Connect with us

Бизнис

Најсреќниот шопинг досега: Откријте ја моќта на Минт Visa за опуштени празници

Објавено

на

Декекмври започна, празничната еуфорија веќе се чувствува во воздухот, а Минт Visa е тука како најдобриот сојузник за празничниот шопинг. Минт Visa е алатката што ви го менува празничното шопинг искуство и ви носи мир, удобност и сигурност во период кога трошоците и обврските лесно можат да станат премногу.

Ако сакате празници со повеќе радост и помалку грижи, време е да аплицирате за Минт Visa. Со Минт Visa купувате брзо, лесно и сигурно во продавници и онлајн, без разлика дали останувате во земјава или во странство. Направете го овој период од годината полесен, поубав и многу поорганизиран.

Како Минт Visa ви го олеснува празничниот шопинг

Во овој период најважното е да се има слобода, флексибилност и сигурност за празничниот шопинг. Минт Visa картичката е модерно финансиско решение кое е совршено за брз, сигурен и беспрекорен празничен шопинг во продавници, онлајн или каде и да ве одведат празничните подготовки.

Со достапни лимити од 6.000 до 300.000 денари и рок на отплата од 2 до 60 месеци, оваа картичка ви овозможува да го испланирате буџетот без притисок и да купувате паметно и без стрес.

Најдобрата дел? Аплицирате онлајн преку Минт Кредит или директно од нашата Mint App апликација, и добивате одговор за само 15 минути. Нема гужви, нема чекање, само чиста празнична магија.

Флексибилни рати за поголема празнична слобода

Со Минт Visa лесно ги распределувате трошоците и купувате без грижа дали ќе ви се наруши празничниот буџет. Големите подароци, домаќински апарати, патувања или декорации – сè можете да платите постепено.

Следење трошоци за паметно управување

Празниците често водат до импулсивни купувања. Но со Минт Visa имате детална контрола преку Mint App, ги следите трошоците, поставувате лимити и точно знаете каде оди секој денар.

Сигурни и брзи трансакции – идеално за празничен хаос

Во време кога трговските центри се полни и кога секој брза да купи нешто во последен момент, Минт Visa обезбедува брзи, бесконтактни и безбедни плаќања. Плус, онлајн купувањето е дополнително заштитено.

Купување онлајн без ризик

Купувањето подароци од интернет е најзгодната празнична алатка. Со Минт Visa добивате сигурносни стандарди што ги штитат вашите лични податоци и трансакции онлајн преку One ID.

Паметни стратегии за шопинг овие празници

За да уживате целосно во празничниот период, потребно е да имате план што ќе ви помогне да купувате паметно и без нервоза. Минт Visa е практичната алатка што го прави тоа возможно.

  1. Планирајте го буџетот навреме. Направете список на подароци,
    декорации и сите трошоци.
  2. Распределете го вашиот буџет по категории. Одвојте износ за поголеми подароци, онлајн купувања, празнични излегувања или патувања.
  3. Следете ги трошоците преку апликацијата. Mint App ви дава целосен увид во реално време за да знаете колку сте потрошиле и што останува од вашиот лимит.
  4. Купувајте онлајн со поголема сигурност. Минт Visa ви нуди заштита при интернет плаќања и ви гарантира безбедна трансакција.

Како да се подготвите за празничните и новогодишни акции со Минт Visa

За најдобар ефект, направете паметна подготовка пред да почнат големите празнични попусти.

  • Проверете ги акциите во омилените продавници и онлајн платформи. Одредете буџет за секоја категорија.
  • Фокусирајте се на рационални купувања, избегнувајте импулсивни избори и искористете ја Минт Visa за најдобрите понуди.
  • Чувајте ги потврдите од купувањата и следете ги сите трошоци за да останете во рамки на планираното.
  • Празниците треба да носат радост, атмосфера и спомени, а не стрес. Со вистинска организација и поддршка од Минт Кредит ќе успеете да го извлечете најдоброто од сезоната.

Предпразничниот период носи многу акции, попусти и специјални понуди, кои неретко се случуваат во различни продавници и онлајн платформи. Минт Visa ви овозможува да купувате каде што ќе најдете најдобра понуда, без да зависите од готовина или различни начини на плаќање.

Направете го овој празничен шопинг најсреќниот досега

Празниците се време за дарување, љубов и убави моменти. Со Минт Visa ќе уживате во секој дел од празничниот шопинг – од првиот купен украс до последниот подарен подарок. Со лимит до 300.000 денари, отплата од 2 до 60 месеци, брзо онлајн аплицирање и одобрување за само 15 минути, вашиот празничен шопинг никогаш не бил поопуштен.

Затоа, подгответе се за најубавата празнична сезона – и уживајте во секој момент со Минт Visa.

ПР објава

Анализи

Германија предупредува: До 2029 година економијата ќе се соочи со недостиг од 723 илјади квалификувани работници!?

