Connect with us

Вработување

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Република Северна Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Службата за управување на односите со финансиски институции и меѓународно финансирање во рамки на Деловниот сектор за финансиски пазари и средства го зајакнува својот тим на успешни професионалци. Доколку сакате да работите со меѓународни и домашни финансиски институции и Банки, како и обезбедување на извори на финансирање на Банката, НЛБ Банка ве мотивира да се пријавите на отворената работна позиција:

Банкарски комерцијалист

Улога во тимот:

  • Воспоставување, посредување, уредување и проактивно негување и развој на контакти и деловни аранжмани со банки и финансиски институции (осигурителни друштва, пензиски фондови, инвестициски фондови и други финансиски друштва);
  • Промовирање, понуда и продажба на пакет производи на банки и финансиски институции преку централизиран пристап;
  • Подготвување на предлози за висина на лимитите за изложеност, како и следење на состојбата на доделените лимити и предлагање соодветни промени;
  • Анализа и обработка на финансиски податоци на банките и други финансиски институции;
  • Водење на кредитно досие преку комплетирање на потребната документација за банки и финансиски институции;
  • Обезбедување на поволни извори на финансирање за Банката со цел аранжирање на нови кредитни линии и субординирани кредити, како и обезбедување и учество во синдицирани заеми;
  • Изготвување на целокупната документација за склучување на договори со домашни и странски кредитори преку координација и соработка со останатите сектори во банката и НЛБ дд Љубљана;
  • Подготовка на прегледи и извештаи за изворите на средства како и мониторинг на исполнување на преземените обврски на Банката по основ на Договорите за кредит.

Вашиот профил:

  • Универзитетско образование;
  • Најмалку две години работно искуство во банкарски/финансиски сектор, искуство во сегментот со управување на односите со финансиски институции и меѓународно финансирање ќе се смета за предност;
  • Напредно познавање на MS Office – MS Word, MS Excel, MS PowerPoint, MS Outlook
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Изразени организациски, комуникациски и преговарачки вештини, иницијативност, способност за тимска работа, одговорен и темелен пристап кон работата.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Континуирани обуки и индивидуален кариерен развој;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
  • Приватно здравствено осигурување.

Потврдете го вашиот интерес со доставување на мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на: NLBKariera@nlb.mk најдоцна до 22.02.2023 година (среда).

Вработување

Платена практикантска работа во НЛБ Банка

Објавено

на

Млади ентузијасти НЛБ Банка ве мотивира да аплицирате на огласот за практикантска работа во:

  • Контакт центар;
  • Сектор за платни системи;
  • Сектор за правни работи и секретаријат;
  • Сектор за реструктуирање и управување со проблематични пласмани.

Твоите работни цели:

  • Административна поддршка, активности поврзани со архивирање, администрирање и внес на податоци;
  • Комуникација со клиентите за банкарските продукти и услуги преку телефонски
    разговори;
  • Активности поврзани со користење и администрирање на податоци за дигитални сервиси;

Твојот профил:

  • Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии;
  • Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
  • Познавање на основни ИТ алатки, англиски јазик на основно/средно ниво;

Мотив да се придружиш на НЛБ Банка:

  1. Практична работа во времетраење од 3 до 6 месеци во препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  2. Можност за учење и менторство од врвни банкарски специјалисти;
  3. Позитивна организациска култура и меѓусебната доверба и грижа за вработените се основни начела во работењето;

НЛБ Банка Ве очекува да аплицирате со испраќање на CV на: nlbkariera@nlb.mk со назнака “Апликација за платена практикантска работа”, најдоцна до 14.06.2024 година.

Продолжи со читање

Вработување

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Објавено

на

Од денеска, 20-ти мај, започнува едномесечниот караван на НЛБ Банка за финансиско советување за небанкарски продукти, кој Банката традиционално веќе четврта година по ред го организира во соработка со своите партнери Сава Осигурување, Триглав Осигурување Живот, Кроација Осигурување Живот, Генерали Инвестмент и Сава Пензиско Друштво.

Караванот има за цел да им овозможи на клиентите подобра информираност, советување и едукација за осигурителните продукти во делот на животно и неживотно осигурување, производи за инвестициско осигурување на живот и удели од инвестициски фондови, како и да ја зголеми свесноста кај клиентите за значењето на капиталното финансирано пензиско осигурување и придобивките од доброволниот пензиски фонд.

За времетраењето на караванот, во експозитурите на НЛБ Банка низ земјава, претставници на Банката и осигурителните компании ќе давааат стручни финансиски совети и информативни материјали, овозможувајќи им на сите заинтересирани детално да се информираат за небанкарските финансиски продукти кои се нудат преку НЛБ Банка, а воедно да добијат и промотивен подарок.

Локациите и времето на одржување на промотивните активности за време на караванот за финансиско советување може да ги најдете на социјалните мрежи на НЛБ Банка и друштвата за осигурување. Распоредот на караванот е достапен он-лајн и истиот можете да го погледнете ТУКА.

НЛБ Банка е водечка банкарска институција која постојано го унапредува своето портфолио на производи и услуги, овозможувајќи им на клиентите понуда на банкарски и небанкарски производи на едно место. Банката овозможува и советување, консултација и едукација на клиентите при носење на нивните финансиски одлуки, оптимално управување со средствата за задоволување на нивните моментални финансиски потреби и идеална финансиска стабилност со цел поквалитетен и подобар живот за нив.

Продолжи со читање

Вработување

Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје е банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана како прва банка во државата, во 1944 година ги постави темелите за банкарското работење и се уште претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи за населението и за правните лица што работат во Северна Македонија, остварувајќи притоа одлични резултати благодарение на високот ниво на професионалност и усвоените европски принципи на работа.

Со цел проширување на својот тим, Стопанска банка АД – Скопје објавува оглас за вработување за следната работна позиција: Советник за одржливост.

Советникот за одржливост е одговорен за воспоставување и одржување на политики, процедури и стратегии поврзани со еколошките, социјалните и управувачките ризици (ризици од ЕСГ), како и подготовка на извештаи за одржливост во согласност со Директивата за корпоративно известување за одржливост (CSRD), Регулативата за таксономија на ЕУ, Регулативата за обелоденувањата поврзани со одржливоста во секторот за финансиски услови (SFDR), Кодексот за корпоративно управување, како и интерните процедури и политики на Банката и интерните процедури и политики на NBG Групацијата. Учествува во проекти од овие области како и проекти кои служат за подобрување на процесот на собирање и обработка на податоци, или било кој друг поврзан проект кој може да се појави во текот на работењето. Активно ја следи целокупната домашна и меѓународна регулатива во областа на животната средина, општествени прашања и корпоративно управување. Подгототвува извештаи и презентации за ESG перформансите, како и соодветен ангажман со инвеститори, регулаторни тела и други заинтересирани страни за прашања поврзани со ЕСГ.

Прочитајте го огласот во целост на следниот линк.

Продолжи со читање

Популарно