Банки
Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално е АЛТА банка АД Битола
Почнувајќи од денес, 12.12.2025 година, по усвојувањето на измените и дополнувањата на Статутот од страна на Собранието на акционери, Стопанска банка а.д. Битола и официјално го добива новото име АЛТА банка АД Битола, или скратено – АЛТА банка.
Успешната аквизиција на Стопанска банка а.д. Битола од страна на АЛТА банка АД Белград беше финализирана во октомври 2025 година, со што банката доби нов мнозински акционер кој, заедно со поврзаните субјекти, поседува 93,2571% од капиталот.
Со ребрендирањето, АЛТА банка АД Битола станува дел од АЛТА Група – современа финансиска групација со седиште во Белград, која ги обединува банкарските, платежните и инвестициските услуги. Како регионален лидер, групацијата работи согласно европските вредности и највисоките стандарди, со јасен фокус на иновации, дигитализација и врвен квалитет на услугите.
АЛТА Банка АД Белград е една од најзначајните членки на групацијата, која во 2024 година ја доби наградата за најбрзорастечка банка во Република Србија. Усогласувањето со нејзините стандарди ќе отвори нови можности за АЛТА банка АД Битола, вклучувајќи развој на иновативни производи, современи дигитални решенија и унапредено клиентско искуство, секако со целосно почитување на домашните финансиски регулативи.
Амбицијата на АЛТА банка АД Битола е да стане значаен фактор во банкарскиот сектор во Македонија, поддржувач на локалната економија и активен учесник во развојот на регионалната соработка.
За клиентите и деловните партнери, најважно е дека работењето продолжува непречено, со задржување на стабилноста, сигурноста и континуитетот на услугите. Сите експозитури остануваат на истите локации, со воведување на нов визуелен идентитет на АЛТА банка.
„За постоечките клиенти не се потребни никакви дополнителни активности – сите постojни сметки, платежни картички, електронско банкарство и договори остануваат целосно валидни и функционални. Податоците на клиентите се целосно заштитени, а сите законски регулативи строго се почитуваат. Производите, услугите и каналите за поддршка продолжуваат да функционираат без промени. Клиентите ќе бидат навремено информирани за сите понатамошни активности кои ќе придонесат за уште подобро банкарско искуство“, велат од АЛТА банка АД Битола.
Банки
Наградна игра за млади со ZIPP картичката од Комерцијална банка
Клиентите на возраст од 18 до 29 години кои се корисници на Zipp Mastercard Debit World картичката од Комерцијална банка, со секоја трансакција учествуваат во Наградната игра ZIPP & WIN и добиваат можност да станат добитници на електричен MATE велосипед или 30.000 денари на нивната Zipp сметка.
Во периодот до 10 септември 2026 година, секоја трансакција со Zipp картичката направена во земјата со физичка картичка, преку телефон или смарт часовник, носи по една шанса (еден код) за освојување на една од наградите.
Колку повеќе трансакции, толку повеќе шанси за освојување на една од наградите.
Извлекувањето на добитниците ќе се одржи на 14 септември 2026 година.
Сите детали и правилата за Наградната игра се достапни на следниот линк.
Банки
Стопанска банка со добивка од 1,41 милијарда денари во првото полугодие
Стопанска банка АД – Скопје во првите шест месеци од 2026 година остварила добивка пред оданочување од 1,412 милијарди денари, што претставува намалување од 30 отсто во споредба со истиот период минатата година.
Според консолидираните неревидирани финансиски извештаи, позитивниот финансиски резултат пред оданочување и резервации изнесувал 1,781 милијарда денари и бил за 31 отсто понизок на годишно ниво.
Од Банката наведуваат дека намалувањето се должи на регулаторните и пазарните услови, пониските каматни стапки и каматни приходи, намалените провизии од платниот промет и меѓународните трансакции, како и на еднократните приходи наплатени во 2025 година од претходно отпишани побарувања.
Во првото полугодие Банката издвоила 368,4 милиони денари за исправка на вредноста на финансиските средства и за посебна резерва за вонбилансна изложеност.
Вкупната актива на Банката на 30 јуни 2026 година изнесувала 159,035 милијарди денари, при што е забележан органски раст.
Консолидираните извештаи ги опфаќаат финансиските резултати на Стопанска банка АД – Скопје и на Стопанска лизинг ДООЕЛ Скопје.
Банки
Халкбанк нуди кредитна картичка со патничко осигурување и асистенција на пат
Халкбанк АД Скопје ја промовира Visa Travel кредитната картичка, наменета за корисниците кои сакаат дополнителна сигурност и поволности за време на патувањата.
Со картичката корисниците добиваат асистенција на пат, како и патничко осигурување со покритие во времетраење од десет дена.

Дополнително, на корисниците им се овозможува попуст од 10 проценти при купување полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.
Повеќе информации за условите и поволностите се достапни на интернет-страницата на Халкбанк.
-
Интервјуапред 2 месециFinSight | Нина Ангеловска Станков: Во политиката аргументот не е крај на разговорот – туку негов почеток
-
Интервјуапред 2 месеци„Ништо случајно“: Нина Ангеловска за бизнисот, животните лекции и патот кој ја обликувал нејзината кариера
-
Интервјуапред 2 месециФиломена Пљакоска Аспровска во FinSight: Дали мобилниот телефон ќе стане нашиот единствен паричник?
-
Банкипред 2 месециНа музиката ѝ е место и меѓу банкарските шалтери – Young Dadi со ексклузивен popup настап за клиентите на Халкбанк
-
Бизниспред 2 месециОд полноќ нови цени на горивата: Бензините поевтинија, дизелот поскапе
-
Интервјуапред 1 месецДигитализацијата и довербата се двигатели на новото банкарство – Беркан Имери во FinSight
-
Берзапред 2 месециРКЕ донесе одлука: Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар, најголем пад на цената во последните месеци
-
Кариерапред 2 месециНЛБ Банка вработува банкарски советник во Штип, рокот за пријавување е 10 јуни



