Connect with us

Вработување

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на:

Дилер / Самостоен референт
за денарски и девизни средства и ликвидност во Дирекција Трежри

Доколку сте одговорна, прецизна и активна личност, ориентирана кон остварување на високи резултати, придружете се и Вие кон успешниот тим на професионалци на УНИБанка АД Скопје!

Потребни квалификации:

  • Високо стручно образование;
  • Најмалку 5 години релевантно работно искуство на иста или слична позиција;
  • Да поседува ACI Dealing Certificate;
  • Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и напредно користење на MS Office.
  • Одлични способности за тимска работа;
  • Способност за самостојно планирање, организирање и навремено исполнување на задачите,
  • Познавање на законските прописи кои ја регулираат дејноста.

Работни активности:

  • Тргување на девизен пазар, пазарот на пари и пазарот на капитал согласно доделените задачи, а во рамки на интерните и законските лимити и процедури;
  • Работа со инвестициско злато,
  • Следење на меѓувалутните односи и информациите на домашниот и меѓународниот девизен пазар и пазарот на пари;
  • Следење на состојбите на денарската и девизните сметки на Банката и содветната алокација на истите;
  • Обезбедување на средства од финансиски институции, анализи и следење на истите;
  • Следење на отворените девизни позиции по валути и склучување на девизни трансакции со цел исполнување на интерните и законските лимити;
  • Изготвување на извештаи, анализи и проекции за движењето на законските и интерните ликвидности показатели;
  • Изготвување на извештаи, анализи и проекции за потребите за следење на движењето на актива и пасива.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик на: [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 23.04.2023 година.

Се согласувам Банката да може да ги собира, обработува и чува моите лични податоци за потребите на процесот на регрутација за цело време додека трае истиот, а по завршувањето на истиот податоците може да се чуваат во базата на податоци на Банката за регрутациски потреби согласно законсите прописи.

Согласноста може да ја повлечете во секое време со доставување на барање за истото на следниот линк: [email protected]

Вработување

Оглас за вработување на Асистент на Управен одбор во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата:

 Асистент на Управен одбор
Локација: Дирекција-Скопје

 Одговорности и задачи:

  • Одговарање и пренасочување на повици на телефонска централа
  • Набавка за потребите на Банката 
  • Пречекување на клиенти и насочување кон соодветни служби
  • Прием и евиденција на влезна и излезна документација
  • Прием и евиденција на влезни фактури
  • Подготовка на табели за работно време
  • Подготовка на табели за користење на годишен одмор
  • Набавка на тековни канцелариски и потрошни материјали
  • Логистичка поддршка на службите на банката
  • Други работи по налог на претпоставениот и/или Управниот одбор.

Потребни квалификации:

  • Пожелно е 1 годишно работно искуство 
  • Завршено средно образование
  • Активно познавање на Англиски јазик
  • Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
  • Напредно познавање на Office пакетот
  • Висок степен на чесност,етичност и доверливост.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected].

*Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира. 

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Продолжи со читање

Вработување

Капитал Банка ја проширува својата мрежа

Објавено

на

Капитал Банка ја проширува својата мрежа!

Капитал Банка има потреба од надополнување на потенцијалната база на заинтересирани кандидати за следните позиции:

  • Референт на благајна и Раководител на експозитура – локација Охрид
  • Референт на благајна и Раководител на експозитура – локација Свети Николе

За да се приклучите на тимoт на Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: [email protected].

*Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

Самостоен референт во Сектор за проценка

Продолжи со читање

Популарно