Интервјуа
Томеска во FinSight: Приватното здравствено осигурување станува нов стандард за привлекување таленти
„Во услови на силна конкуренција за квалификувани кадри, приватното здравствено осигурување станува стандард, а не привилегија.“ – истакнува Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк Осигурување, во новото издание на FinSight.
Компаниите во Македонија сè повеќе препознаваат дека квалитетната здравствена заштита е еден од најзначајните бенефити што директно влијае врз изборот на кандидатите, но и врз задржувањето на постојните вработени.
Овој тренд ја одразува промената во корпоративната култура: современите работодавачи инвестираат во пакети кои обезбедуваат сигурност, грижа и брз пристап до здравствени услуги, нешто што вработените го ценат сè повеќе.
Дополнително, според Томеска, растот на приватното здравствено осигурување го поттикнуваат два клучни фактори:
– Недостатоците и оптовареноста во државниот здравствен систем
– Зголемената свесност кај самите вработени, кои сè повеќе го препознаваат бенефитот од ПЗУ
Овие фактори укажуваат дека ПЗУ има значителен потенцијал за развој на домашниот пазар, а компаниите што навреме ќе ја препознаат оваа динамика стекнуваат сериозна конкурентска предност.
Интервјуа
Монетарната политика во нов циклус: Ставовите на вицегувернерите Митреска и Величковски во FinSight
Собранието ги изгласа Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка – со мандат од седум години и одговорност во период на засилени глобални економски ризици.
Во најновата епизода на FinSight, разговараме за тоа како централната банка ќе се справи со инфлациските притисоци, растот на цените на енергенсите и неизвесноста од геополитичките тензии. Дали нè очекува заострување на монетарната политика? Кога може да дојде до раст на каматните стапки?
Отвораме и тема за модернизацијата на платежниот систем – придобивките од SEPA плаќањата и воведувањето на инстант системот TIPS, како и нивното влијание врз граѓаните и компаниите.
Интервју со јасни ставови, конкретни проекции и увид во тоа како ќе се води економската политика во наредните години.
Премиерата на YouTube каналот се емитува денес во 12:00 часот.
Новинар: Наташа Мерсовска
Интервјуа
FinSight | Анчевска: Не е доволно да знаеш што и како – највредни се тие што знаат и зошто
Разговараме со Марина Анчевска за различните нивоа на ангажираност кај вработените и што ги прави некои луѓе значително повредни за организацијата од други.
Според неа, најголем дел од луѓето доаѓаат на работа, знаат што треба да прават и по завршување на обврските си заминуваат дома.
„Голем број луѓе знаат што треба да прават, но тоа е основното ниво“, објаснува Анчевска.
Следното ниво, вели таа, се оние кои покрај тоа што знаат што, знаат и како да ја завршат својата работа.
Но вистинската разлика почнува да се прави кај помал дел од вработените.
„Има луѓе кои знаат што треба да прават, знаат како, но и знаат зошто го прават тоа“, посочува Анчевска.
Највисокото ниво, според неа, го достигнуваат оние кои имаат целосна свесност за својата улога.
„Тие знаат што, како и зошто – но знаат и кои се и за што го прават тоа, односно ја гледаат големата слика“, вели таа.
Сепак, Анчевска нагласува дека не е реално да се очекува секој вработен да функционира на тоа ниво.
„Не мора секој да ја знае големата слика. Клучно е работодавците да знаат како да комуницираат со секој вработен во зависност од нивото на кое се наоѓа“, објаснува таа.
Оттука, улогата на лидерите станува пресудна.
„Затоа на лидерите им е потребен личен раст и развој – за да можат да ги препознаат овие нивоа и правилно да ги водат луѓето“, заклучува Анчевска.
Интервјуа
FinSight | Анчевска: Круто лидерство создава крути тимови – дали менаџерите се подготвени за промена?
Разговараме со Марина Анчевска за улогата на лидерството во организациската култура и влијанието што менаџерскиот стил го има врз вработените.
Според неа, сè започнува од лидерскиот тим – од нивото на свест и насоченоста кон раст и развој.
„Лидерството е многу важно, односно колку е нивото на свест и насоченост кон раст и развој на лидерскиот тим. Оттука тргнува сè“, вели Анчевска.
Таа објаснува дека начинот на кој лидерите управуваат директно влијае врз однесувањето и перформансот на тимовите.
„Ако имаме круто хиерархиско лидерство, тогаш луѓето под лидерите функционираат поинаку отколку кога имаме лидерство насочено кон раст, развој и отвореност“, посочува таа.
Во средини каде што хиерархијата е пофлексибилна, додава Анчевска, комуникацијата е подобра, а вработените се повеќе вклучени и мотивирани.
„Кога има поблага хиерархија, приемчивост и отвореност, целата динамика во организацијата е поинаква“, објаснува таа.
Но, клучното прашање, според Анчевска, останува дали оние кои раководат се подготвени да се менуваат.
Дали крутите менаџери ќе препознаат дека токму нивниот стил е дел од проблемот – и дали ќе направат чекор кон поотворено и развојно лидерство?
-
Банкипред 2 месециНЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година
-
Продуктипред 2 месециДо 120.000 денари финансиска поддршка од Easy Finance – брзо и со транспарентни услови
-
Интервјуапред 2 месециГацов во FinSight: Една неиздадена сметка значи над 60% загуба за државата
-
Кариерапред 1 месецНародна банка бара аналитичари: плата до 83 илјади денари и двегодишен договор
-
Кариерапред 1 месецОглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
-
Кариерапред 1 месецАна Митреска и Игор Величковски предложени за нови вицегувернери на Народната банка
-
Банкипред 2 месециХалк банка нуди потрошувачки кредит до 2,5 милиони денари
-
Анализипред 2 месециКаде е најпрофитабилно да се инвестираат пари во 2026 година?