Објавено

на

Германија се соочува со сè поголем недостиг на квалификувана работна сила, а до 2029 година бројот на непополнети работни места би можел да достигне околу 723 илјади. Тоа е речиси двојно повеќе од недостигот од околу 370.000 работници регистриран во 2025 година, покажува најновата студија на Институтот за германска економија (IW).

Најголем недостиг се очекува во продажбата, каде што до 2029 година би можеле да останат непополнети околу 39.100 работни места. Следуваат грижата за деца и образованието со недостиг од околу 29.900 работници и социјалната работа и социјалната педагогија со околу 23.600 лица.

Недостигот ќе биде изразен и во здравството и негата, каде што се очекуваат околу 18.700 непополнети позиции, како и во електроизградбата, со дефицит од околу 17.400 квалификувани кадри.

Според авторот на студијата, Александер Бурштеде, главна причина за влошувањето на состојбата е големиот број работници кои во следните години ќе заминат во пензија, додека на пазарот на трудот не влегуваат доволно млади кадри. Дополнителен предизвик е и сè потешкото привлекување квалификувани работници од странство.

Бурштеде предупредува дека евентуалното економско закрепнување би можело дополнително да ја зголеми побарувачката за квалификувана работна сила, со што притисокот врз германскиот пазар на трудот би се зголемил.

Проекциите на Институтот за германска економија (IW) се изработени врз основа на податоци достапни до крајот на 2024 година и укажуваат дека недостигот на кадар ќе биде еден од клучните предизвици за германската економија во наредните години.

Продолжи со читање

Бизнис

Финансиско решение по мерка: Iute со понуда за нови корисници до 60.000 денари

Објавено

на

Iute им нуди на новите корисници можност да обезбедат финансиски средства до 60.000 денари, со отплата на 18 месечни рати и фиксна месечна рата од 4.139 денари.

Според понудата, вкупната заштеда за целиот период на отплата може да достигне 9.414 денари, што ја прави оваа опција погодна за корисници кои бараат однапред познат месечен трошок и јасно дефиниран период на отплата.

Апликацијата е едноставна и брза, а понудата е наменета за нови корисници на Iute.

Со ваквите финансиски решенија, корисниците можат полесно да ги испланираат своите тековни потреби и обврски, со фиксна месечна рата во текот на целиот период на отплата.

Продолжи со читање

Бизнис

Над 900 учесници од 12+ земји ќе се соберат во Скопје на 9.Регионална конференција за е-трговија

Објавено

на

Скопје на 3 ноември повторно ќе биде центар на регионалната e-commerce сцена. Во Националната опера и балет ќе се одржи 9. Регионална конференција за е-трговија – E-commerce Conference 2026, под мотото „From Wait to Go: E-comm at AI Speed!“.

Овогодишното издание ќе обедини над 900 учесници, повеќе од 30 говорници, 50+ партнери и претставници од повеќе од 12 земји, продолжувајќи ја мисијата на конференцијата да ја поврзува e-commerce заедницата од Македонија и регионот на едно место.

Програмата ќе се одвива паралелно на две сцени и ќе ги опфати промените што веќе ја обликуваат иднината на е-трговијата – од генеративна вештачка интелигенција и AI агенти, до дигитален маркетинг, YouTube и видео стратегии, потрошувачко искуство, дигитални плаќања, автоматизација, нови технологии и прекуграничен раст. Главната сцена ќе биде посветена на најважните трендови, искуства и дискусии за иднината на е-трговијата, додека паралелната Hands-on сцена ќе понуди практични сесии, алатки, стратегии и конкретни примери применливи во работењето. Меѓу потврдените говорници се експерти од Google DeepMind, Amazon, LinkedIn и Tesla, заедно со водечки професионалци и претприемачи од регионот.

Посебен фокус и оваа година е ставен на регионалното поврзување, размената на искуства меѓу различни пазари и создавањето нови деловни можности. Конференцијата ќе собере компании за е-трговија, fintech компании, банки, технолошки компании, платформи, агенции и стартапи од повеќе пазари во регионот.

Преку официјалната мобилна апликација, учесниците ќе можат однапред да пронајдат релевантни контакти и да закажат 1-на-1 состаноци, за кои ќе биде обезбедена и посебна зона за состаноци. Дополнителни можности за регионално вмрежување ќе понудат VIP Networking приемот и ексклузивната забава по конференцијата.

Со девет изданија зад себе, конференцијата веќе има изградено силна регионална заедница. Досегашните изданија имаат просечна оценка од 4,62 од 5, а 93% од посетителите би ја препорачале конференцијата.

Деветтото издание се реализира со поддршка на Visa како платинум партнер, КаСис како стратешки партнер, Иуте Македонија како fintech партнер, А1 Македонија како дигитален партнер, Diners Club и Ананас како златни партнери, Комерцијална банка, Сава Пензиско и Халкбанк како сребрени партнери, Минт, Сава Осигурување, Унибанка, Евроинс, РСМ, Акција 24, Пивара Скопје и Зегин како бронзени партнери, како и бројни други партнери и соработници.

Пријавувањето за конференцијата е во тек, а повеќе информации за програмата и билетите се достапни на ecommerceconference.mk.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange