Connect with us
no baners

Банки

Триглав Осигурување Живот АД Скопје со нова можност за корисниците на услуги на Халкбанк АД Скопје – Инвестициско осигурување поврзано со инвестирање во инвестицискиот фонд Генерали Инвестмент АД Скопје

Објавено

на

Инвестициското осигурување на живот претставува одлична можност за животно осигурување и вложување на средства за обезбедување атрактивен принос со умерен ризик. Станува збор за осигурување поврзано со удели во инвестициски фонд и овозможува различни и атрактивни можности за инвестирање на сопствените средства. Почнувајќи од минатиот месец оваа услуга стана достапна за корисниците на услуги на Халкбанк АДСкопје, а сите подетални информации и консултации отсега имате можност да ги добиете во сите експозитури на Банката.

Се на едно место, беше мотото под кое го започнавме овој проект кој спојува три финансиски институции –Банка, Осигурителна компанија и Инвестициски фонд, а се со единствена цел, подобрено корисничко искуство и лесно достапна информација и услуга на секој клиент кој има интерес за обезбедување на финансиска сигурност за себе и своето  семејство.

Инвестициско осигурување кое е комбинација на инвестирање и осигурување, во себе вклучува вложувања поврзани со удели во инвестициски фондови и осигурување на живот за цело времетраење на договорот. Можност да склучат договор за Инвестициско осигурување имаат сите физички лица од 14 до 65 години, а завршува во годината кога осигуреникот ќе наполни 70 години, како и секое правно лице кое е заинтересирано да уплаќа премија за Инвестициско осигурување на живот во име и за сметка на физичко лице.

Соработката на Халкбанк АД Скопје со Триглав осигурување Живот досега се покажа како одлична можност за клиентите на Банката кои досега веќе користат дел од услугите на Триглав Осигурување Живот АД Скопје како што се продажба на Осигурување на Живот со штедење, Детско осигурување со штедење и Осигурување на Живот за корисници на кредит.

Брендот Триглав е препознатлив пред се во делот на високиот степен на исполнување на договорните обврски кон сите учесници во процесот. Мисијата на Триглав е да се обезбеди сигурна и стабилна иднина за сите осигуреници

Сè ќе биде во ред

Банки

Експозитурата „Илинден“ на НЛБ Банка, нов модерен банкарски објект на нова локација

Објавено

на

НЛБ Банка ги отвори вратите на својата експозитура „Илинден“ која од неодамна е преселена на нова локација на Улица 2 бр.1в, кај кружниот тек во населбата Илинден. Новата експозитура сместена на површина од 108м2 претставува модерен, репрезентативенбанкарски објект, чиј деловен модел е обмислен во насока на удобност и функционалност. 

Со внимателен избор на материјали, отворен концепт и интуитивна организација на просторот, експозитурата овозможува поголема ефикасност на работните процеси и унапредено корисничко искуство. 

Во објектот се сместени два шалтера за благајничко работење, канцеларии за кредитирање на физички лица, платен промет и картично работење, како и 24/7 часовна АТМ зона со банкомат за исплата и уплата на готовина, а наскоро ќе биде ставена во функција и самоуслужна машина за уплата на дневен пазар за правни лица, без чекање на шалтер и без посредство на банкарски службеник, чија предност е што средствата многу брзо доспеваат на сметката на правниот субјект.

Новата експозитура во населбата Илинден е дел од пошироката стратегија на НЛБ Групацијата 2025 – 2030 година за модернизација и дигитализација на продажната мрежа, водена од забрзаната технологија и сè поголемата потреба од страна на клиентите за самостојно, едноставно, брзо и безбедно банкарско работење, која истовремено ги рефлектира вредностите на Банката – иновативност, доверба и грижа за клиентите и вработените. 

Експозитурата во Илинден го задржува досегашното работно време и истата ќе работи од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.

Продолжи со читање

Банки

Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и финансиската стабилност

Објавено

на

Гувернерот д-р Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург. Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше потврдена улогата на Народната банка како столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјава.

За време на средбите со високите претставници од ММФ и Светската банка − Јерун Клик, Марникс ван Рај, Марк Хортон и Јуџин Ругенаат − се водеа плодни дискусии за сегашните предизвици на централните банки.

Во рамките на дијалогот беше истакната важноста на координацијата меѓу централните банки и меѓународните финансиски институции за унапредување на финансиската вклученост, дигитализацијата на финансискиот систем и унапредувањето на регулативните рамки. Се разговараше и за начините на кои Народната банка ја поддржува макроекономската стабилност преку ефикасно управување со монетарната политика и силна регулаторна улога.

Овие средби ја потврдија довербата во капацитетот и посветеноста на Народната банка како стабилен и кредибилен партнер, што придонесува кон создавање отпорна и успешна економија, со подобри услови за граѓаните и за стопанските субјекти.

Народната банка и во иднина ќе биде посветена на својата мисија за обезбедување сигурност и стабилност на финансискиот систем, како основа за одржлив економски развој и напредок на земјава.

Продолжи со читање

Банки

Гувернерот Славески на Годишното генерално собрание на БИС

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, учествуваше на Годишното генерално собрание на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), во чии рамки оствари бројни средби со повеќе свои колеги од централните банки од регионот и од светот. На средбите на БИС, покрај гувернерот, учествуваше и вицегувернерката Емилија Нацевска.

На Собранието на БИС беа разгледани и усвоени најновиот извештај за работата на БИС и Годишниот финансиски извештај на БИС за 2025 година, коишто се осврнуваат на политиките на централните банки коишто во изминатите години на неколку последователни кризи ги ублажија последиците од кризите и овозможија задржување на стабилноста во економиите. Беше истакнато дека и натаму се препорачуваат политики коишто ќе обезбедат финансиска и макроекономска стабилност, како и јакнење на финансиските позиции на централните банки. 

Дискусиите во рамките на Годишното собрание на БИС се од исклучително значење за согледување на предизвиците со кои се соочуваат централните банки секојдневно и за утврдување на мерките и активностите за нивно надминување, но и за подготовка за идните трендови во работењето што ги носи дигитализацијата, имајќи ја предвид улогата на БИС во меѓународната соработка за поддршка на монетарната и финансиската стабилност. Народната банка е полноправна членка на БИС со уште шеесет и две централни банки и монетарни институции од светот, коишто учествуваат и имаат право на глас на Генералното собрание.

Продолжи со читање

Популарно

no baners