Connect with us

Uncategorized

Проширување на котација на државни обврзници во вредност од 2,1 милијарди денари

Објавено

на

Македонска берза АД Скопје ја известува јавноста дека согласно Барањето бр.15-2790/1 од 29.03.2023 година и Барањето бр.15-2160/1 од 08.03.2023 година од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од денес (04.04.2023 година) на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници со следните карактеристики:

1) Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 688.800.000,00 МКД
Број на издадени хв: 68.880
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 30.03.2023
Датум на достасување: 30.03.2038
Каматна стапка: 5,90%
Шифра на тргување: M300338
ИСИН: MKMINF20GZ49

2) Вид на хв: државни обврзници со девизна клаузула
Вредност на емисијата: 309.150.000,00 МКД
Број на издадени хв: 30.915
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 30.03.2023
Датум на достасување: 30.03.2038
Каматна стапка: 5,65%
Шифра на тргување: M300338D
ИСИН: MKMINF20GZ56

3) Вид на хв: државни обврзници без девизна клаузула
Вредност на емисијата: 1.126.910.000,00 МКД
Број на издадени хв: 112.691
Номинална вредност на една обврзница: 10.000 МКД
Датум на издавање: 03.03.2023
Датум на достасување: 03.03.2038
Каматна стапка: 5,90%
Шифра на тргување: M030338
ИСИН: MKMINF20GZ31

Uncategorized

АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА ТРИЈАТ РАЦЕ – Банката изврши исплата на дивиденда на нето износ од 2.372 денари по акција

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје информира дека на ден 25.06.2024 година изврши исплата на дивиденда согласно Одлуката за определување на износ на дивиденда и утврдување на дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје на Собранието на акционери од 29.05.2024 година.

Вкупниот износ на дивиденда кој им се исплаќа на акционерите изнесува 2.251.304.796 МКД. Износот на бруто дивиденда по акција изнесува 2.636 МКД.

Исплатата на дивиденда се изврши за сите акционери кои имаат сметки во НЛБ Банка АД Скопје и за акционерите кои имаат доставено уредни инструкции за исплата на дивиденда во предвидениот рок.  

Продолжи со читање

Uncategorized

Александра Радевска ќе продолжи да раководи со Стопанска банка а.д. Битола и во наредниот период

Објавено

на

Досегашниот прв човек на Стопанска банка а.д. Битола, Александра Радевска ќе продолжи да раководи со Банката и во наредниот период.

„Врз основа на Одлука од Надзорен одбор бр. 02-6042/1/I.1-1 од 16 мај 2024 година и Решение за издавање претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-8878/11 од 4 јуни 2024 година, за член и претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е именувана г-ѓа Александра Радевска“, се вели во соопштението на Стопанска банка а.д. Битола објавено на Македонска берза.

Александра Радевска по професија е дипломиран економист од областа сметководство и ревизија, а подоцна и магистeр по економски науки од областа на сметководството и ревизијата. Од 2013 година, од страна на Советот за унапредување и надзор на ревизијата добива лиценца за вршење на работи на ревизија за овластен ревизор.

Радевска, покрај нејзиниот работен ангажман, од април 2013 година ја врши функцијата член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола, а од септември 2019 година е член и претседател на Одборот за ревизија на Банката.

Таа ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола во неколку мандати од април 2013 година до јуни 2023 година.

Од јуни 2023 година, Александра Радевска е член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, а под нејзина одговорност се следниве сектори: Сектор за управување со ризик, Сектор за финансии, Сектор за контрола на усогласеност на Банката со прописите и спречување перење пари и финансирање тероризам, Сектор за управување со инвестиции и имот и Сектор за правни работи и решавање проблематични пласмани.

На ден 9.11.2023 година со одлука на Надзорен Одбор бр. 02-15514/1/I-9 г-ѓа Александра Радевска е именувана за претседател и член на Управен одбор.

Продолжи со читање

Uncategorized

Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од годинава пораснал за 1,2 проценти

Објавено

на

Бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од годинава забележа раст од 1,2 проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 4,8 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто – домашниот производ е 72 отсто. 

Извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 6 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 0,5 проценти. 

Според проценетите податоци на ДЗС, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2023 година е 0,9 проценти. 

За споредба стапката на раст на БДП во третото тримесечје од 2023 година била 1,2 отсто. 

Продолжи со читање

Популарно