Connect with us

Банки

Шпаркасе Банка од денес (25.04.2023г.) започна со предвремена исплата на априлските пензии

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје ги известува своите клиенти – пензионери дека од денес (25.04.2023 година – вторник) започна со исплата на пензиите за месец април 2023 година за сите корисници на пензии кои имаат картички.

Со пензиите клиентите можат да располагате веднаш, доколку се корисници на дебитни картички за подигнување на готовина од банкомат. Од Шпаркасе Банка препорачуваат да се користи широката мрежа од 120 банкомати на Шпаркасе Групацијата кои се достапни во Република Северна Македонија или да плаќате безготовински при пазарење кај трговците.

Клиентите кои не користат платежни картички, ќе можат да ја подигнат пензијата преку шалтер во експозитурите на Банката согласно следниот распоред на исплата, кој е составен во 4 групи според висината на пензијата:

  • Во вторник, 25.04.2023 год, ќе се ислатат пензиите со износ до 11.000 денари;
  • Во среда, 26.04.2023 год,  ќе се исплатат пензиите од 11.001 до 14.000 денари;
  • Во четврток, 27.04.2023 год, ќе се исплатат пензиите од  14.001 до 18.000 денари;
  • Во петок, 28.04.2023 год, ќе се исплатат пензиите над 18.001 денари.

Подигнувањето на готовина од банка ќе се врши исклучиво според наведениот редослед и корисник со висина на пензија која не е на распоредот нема да биде опслужен!

За поголема заштита на Вашето здравје, од Шпаркасе Банка АД Скопје упатуваат за намалена посета на експозитурите и избегнување на чекање редови на шалтерите. Клиентите кои имаат платежни картички може да си ги користат директно на продажните места, како и да ги користат услугите за електронски плаќања преку електронското банкарство NetBanking и мобилното банкарство S-Banking.

Доколку сепак клиентите се одлучат да ги подигнат средствата преку шалтерите во експозитурите на Банката, од Шпаркасе Банка АД Скопје замолуваат за придржување кон препораките за дезинфекција на рацете, посебниот режим за влез на најмногу 2 лица во експозитурата, како и одржување на минимално растојание од 2 метри од останатите клиенти.

Банки

КРИЗА ВО ГЕРМАНСКИОТ БАНКАРСКИ ГИГАНТ – Дојче банк ќе отпушта две илјади вработени и ќе ја намалува мрежата на филијали!?

Објавено

на

Германскиот банкарски гигант „Дојче банк планира да намали околу 2.000 работни места во текот на оваа година, во рамки на стратегијата за оптимизација на трошоците, пренесува „ДПА“.

Во согласност со долгорочниот тренд на реструктурирање, банката дополнително ќе ја намали својата мрежа на филијали. Овој потег е дел од тековните процеси на прилагодување кон новите пазарни услови и зголемениот фокус на дигиталните финансиски услуги.

Извршниот директор на „Дојче банк“, Кристијан Севинг, на конференцијата организирана од „Морган Стенли“ истакна дека во наредниот период ќе се реализира значителен број затворања на филијали. Тој нагласи дека трошоците поврзани со овие мерки се веќе пресметани во тековните финансиски планови на банката.

Портпаролот на „Дојче банк“ потврди дека процесот на затворање на филијали е дел од претходно најавените мерки за оптимизација, додавајќи дека банката не воведува нова програма за намалување на трошоците.

Во согласност со новата деловна стратегија, „Дојче банк“ го префрла фокусот кон дигиталното банкарство, при што се планира значително зголемување на видео и телефонските консултации за приватни клиенти, се вели во извештајот на „ДПА“.

Продолжи со читање

Банки

ХАЛКБАНК УШТЕ ЕДНАШ НА ДЕЛО ЈА ПОКАЖА СВОЈАТА ГОЛЕМИНА – донираше 50.000 евра како поддршка за погодените од трагедијата во Кочани

Објавено

на

Со длабоко сочувство и емпатија, Халкбанк АД Скопје стои во поддршка на сите погодени од трагедијата во Кочани. Во знак на солидарност, Банката донираше 50.000 евра на наменскиот фонд на Црвениот крст на Македонија, со цел да им помогне на семејствата на загинатите и повредените.

„Со голема тага ја примивме веста за оваа трагедија и изразуваме најискрено сочувство до семејствата настраданите. Нашите мисли се и со повредените, на кои им посакуваме брзо закрепнување и сила за надминување на овие тешки моменти“, велат од Халкбанк.

Халкбанк АД Скопје и понатаму ќе остане посветена на поддршката на заедницата, особено во моменти кога е најпотребна.

Продолжи со читање

Банки

НАРОДНА БАНКА ГО ИЗДАДЕ РЕШЕНИЕТО – Хедвика Усеник го замени Блаж Бродњак како претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

„Ве известуваме дека на ден 17.03.2025 година од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност г-ѓа Хедвика Усеник да биде именувана за член на Надзорниот Одбор на НЛБ Банка АД Скопје со мандат  до 30.08.2025 година“, се вели во соопштението на НЛБ Банка, објавено на Македонска берза. 

Банкарство и претходно објави дека Хедвика Усеник ќе го менува Блаж Бродњак на претседателската функција во Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје. Блаж Бродњак поднесе оставка од функцијата Претседател на Надзорниот Одбор на ден 10.10.2024 година.

Со издавање на Решението од Народната банка, престанува мандатот на г-дин Блаж Бродњак, досегашен Претседател на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

Хедвика Усеник е магистер по бизнис и администрација која од мај 2022 година ја извршува функцијата член на Управниот одбор на НЛБ д.д во Љубљана. Таа е добро позната во нашиот банкарски сектор, бидејќи и во минатото беше член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка во периодот од 2018 до 2020 година.

Мандатот на г-ѓа Хедвика Усеник како член на Надзорниот одбор ќе трае до 30.08.2025 година.

Продолжи со читање

Популарно