Бизнис
АЕТМ и IUTE Македонија отвораат јавен повик за бесплатна верификација на е-продавници за поголема доверба кај е-купувачите
Асоцијацијата за е-трговија (АЕТСМ) објавува јавен повик за бесплатни верификации на е-продавници за стекнување со симболот на доверба во е-трговијата – Беџ за верификуван е-трговец, во рамки на кампањата „Верификувани сега, доверливи секогаш“, која се реализира со поддршка на ИУТЕ Македонија.
Овој јавен повик ќе овозможи 5 микро, мали или средни е-продавници да добијат целосно бесплатна верификација и да ја истакнат својата доверливост пред купувачите. Сите избрани компании ќе добијат и Беџ за верификуван е-трговец, кој ќе можат да го
постават на своите веб-страници како јасна ознака за сигурност и транспарентност. Со тоа, тие ќе се приклучат на заедницата од над 80 верификувани е-продавници во земјата. Дополнително, сите селектирани продавници ќе можат да учествуваат и на еднодневниот едукативен настан E-badge Day, кој ќе се одржи во декември. Настанот обработува важни и актуелни теми за развој и унапредување на е-трговијата, во согласност со потребите на е-продавниците.
Беџот за верификуван е-трговец е видлива ознака која покажува дека станува збор за
регистриран правен субјект, е-продавницата е проверена од АЕТСМ според важечките
регулативи и е дел од официјалниот Регистар на е-трговци. Овој симбол им помага на
купувачите полесно да препознаат сигурни и проверени е-продавници, а компаниите
добиваат можност да се издвојат од нелојалната конкуренција и нерегистрираните
продавачи.
“Онлајн купувањето станува дел од секојдневието на граѓаните, и поради тоа исклучително е важно потрошувачите да можат брзо и лесно да препознаат на кои е- продавници можат да им веруваат. Токму затоа го развивме Беџот за верификуван е-трговец што претставува симбол дека продавницата е проверена, регистрирана и работи транспарентно. Оваа иницијатива за бесплатно верификување на е-трговците, не е само поддршка за компаниите, туку и чекор кон создавање побезбедна е-трговија во земјата. Колку повеќе едуцираме, информираме и градиме доверба, толку помал простор останува за нелојални практики и за сивата економија. Целта е едноставна – купувачите да се чувствуваат сигурно, а бизнисите што работат чесно да бидат јасно препознаени.“ – изјави Претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска Станков.
Погодни за апликација се сите микро, мали и средни компании кои моментално продаваат онлајн и имаат овозможено плаќање на рати преку IUTE Македонија.
„Во Иуте веруваме дека довербата и безбедноста се темелот на успешната е-трговија. Онлајн купувањето станува дел од секојдневието, а Иуте преку “Купи сега, плати подоцна” (Buy Now, Pay Later) – моделот кој пионерски го воведе на пазарот, им овозможува на потрошувачите едноставно, флексибилно, брзо и безбедно искуство, со пораст од 40% во онлајн исплатите само минатата година. Токму затоа го поддржуваме отворениот повик за бесплатни верификации на онлајн продавници, како уште еден чекор кон зрела и транспарентна дигитална економија. Со модерни технологии, автоматски процеси и партнерска соработка, ја градиме иднината во која секој купувач добива сигурно, комфорно и едноставно онлајн искуство.“ – изјави Даниел Јанчевски, раководител на партнерска мрежа во Иуте Македонија.
Аплицирањето е едноставно и целосно онлајн преку следниот линк: https://forms.gle/33M3snBvKicmRkX98
Рокот за аплицирање е до среда, 03.12.2025 година, до 23:59 часот. По завршувањето на рокот, комисија од експерти ќе ги оценува апликациите според однапред утврдени критериуми и ќе избере 5 учесници за бесплатна верификација.
Повеќе информации за јавниот повик и критериумите за аплицирање се достапни овде.
Бизнис
Макпетрол ги наградува акционерите: Од 31 август започнува исплатата на дивидендата!
Макпетрол АД Скопје на 31 август 2026 година започнува со исплата на дивидендата за 2025 година, согласно одлуката донесена на Годишното собрание на акционери.
Вкупниот бруто износ на дивидендата изнесува 467,3 милиони денари, односно 4.620 денари бруто дивиденда по акција.
Исплатата се реализира согласно Дивидендниот календар на Друштвото, донесен на 26 мај 2026 година, по усвојувањето на Годишната сметка за 2025 година.
Со исплатата на дивидендата, Макпетрол продолжува со распределба на дел од остварената добивка кон своите акционери, со што дополнително ја потврдува атрактивноста на акцијата на домашниот пазар на капитал.
Бизнис
Back to School понуда од Iute и Sport-M: 1.000 денари попуст за купување над 5.000 денари
Во пресрет на новата учебна година, iute Македонија и Sport-M подготвија Back to School понуда за набавка на нова училишна и спортска опрема.
Купувачите во Sport-M можат да изберат ранци, облека, патики и друга опрема, а плаќањето преку iute е овозможено на рати со 0% трошоци.
Дополнително, за секое купување во вредност над 5.000 денари следува попуст од 1.000 денари. Понудата важи и за купување во продавниците и за онлајн на веб-страницата на Sport-M.

Со оваа промотивна акција, iute и Sport-M им нудат можност на родителите и учениците навреме да се подготват за почетокот на новата учебна година.
Бизнис
Од полноќ нови цени на горивата: Дизелот поскапува за 3,50 денари, бензините за 1,50
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 2,62 проценти во однос на претходната одлука од 17 август. Новите цени ќе важат од полноќ, односно од 00:01 часот на 25 август.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денари и ќе изнесува 93 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по максимална цена од 95 денари за литар.
Најголемо поскапување има кај дизелот, чија цена се зголемува за 3,50 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ БС од утре ќе чини најмногу 101,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за два денари и ќе изнесува 100,50 денари за литар.
Мазутот М-1 НС поскапува за 1,850 денари за килограм, па неговата нова максимална цена ќе биде 45,576 денари за килограм.
Од РКЕ посочуваат дека причина за новата корекција е растот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во споредба со претходната пресметка, цените на бензините се зголемиле во просек за 3,795 проценти, на дизелот за 4,842 проценти, на екстра лесното масло за 3,958 проценти, а на мазутот за 6,467 проценти.
Од Комисијата нагласуваат дека утврдените цени се максимални, а трговците имаат можност нафтените деривати да ги продаваат и по пониски цени.
-
Продуктипред 2 месециИднината на банкарството е во доброто корисничко искуство
-
Банкипред 2 месециИсплатата на јунските пензии преку Стопанска банка почнува на 1 јули
-
Банкипред 2 месециКомерцијална банка почнува со исплата на јунските пензии од 1 јули
-
Банкипред 1 месецСтопанска банка со промотивна камата од 4,9 отсто за Mastercard Platinum картичката
-
Кариерапред 2 месециАЛТА Банка објави оглас за вработување во секторот за организација и ИТ
-
Банкипред 2 месециЈунските пензии достапни за пензионерите корисници на Халкбанк
-
Кариерапред 2 месециСтопанска банка бара агент за грижа на корисници
-
Кариерапред 1 месецСтопанска банка Скопје вработува трезорист, отворен оглас за апсолвенти и дипломирани економисти





