Connect with us

Банки

Шпаркасе Банка со поволна понуда за пациенти на очната болница „Деница“

Објавено

на

Шпаркасе Банка креираше специјална понуда наменета за пациентите на Очната болница „Деница“, која важи исклучиво за плаќање на услугите во болницата.

Па, така, клиентите можат да аплицираат за потрошувачки кредит со фиксна каматна стапка од 4,99% за првите две години, како и рок на отплата до 48 месеци на максимален износ до 180.000 денари, со вклучено кредитно животно/неживотно осигурување и без жиранти. Дополнително, со оваа понуда клиентите добиваат и дополнителни поволности за други кредитни производи од Банката, и тоа: без членарина за првата година за кредитна картичка и без надоместок за управување на пречекорување за првата година.

„Ние како банка што континуирано се грижи за здравјето и за потребите на своите клиенти, сметавме дека може дополнително да придонесеме во олеснување и подобрување на нивната здравствена состојба, па се одлучивме соработката со очната болница „Деница“ да ја кренеме на едно повисоко ниво. Токму затоа воведовме специјална понуда што важи исклучиво за плаќање на услугите од болницата на пациентите на ’Деница’. Задоволни сме што на овој начин можеме барем малку да им ја олесниме моменталната состојба и финансиските грижи околу здравствените услуги на нашите клиенти и на тој начин да дејствуваме во согласност и со нашиот корпоративен слоган – “Верувај во иднината“ – изјави г-ѓа Нина Неданоска, заменик-претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

„Посветеноста, иновативноста и отвореноста продолжуваат да бидат клучните столбови на кои се темели Специјалната очна болница ‘Деница’ од Скопје. Врвната здравствена грижа која интегрира високопрофесионален кадар, од една страна, и беспрекорна техничко-технолошка опременост од друга страна, пак, се наша карактеристика што постојано се надоградува и се унапредува. Во таа смисла, соработката со една реномирана финансиска институција како Шпаркасе Банка е манифестација на нашата заедничка општествена одговорност кон заедницата, која има за цел спектарот на офталмолошките услуги на ’Деница’ да бидат уште подостапни до најширокиот круг наши сограѓани“ – изјави г-ѓа Сања Угриновска Спасеновска, генерален менаџер на Специјалната очна болница „Деница“.

Шпаркасе Банка континуирано дејствува во интерес на трајните вредности какви што се здравјето и општата благосостојба на клиентите. Истовремено, Банката се труди најпрофесионално да ги продлабочи соработките со деловните партнери и соработници, градејќи стабилни врски на долг рок, за иднина каква што заслужуваат сите нивни клиенти.

Шпаркасе Банка е членка на групацијата Ерсте и Штаермаркише Шпаркасе, која е една од водечките групации во областа на финансиски услуги во Средна и Источна Европа, а за нејзината стабилност и традиција зборува фактот за непрекинато работење од близу 200 години. Групацијата опслужува повеќе од 17 милиони клиенти преку 3.200 експозитури. Во Македонија, групацијата е застапена со Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг и опслужува повеќе од 120.000 клиенти во 36 експозитури.

no baners

Банки

Средба Славески – Варнс: Стабилниот финансиски систем и модерните платни решенија се основа за инвестиции и економски раст

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија Никол Варнс, на која беа разменети мислења за економските текови, институционалниот развој на Народната банка и реформските процеси насочени кон поддршка на економскиот раст и евроинтеграцијата.

На средбата беше истакнато дека Народната банка постојано го јакне својот институционален капацитет преку бројни развојни проекти, со посебен акцент на модернизацијата на платните системи. Современите и ефикасни платни решенија придонесуваат за поголема сигурност, побрз проток на финансиски средства и олеснување на деловното работење, што е значајно за подобрување на инвестициската клима.

Гувернерот Славески нагласи дека одржувањето на макроекономската стабилност и финансиската стабилност е врвен приоритет на Народната банка, како основа за создавање стабилни и предвидливи економски услови, заради поттикнување на домашните и странските инвестиции и за одржлив економски раст.

Во разговорот, гувернерот Славески се осврна и на пристапувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), оценувајќи дека станува збор за историски чекор за македонската економија. Тој посочи дека со пристапувањето кон СЕПА, на македонските граѓани и компании им се овозможи да вршат побрзи, поефикасни и поевтини плаќања во евра, и тоа уште пред полноправното членство на земјава во Европската Унија.

Гувернерот нагласи дека со воспоставувањето клон на ТИПС, развиен со поддршка на Европската централна банка, се официјализира почетокот на современ систем за инстант плаќања, што претставува значаен исчекор во модернизацијата на националната платежна инфраструктура и нејзиното регионално поврзување со земјите од Западен Балкан и со европскиот платежен простор. Со овој систем ќе се овозможи извршување плаќања во реално време, 24 часа дневно, седум дена во неделата, при што најголемиот дел од трансакциите ќе се обработуваат за неколку секунди. Новите решенија ќе овозможат едноставно иницирање плаќања, што ќе придонесе за побрзи, посигурни и поевтини трансакции за граѓаните и компаниите, како и за поефикасно работење на трговците.

Соговорниците ја потврдија подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката и размената на искуства во областите од заемен интерес, заради поддршка на економската стабилност и реформските процеси во земјава.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка како партнер на НСРР ја продолжува поддршката за родова рамноправност и финансиска независност на жените

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година ја потврдува својата општествена одговорност преку континуирана поддршка на Националниот совет за родова рамноправност (НСРР), продолжувајќи ја својата мисија за помагање, охрабрување и едуцирање на жените за зајакнување на нивната финансиска независност.

Како дел од оваа заложба, Комерцијална банка финансиски ќе го поддржи проектот „Дигитализација и дигитална видливост на услугите на Советувалиштето и СОС линијата при НСРР“, со цел унапредување на пристапноста до поддршка и информации за жените кои се соочуваат со различни животни и социјални предизвици.

Во рамките на акцијата „Биди своја, биди силна!“, Комерцијална банка активно ќе придонесува кон охрабрување и мотивирање на жените да носат информирани и правилни финансиски одлуки, да изградат финансиска сигурност и полесно да ги надминат предизвиците на начин што обезбедува самостојност и заштита.

Со континуираната поддршка на активностите на НСРР, Банката ја потврдува својата заложба за родова еднаквост и за достапна, целосна поддршка на жените во сите аспекти на финансиското и социјалното делување.

Продолжи со читање

Банки

Шпаркасе Банка повторно ја доби сертификацијата „Фер финансиски услуги за потрошувачите“ – потврда за транспарентност и грижа за клиентите

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ја обнови сертификацијата „Фер финансиски услуги за потрошувачите“, доделена од Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ), со што уште еднаш ја потврди својата посветеност на транспарентно, одговорно и етичко работење.

Ова признание претставува потврда за континуираниот фокус на Банката кон фер услови, јасна комуникација и заштита на интересите на клиентите, како и за примената на највисоки стандарди во односите со потрошувачите.

Обновената сертификација обезбедува дополнителна стручна поддршка, релевантни увиди за корисничкото искуство и унапредување на добрите практики во финансискиот сектор.

Со вакви активности, Шпаркасе Банка продолжува да ја гради довербата на клиентите преку јасен и коректен пристап, поставувајќи ги нивните реални потреби во центарот на своето работење и потврдувајќи ја својата улога како одговорен и стабилен финансиски партнер.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange