Connect with us
no baners

Продукти

Префрли плата, фиксирај рата – нова понуда од Шпаркасе Банка за сите нови приматели на плата

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје со нова атрактивна понуда за сите заинтересирани клиенти – „Префли плата, фиксирај рата“. Со оваа уникатна понуда, сите клиенти што ќе ја префрлат својата плата во Шпаркасе Банка, ќе добијат единствена можност да аплицираат за потрошувачки, станбен или хипотекарен кредит со фиксна и атрактивна каматна стапка на 10 години за рефинансирање на своите обврски или нови потреби.

Во време на зголемена несигурност и растечки тренд на каматните стапки, со воведувањето на понудата за фиксна каматна стапка на 10 години – Префли плата, фиксирај рата, Шпаркасе Банка има за цел да им понуди на клиентите прецизно планирање на личните финансии и на месечните трошоци, преку обезбедување фиксна каматна стапка за нивниот кредит за следните десет години.

За да ги дознаете сите поволности што Банката ги нуди со оваа нова понуда, посетете ја веб-страната на Банката на следниот ЛИНК.

Шпаркасе Банка се грижи за финансиското здравје на своите клиенти, верува во иднината и настојува секогаш да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти во актуелното динамично опкружување.

Групацијата Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа и опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, Групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 34 експозитури.

Банки

Плати на пријател – брзо и едноставно префрлување средства преку Шпаркасе Банка

Објавено

на

Шпаркасе Банка нуди практична услуга која им овозможува на корисниците брзо и едноставно да префрлаат средства на свои пријатели. Со опцијата „Плати на пријател“, корисниците можат лесно да извршат трансфер на пари кон лице кое има сметка во Шпаркасе Банка.

Услугата е дизајнирана да ја поедностави постапката за плаќање, бидејќи за испраќање средства е доволно само да се избере контактот на примачот директно од телефонскиот именик. На овој начин се избегнува рачно внесување на податоци за сметка, што го прави процесот побрз и попрактичен.

Со „Плати на пријател“, корисниците добиваат модерно и удобно решение за секојдневни трансакции, овозможувајќи им со неколку чекори да префрлат средства до своите пријатели.

Продолжи со читање

Банки

НЛБ Банка со специјална понуда за 8 Март: до 8% дополнителен кешбек со НЛБ haPPy картичките

Објавено

на

НЛБ Банка подготви специјална промотивна понуда по повод 8 Март, со која корисниците на НЛБ haPPy кредитната картичка ќе можат да добијат дополнителен кешбек при купување.

Во периодот од 6 до 8 март, клиентите кои ќе купуваат со НЛБ haPPy картичката во партнерската мрежа на haPPy ќе добијат дополнителен кешбек од 8 проценти за секоја трансакција, за износ на купување до 8.000 денари.

Од Банката информираат дека сите заинтересирани кои сè уште немаат НЛБ haPPy кредитна картичка можат едноставно да аплицираат директно од својот телефон преку мКлик мобилната апликација и да ја искористат промотивната викенд-акција.

НЛБ haPPy е кредитна картичка која им овозможува на корисниците поврат на средства (кешбек) при секое купување, со што секојдневните трансакции стануваат уште поисплатливи.

Продолжи со читање

Банки

Капитал Банка со поволни услови за ЕКО ДРАЈВ кредит за набавка на возило

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје нуди можност за финансирање на набавка на возило преку ЕКО ДРАЈВ кредит, наменет за сите кои сакаат поголема слобода во патувањата и нови дестинации со семејството или пријателите.

Со овој кредитен производ клиентите можат да обезбедат средства за купување возило со поволна фиксна каматна стапка и флексибилни услови за отплата. Каматната стапка изнесува 4,5 проценти фиксно, а рокот на отплата може да достигне до 84 месеци. Максималниот износ на кредитот е до 50.000 евра.

Од банката посочуваат дека ЕКО ДРАЈВ кредитот е наменет за сите кои сакаат своите патувања да ги претворат во нови искуства и спомени.

Повеќе информации граѓаните можат да добијат во најблиската експозитура на Капитал Банка или на телефонскиот број 02/3102-500. Информации се достапни и на веб-страницата на банката.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange