Connect with us

Банки

Признание од АмЧам за Комерцијална банка за донациите во јавното здравство како најдобри практики за корпоративна филантропија

Објавено

на

Комерцијална банка со голема чест и задоволство го прими признанието од АмЧам за донациите во јавното здравство како најдобри практики за корпоративна филантропија.

Проектот на Банката, „Донираме за подобро јавно здравство“ во 2023 година беше избран од страна на АмЧам и Конект меѓу шесте најдобри практики за корпоративна филантропија во рамките на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“.

Со своите значајни и вредни донации Комерцијална банка придонесе за подобрување на квалитетот на јавното здравство за време на Covid-пандемијата и по неа. Комерцијална банка за време на Covid-пандемијата донираше опрема и финансиски средства во јавното здравство во вредност од над 620.000 евра. Значајната поддршка продолжи и во 2023 година, кога Банката со донација во вредност од околу 5.000.000 денари комплетно го реновираше Одделот за ревматологија и кардиологија при Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.

Имајќи ги предвид состојбите во јавното здравство и важноста на услугите за здравјето на граѓаните, Комерцијална банка продолжи со својот филантропски придонес во овој важен сегмент од општеството. Со финансиска поддршка од Банката на Клиниката за токсикологија се гради нов ургентен клинички центар.

Банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 9 декември 2024 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 9 декември (понеделник) поради прослава на празникот „Св. Климент Охридски“.

Комерцијална банка ги известува своите клиенти дека за подигнување и уплата готовина може да ги користат банкоматите на Банката, а за други финансиски трансакции на располагање ги имаат веб и мобилните апликации Интернет банка и мБанка.

За корисниците на платежни картички, 24/7 во Скопје се отворени дигитализираната експозитура на Комерцијална банка на улица Македонија и дигиталните делови од експозитурите ГТЦ, Бисер, Буњаковец, Ист Гејт Мол, Ѓорче Петров, 11 Октомври, Автокоманда, Драчево и Лептокарија и во експозитурите во Дебар, Неготино и во Охрид.

Продолжи со читање

Банки

Како Халкбанк, кампања по кампања, го руши стереотипот за банките, перцепцијата за финансиските институции и начинот на кој ја информира јавноста

Објавено

на

Кога станува збор за финансиските брендови, постојат вечни предизвици за тоа на кој начин да се оствари комуникација што ќе може да ја разгори имагинацијата и да создаде некое емоционално влијание кај јавноста, а сепак да остане доволно втемелена и веродостојна за публиката.

На нашиот пазар, како еден од успешните примери за тоа како умешно, креативно и инспиративно може една банка да информира за своите услуги е примерот на Халкбанк, која годинава во низата реализирани, впечатливи кампањи заедно со Меккен Скопје успеа неколку пати да се искачи на пиедесталот на светската и регионална креативност со кампањата за стартап-пакет.

Освен на светскиот фестивал „Golden Drum“ во Порторож, каде што освои сребрена и бронзена награда, кампањата триумфираше и на „Кактус“, престижниот регионален фестивал за интегрирани комуникации, со уште две награди: прва награда за најдобар дигитален поткаст и прва награда за најдобра кампања за надворешно рекламирање.

Освен наградите на овие два фестивали, од светски познатата платформа „Mad Over Marketing“, која брои милиони љубители на креативните индустрии, пристигна и наградата за Најдобро OOH решение за лансирање производ на OOHWards 2024.

Она што ја издвои кампањата за стартап како една од најуспешните се елементите на храброст, досетливост, креативност и иновативност. Покрај забавните ТВ-реклами што беа дел од кампањата, со цел да ја пренесе својата порака за производ што е наменет за млади и храбри претприемачи, банката реализираше и цел серијал со инспиративен и едукативен поткаст.

Зборувањето за финансиската писменост на поткаст не е ништо револуционерно, ниту, пак, е изненадување според своите форма и содржина. Разликата е во пристапот. Содржината што регионалната креативна заедница ја препозна како поинаква е таква токму поради мешавината на креативни состојки во неа: супершармантна водителка, непретенциозен пристап кон проблематиката, избегнување патронизирачки тон кон оние што допрва се охрабруваат да започнат свои стартап-бизнизи, избор на гости што се „слика и прилика“ на целната група кон која е наменета оваа содржина, опуштената средина што изгледа како гаража (сепак, најголемите компании започнале во гаражи, нели?). Потврдено е дека ова е победничка комбинација на елементи што Халкбанк и Меккен Скопје мајсторски ги дозираа во дигиталниот простор.

Но, она што ја направи кампањата за стартап една од најдобрите е тоа што оваа кампања употреби креативни решенија што знаат да изненадат, буквално, од зад аголот каде што најмалку очекувате.

На навистина виртуозен, но истовремено и ненаметлив начин, креативните тимови на Халкбанк и Меккен Скопје го препознаа просторот гаража како место каде што започнува сè: љубов, музика, идеи, бизнис.

Гаражите се места каде што започнува и градска, урбана, но и индивидуална, интимна историја.

Токму тој простор беше избран за надворешно огласување на пакетот услуги наменет за нови идни претприемач/-ки. Сè што некогаш е потребно е охрабрувачка порака онаму каде што најмалку ја очекувате – пред гаражите до вашиот дом – со цел нештата да добијат сосема поинаков тек.

Што значи сето ова за македонската креативна индустрија?

Едноставно кажано – креативното изразување во нашата земја е веќе на повисоко ниво. Навистина е огромен успех дома да се донесат злато, сребро и бронза од светот и од регионот. Овие награди и признанија во компетитивниот креативен свет, без исклучок, се катализатор, забрзување и мотивирање на креативните умови низ државата.

Оваа година беше година во која Халкбанк и Меккен Скопје ги освоија гласовите на креативните професионалци, но и на јавноста, и ни докажаа дека искрениот, ненаметлив и храбар пристап во комуникацијата навистина вреди злато.

Продолжи со читање

Банки

ПроКредит Банка во соработка со ЕБОР започна серијал на едукативни работилници за градење вештини за жени претприемачи

Објавено

на

ПроКредит Банка, во партнерство со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), го започна серијалот на работилници за градење вештини за жени претприемачи со темата „Ефикасно одредување цени и прилагодување на цените на производите и услугите“. Настанот, кој се одржа во просториите на банката, беше организиран како дел од програмата „Жени во бизнис“, која има за цел да ги поддржи жените претприемачи во Македонија, не само преку понуда на финансиски услуги, туку и преку едукативни и консултативни активности.

Преку интерактивното предавање на Гојко Вучиниќ, виш финансиски експерт од Frankfurt School of Finance and Management, учесниците се запознаа со практични и корисни совети за управување со цените како еден од клучените фактори за одржливост и конкурентност на бизнисите. Учесничките имаа можност да научат за различни методи на одредување цени, анализа на деловни и ценовни стратегии, како и техники за адаптирање на цените во зависност од пазарните услови.

Дополнително, учесниците имаа можност да слушнат инспиративна претприемничка приказна од Загорка Блажевска, сопственичка на „Вита Нова“, која го сподели својот пат од идеја до успешен бизнис.

„Финансиската едукација е клучен фактор за развојот на претприемачките капацитети на жените во Македонија. Програмата Жени во бизнис и иницијативи како оваа работилница се само дел од палетата нефинансиски услуги кои ги нудиме на нашите клиенти, а  кои  заедно со финансирањето се клучни за градење стабилни и конкурентни бизниси кои ќе го поттикнат економскиот раст“, изјави Ана Николова, Директор на сектор за мали претпријатија во ПроКредит Банка.

Свое обраќање имаше и Маја Столевска Костадинова, Менаџер на националната програма за советување на бизниси при ЕБОР, која ја потенцираше стратешката поддршка која Европската Банка за обнова и развој ја дава на локалната економија преку систематизирани иницијативи за помош на локалните бизниси за дигитализација, инклузија и зелени инвестиции.

Програмата Women in Business нуди целосен пакет на финансиски услуги прилагодени на потребите на жените претприемачи, вклучувајќи олеснет пристап до финансии без потреба од колатерал, консултативна поддршка од личен банкарски советник, комплетни решенија за дигитално банкарство и дополнителни бенефити за бизнисот и вработените. Покрај финансиските услуги, програмата нуди и нефинансиски услуги како едукативни работилници, менторства и настани за вмрежување. Овие активности им овозможуваат на жените претприемачи да се поврзат со истомисленици и да ги прошират своите професионални мрежи.

Семинарот претставува уште еден чекор кон зајакнување на улогата на жените во деловниот свет, а ПроКредит Банка и ЕБОР повторно ја покажаа својата посветеност на создавање на подобри услови за претприемачките во нашата држава.

За повеќе информации за програмата „Жени во бизнис“ посетете ја веб-страницата на ПроКредит Банка.

Продолжи со читање

Популарно