, не е точно дека потрошувачите се „немаат пари“. Вистината е многу поедноставна: Потрошувачите сакаат контрола, а ратите ја даваат токму таа контрола.

Зошто сето ова е толку важно?

Замислете: едно просечно семејство во Македонија во декември би потрошило од буџетот за:

  • Подароци за децата
  • Tехника за дома
  • Нова јакна (за децата, за родителите)
  • Можеби телефон за подарок

Трошоците растат, и секогаш растат баш кога сакате да создадете убави моменти. Токму затоа ја изградивме Mint Store спрема потребите на нашите клиенти: 0% камата на производи купени на 4 рати, без скриени трошоци, инстант одобрувања, и планови скроени според вашите потреби и планови.

Mint Store е тука да ви понуди можност да го купите тоа што го сакате, но да го плаќате така што нема да го почувствувате како дополнителен товар.

Mint Store – Иднината на онлајн купувањето

Black Friday 2025 покажа една работа јасно: иднината на купувањето не е „плати сега“ или „не купувајте“. Иднината е платете како што Ви одговара. А, рекордната потрошувачка оваа година всушност беше прослава на контролата кај потрошувачите – овозможена од купувањето на рати.

Доколку се уште го барате вистинскиот подарок пред празниците, разгледајте ги нашите акциски понуди и поделете ја секоја нарачка на лесни плаќања. Без камата (на 4 рати), без трикови. Зашто најпаметниот начин да се победи празничната сезона во 2025 (и 2026) не е да трошите помалку, туку да трошите попаметно.

ПР објава

Бизнис

Две нови комори се приклучија кон Сојузот на стопански комори на Македонија

Објавено

на

Две нови комори станаа членки на Сојузот на стопански комори на Македонија, со што е заокружен процесот на пререгистрација и организациска консолидација на Сојузот.

Кон ССКМ се приклучија ЕнергоКом – Стопанска комора на компании од енергетиката и Комората за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент. Со нивното членство, Сојузот сега обединува вкупно десет комори и три групации.

Од ССКМ оценуваат дека проширувањето претставува значаен чекор кон јакнење на деловната мрежа и подобро секторско организирање на компаниите. Новата организациска поставеност следува по редовното Годишно собрание, одржано кон крајот на јуни во Скопје.

Претседателот на ССКМ, Горан Горгиевски, изјави дека приклучувањето на новите комори ќе овозможи поефикасно застапување на интересите на компаниите, поголема меѓусебна соработка и посилен институционален дијалог.

„Сè поголем број компании и професионални здруженија го препознаваат Сојузот како кредибилен партнер и силен застапник на интересите на бизнис-заедницата“, истакна Горгиевски.

Во состав на ССКМ функционираат Агро бизнис комората, ИКТ комората, Комората на сметководители, финансии и даночни советници, Туристичко-угостителската комора, Услужната комора, ЕнергоКом, Комората на интегрирано приватно здравство, Комората за трговија и дистрибуција, Комората за индустрија и развој и Комората за превенција, заштита од пожари и кризен менаџмент.

Во рамки на Сојузот активно работат и групациите за проекти, за игри на среќа и за стартапи.

Од ССКМ посочуваат дека остануваат посветени на создавање современ и обединет коморски систем, кој ќе придонесува за подобрување на деловната клима, развој на претприемништвото и поголема конкурентност на македонските компании.

Продолжи со читање

Бизнис

Индустриските производствени цени во еврозоната паднаа, енергијата и натаму значително поскапа од лани

Објавено

на

Индустриските производствени цени во еврозоната во јуни се намалиле за 0,3 отсто во однос на мај, додека на ниво на Европската Унија падот изнесувал 0,2 отсто, покажуваат првичните процени на Евростат.

Сепак, во споредба со јуни минатата година, цените останале значително повисоки. Во еврозоната тие пораснале за 4,6 отсто, а во целата ЕУ за 4,7 отсто.

