Connect with us

Банки

Шпаркасе Банка станува генерален спонзор на Првата женска кошаркарска лига

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје и Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ) официјално потпишаа договор за соработка, со кој Шпаркасе Банка АД Скопје станува генерален спонзор на Првата женска кошаркарска лига.

Од новата натпреварувачка сезона, лигата ќе го носи името „Sparkasse Life Прва лига жени“, што претставува стратешки и значаен чекор кон поддршка и афирмација на женската кошарка во државата.

Женската кошарка во Македонија долги години се соочува со низа предизвици како недостиг на финансиска поддршка и низок интерес од јавноста. и недоволна институционална поддршка. Последниот позначаен успех беше забележан во 2012 година, кога женската репрезентација го освои второто место на Европското првенство за мали земји. Ова спонзорство доаѓа во момент кога потребата од инвестиции во женскиот спорт за негов раст и развој е поизразена од кога било.

Преку ова партнерство, Шпаркасе Банка АД Скопје ја потврдува својата долгорочна заложба за унапредување на еднаквоста и инклузивноста во општеството, а воедно ја презема улогата на двигател на позитивна промена. Спонзорството е дел од платформата за општествена одговорност Sparkasse Life, чија цел е поддршка на општествено одговорни, инклузивни и инспиративни општествени вредности кои инспирираат, охрабруваат и создаваат трајно позитивно влијание во заедницата.

„Драго ни е што денес стоиме зад еден исклучително значаен чекор за македонскиот спорт. Партнерството со КФСМ е потврда на нашата долгорочна заложба за еднаквост и инклузивност, вредности што се длабоко вградени во корпоративната култура на Шпаркасе Банка. Преку платформата Sparkasse Life, вложуваме во разни области во заедницата и подаваме рака и нудиме долгорочна поддршка. Преку ова спонзорство, сакаме да дадеме ветер в грб на иднината на женскиот спорт и сакаме да пратиме јасна порака: До вас стои партнер што верува, поддржува и создава услови за успех“ – изјави Александар Џорџевиќ, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.

Името „Sparkasse Life Прва лига жени“ ќе биде новиот симбол на вербата во спортскиот потенцијал на македонските девојки и млади жени, на секој тим и на секоја спортска сала низ државата.

„Нашата визија отсекогаш била создавање рамноправни услови за развој на сите категории и овој договор е голем чекор во таа насока. Соработката со Шпаркасе Банка претставува историски момент за женскиот спорт во нашата земја, а поддршката што ја добиваме преку платформата Sparkasse Life е стратегиска, суштинска и долгорочна бидејќи сите средства ќе се искористат за развој на женската кошарка. Со новото име „Sparkasse Life Прва лига жени“, женската кошарка добива нов идентитет, нова енергија и заслужено внимание. Заедно, праќаме јасна порака дека веруваме во потенцијалот на жените во спортот и дека сме тука да го поддржиме нивниот пат до врвот“ – изјави Младен Ѓуроски, потпретседател на КФСМ.

Стратешко партнерство за долгорочен раст

Шпаркасе Банка АД Скопје, членка на Групацијата Штаермеркише Шпаркасе со повеќе од 200 години традиција, преку платформата за општествена одговорност Sparkasse Life активно поддржува проекти и иницијативи кои придонесуваат за развој на заедницата, унапредување на младите, спортот, културата, образованието и еднаквите можности. Со овој потег, Банката уште еднаш ја потврдува својата посветеност на создавање трајни вредности во заедницата и стимулирање на позитивни општествени промени преку финансиска поддршка, партнерства и ангажман.

Банки

Халкбанк со нов дизајн на електронското банкарство за правни лица

Објавено

на

Халкбанк А.Д. Скопје воведува нов и модерен дизајн на платформата за електронско банкарство за правни лица, со цел подобро корисничко искуство и полесно користење на услугите.

Редизајнираната платформа од 2 септември 2026 година е достапна во првата фаза за клиентите кои пристапуваат преку WEB.

За корисниците кои се најавуваат преку десктоп апликацијата, редизајнот ќе се имплементира автоматски во текот на наредниот месец.

По имплементацијата, за користење на платформата преку десктоп апликацијата ќе биде потребен оперативен систем Windows 10 или понов, додека најавата со USB токен ќе се врши исклучиво преку десктоп апликацијата.

Актуелниот дизајн ќе остане достапен паралелно до 6 октомври 2026 година, по што корисниците автоматски ќе бидат пренасочени кон новата верзија.

Од Халкбанк информираат дека со новиот изглед се воведуваат и унапредувања во функционалностите, а на клиентите им е достапно и корисничко упатство со дополнителни информации.

Продолжи со читање

Банки

Гувернерот Славески на средба со претставници на Амбасадата на САД

Објавено

на

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески оствари средба со претставниците на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Бредли Гарднер, шеф на Политичко-економскиот сектор, Барнабас Биркеланд, економски аташе, и Јордан Дамчевски, виш економист во Амбасадата на САД во земјава. На средбата присуствуваше и вицегувернерката Ана Митреска.

На средбата беа разменети мислења за актуелните економски состојби и очекувањата за македонската економија, како и за тековните светски и регионални економски движења и нивното влијание врз домашната економија.

Гувернерот Славески ги претстави тековните активности и приоритети на Народната банка, со посебен осврт на одржувањето на ценовната и финансиската стабилност, стабилноста на девизниот курс и натамошното унапредување и модернизирање на финансискиот систем. Во тој контекст, беше истакнато дека Народната банка и натаму спроведува соодветна макроекономска политика, насочена кон одржување на стабилноста на цените и девизниот курс, како основа за стабилно и предвидливо економско окружување.

На средбата беше посочено дека финансискиот систем и натаму е отпорен и може да се справи со потенцијалните ризици и предизвици од домашното и меѓународното окружување. Притоа, Народната банка продолжува со следењето на ризиците и со преземањето соодветни мерки за одржување на стабилноста и довербата во банкарскиот и финансискиот систем.

Во разговорот беше нагласена важноста на продолжувањето на редовниот дијалог и размената на мислења за актуелните економски прашања, имајќи ги предвид неизвесностите во светското економско окружување и потребата од навремени и соодветни политики за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност.

Продолжи со читање

Банки

Поволни курсеви во Халкбанк: Менувајте валути без провизија

Објавено

на

Планирате патување, плаќање во странство или едноставно сакате да размените девизи? Халкбанк нуди менувачко работење без провизија, со актуелна курсна листа за најкористените светски валути.

Според курсната листа ажурирана на 3 септември 2026 година, куповниот курс на еврото изнесува 61,30 денари, а продажниот 61,80 денари, додека средниот курс е 61,4942 денари.

Американскиот долар се купува по 52 денари, а се продава по 54 денари, со среден курс од 53,113 денари. Британската фунта има среден курс од 71,6131 денари, а швајцарскиот франк 65,2528 денари.

Во понудата се достапни и турската лира, шведската и норвешката круна, јапонскиот јен, канадскиот и австралискиот долар.

Дополнителна поволност за клиентите е што Халкбанк не наплатува провизија за менувачко работење.

Актуелните курсеви и калкулаторот за конверзија се достапни на веб-страницата на Халкбанк.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange