Банки
Станбен кредит од Комерцијална банка со најдолг рок на отплата, а сега и без трошоци за одобрување и процена
Новиот дом нека биде новата радост за целото семејство. Со Станбениот кредит на Комерцијална банка, сега и без трошоци за одобрување и процена во промотивниот период до 30.06.2023 година, обезбедете си нов дом и уживајте во привилегијата да имате најниска месечна рата.
Покрај најдолг рок на отплата до 40 години, Комерцијална банка со Станбениот кредит ви овозможува и бројни други поволности затоа што кредитот е без провизија за предвремена отплата и со ниски каматни стапки. Достапен е и со опција за вклучено животно осигурување преку Триглав Осигурување Живот АД Скопје, а сѐ со цел да добиете финансиско решение кое ќе ги задоволи и вашите желби и вашите потреби.
Кредитот е наменет за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор, како и за купување градежно земјиште или недвижен имот во странство.
Преку следниот линк дознајте повеќе за Станбениот кредит на Комерцијална банка, пресметајте рата и поднесете податоци за да ве контактираат вработените на Банката.
Банки
Извештај на ЕК: Висока усогласеност со ЕУ во делот на монетарната политика
Усогласеноста во делот на монетарната политика со европската регулатива, стандарди и практики и натаму е на високо ниво, се наведува во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата. Во извештајот се нотира дека монетарната политика беше соодветно поставена за справување со високата инфлација, како и дека инфлацијата е намалена од 19,8% во октомври 2022 година на 2,2% во август 2024 година. Во Извештајот се нагласува и потребата од дополнителни законски измени за зајакнување на одредбите за независноста на централната банка.
„Основната цел на централната банка е да постигне и одржува ценовна стабилност. За да ги ограничи инфлацијата и инфлациските очекувања и притоа ја поттикне денаризацијата, централната банка ја зголеми основната камата, а реагираше и преку повлекување на ликвидност и преку задолжителната резeрва“, се наведува во Извештајот и се посочува дека централната банка престанала со затегнувањето на монетарната политика, штом се олабавиле инфлациските притисоци.
Европската комисија посочува дека банкарскиот сектор покажа дека е отпорен, додека макропрудентната рамка беше зајакната. Адекватноста на капиталот е значително повисока од регулаторните барања. Ликвидноста е висока, додека уделот на нефункционалните во вкупните кредити е на историски најниско ниво. Макропрудентната рамка е понатаму зајакната, со тоа што Народната банка продолжи да ја зголемува стапката на контрацикличниот капитал и воведе макропрудентни мерки за надминување на ризиците кај пазарот на недвижности.
Зајакнувањето на правната и институционалната рамка за обезбедување финансиска стабилност, исто така е истакнато во рамките на Извештајот, при што е посочено дека централната банка продолжила да ги унапредува механизмите за следење на ризици и усогласување на супервизорската рамка со барањата на ЕУ. Акцент во извештајот се става на донесениот Закон за решавање на банки за кој во тек е изработката на подзаконските акти.
Во извештајот се посочува и носењето на Законот на плаќања и платни системи во контекст на усогласувањето со европските директиви, како и поднесувањето на апликацијата за членството на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Исто така се истакнува дека централната банка отворила посебна организациска единица за заштита на потрошувачите и разгледување на нивните поплаки.
Банки
Александар Стојчевски е најдобриот банкарски службеник од Централна кооперативна банка за 2024 година
На настанот по повод Светскиот ден на штедењето, кој се одржа на 31.10.2024 година, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити, беа избрани најдобрите банкарски службеници со постигнати особени резултати во нивната работа.
Како и секоја година, одбележувајќи го Светскиот ден на штедењето, Централна кооперативна банка АД Скопје избра најдобар банкарски службеник, кој се истакна во своето работење и покажа високи остварувања во делот на клиентската услуга и продажбата за 2024 година.
Александар Стојчевски од Централна кооперативна банка ја доби наградата за најдобар банкарски службеник во 2024 година.
“Честитаме на Александар Стојчевски – соработник за клиeнтска услуга во Експозитура Пробиштип и му посакуваме успех во понатамошното работење!” – велат од Банката.
Банки
Бојан Штерјовски е најдобриот банкарски службеник од ТТК Банка за 2024 година
На настанот по повод Светскиот ден на штедењето, кој се одржа на 31.10.2024 година, во организација на Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити, беа избрани најдобрите банкарски службеници со постигнати особени резултати во нивната работа.
Со големо задоволство, ТТК Банка АД Скопје оваа година го номинираше Бојан Штерјовски, раководител на одделот за работа со население, за најдобар банкарски службеник.
“Неговата исклучителна професионалност, стратешко размислување и посветеност кон работата беа препознаени од страна на ТТК Банка. Честитки колега за ова заслужено признание! Веруваме дека истото ќе биде поттик за уште поголеми идни остварувања ТТК Банка АД Скопје останува посветена на развојот на потенцијалот на своите вработени, поттикнувајќи иновации и одржливи резултати во сите сегменти на работењето.” – велат од Банката.
- Банкипред 1 месец
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Продуктипред 1 месец
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 1 месец
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 1 месец
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 1 месец
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери
- Банкипред 1 месец
Комерцијална Банка: Исплатата на пензиите за септември започнува на 01 октомври
- Вработувањепред 3 недели
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Колумнипред 2 недели
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!