На месечно ниво, најголемо влијание врз падот имал енергетскиот сектор. Производствените цени на енергијата се намалиле за 1,5 отсто во еврозоната и за 1,4 отсто во ЕУ.

Кога ќе се исклучи енергијата, индустриските цени се зголемиле за 0,2 отсто во двете подрачја, што покажува дека поевтинувањето не било присутно во сите индустриски категории.

Во еврозоната, цените на суровините, материјалите и полупроизводите пораснале за 0,3 отсто, додека капиталните и трајните потрошувачки добра поскапеле за по 0,2 отсто. Цените на нетрајните потрошувачки добра останале непроменети.

И покрај месечниот пад, цените на енергијата во ЕУ во јуни биле за 10 отсто повисоки во споредба со истиот месец минатата година. Во еврозоната годишниот раст изнесувал 8,8 отсто.

На годишно ниво, најголем раст на производствените цени бил регистриран во Бугарија, од 18,2 отсто. Следувале Романија со 14,3 отсто и Ирска со 11,4 отсто. Луксембург бил единствената земја во која цените биле пониски од пред една година, и тоа за 3,2 отсто.

Индексот на производствените цени ги следи промените на продажните цени на производите на домашниот пазар при излезот од производството. Тој не ги опфаќа увозните производи и не претставува индекс на потрошувачките цени што директно ги плаќаат граѓаните.

Продолжи со читање

Бизнис

Иуте Македонија влегува на домашниот пазар на капитал со првата корпоративна обврзница

Објавено

на

Иуте Македонија започнува нова фаза од својот развој со влез на домашниот пазар на капитал и првата јавна емисија на корпоративна обврзница, како дел од стратегијата за долгорочен и одржлив раст.

По добиеното одобрение од Комисијата за хартии од вредност, компанијата ќе издаде петгодишна корпоративна обврзница во вкупна вредност од 3 милиони евра, со фиксна годишна каматна стапка од 8,5%. По пат на јавна понуда ќе бидат издадени 30.000 обврзници со номинална вредност од 100 евра кои ќе бидат достапни за запишување од страна на физички и правни лица. По завршувањето на јавната понуда и исполнувањето на законските услови, обврзниците ќе бидат достапни за тргување на Македонската берза, а инвеститорите ќе имаат можност да побараат реоткуп од страна на издавачот по истекот на третата година, согласно условите на Проспектот.

Во изминатите години, Иуте Македонија бележи континуиран раст на кредитното портфолио и деловните активности, што природно ја наметнува потребата од понатамошна диверзификација на изворите на финансирање. Досега, компанијата најголемиот дел од средствата ги обезбедуваше преку поддршката од матичната компанија Иуте Естонија, сопствените приходи од кредитната активност и други локални извори на средства, примарно домашни банки.

„Влегувањето на пазарот на капитал e важна пресвртница во развојот на Иуте Македонија, чекор кој има за цел да обезбеди поголема  диверзификација на изворите на финансирање и оптимизација на трошоците за финансирање на друштвото. Со оваа емисија, Иуте Македонија за првпат пристапува на домашниот пазар на капитал преку јавна понуда на корпоративни обврзници. Овој чекор се надоврзува на досегашниот развој на компанијата и на континуираното унапредување на нејзините деловни активности. Истовремено, веруваме дека развојот на домашниот пазар на капитал е значаен за проширување на инвестициските можности и за понатамошен развој на финансискиот пазар во земјата“, вели Нина Мојсова Ќосева, Финансиски директор на Иуте Македонија.

Покрај обезбедување нов извор на капитал за понатамошен развој, присуството на пазарот на капитал подразбира и уште повисоки стандарди на транспарентност, отчетност и корпоративно управување, што претставува дополнителна потврда за зрелоста и стабилноста на компанијата. Влезот на пазарот на капитал претставува логично продолжение на стратегијата за одржлив раст, оптимизација на финансиската структура и создавање уште постабилна основа за идниот развој.

Повеќе информации за јавната понуда и Проспектот за издавање на корпоративната обврзница се достапни тука.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange