Бизнис
Mint App 1.3.0 со нови функционалности и велигденски изненадувања за корисниците
Финтек апликацијата Mint App продолжува да се развива и да ги следи современите трендови во управувањето со личните финансии. Со најновата верзија 1.3.0, корисниците добиваат пристап до три нови алатки кои овозможуваат уште подобра контрола, транспарентност и мотивација во секој финансиски чекор.
Во оваа верзија добивате:
- Преглед на крипто берзата – следете вредности и трендови во реално време (Следете ги движењата на најпопуларните криптовалути, добијте увид во пазарните трендови и донесувајте информирани одлуки базирани на точни и тековни податоци.);
- Калкулатор за приватно здравствено осигурување (индивидуално и семејно) – Едноставно споредете трошоци и бенефити за индивидуално и семејно осигурување. Оваа нова функционалност помага корисниците полесно да изберат најсоодветна полиса според нивните потреби и буџет;
- Специјален велигденски Mint Egg – oд денес до понеделник, корисниците имаат можност да отворат специјално велигденско јајце во апликацијата, кое крие изненадувања во форма на бонуси, награди и ексклузивни понуди!
Mint App расте со вас – за да имате повеќе контрола, јасност и мотивација во секој финансиски чекор.
Со секое ново ажурирање, Mint App се стреми да обезбеди практични и иновативни решенија кои ги поедноставуваат личните финансии. Апликацијата е наменета за сите кои сакаат да ги следат своите приходи и трошоци, да планираат буџет, да добиваат персонализирани финансиски совети и да останат чекор пред со своите финансиски цели.
Ажурирајте ја или преземете ја апликацијата на следниот линк: https://mint.com.mk/mintapp
Бизнис
Финансиските друштва пред нови правила: Кредитите ќе се исплаќаат само на трансакциска сметка
Министерството за финансии подготвува измени на Законот за финансиските друштва со кои се предвидува заострување на контролите и воведување нови правила за работа на овие компании.
Според најавите, една од клучните промени е укинувањето на можноста кредитните средства да се исплаќаат во готовина. Во иднина, исплатата на кредити ќе се врши исклучиво преку банкарска сметка, со цел да се обезбеди поголема транспарентност и следливост на финансиските трансакции.
Предложените измени предвидуваат и формирање задолжителни внатрешни тела во финансиските друштва, меѓу кои одбор за внатрешна ревизија, одбор за кредитен ризик и надзорен одбор. Дополнително, отворањето нови деловни простории ќе биде условено со претходна согласност од Министерството за финансии и исполнување на пропишани критериуми.
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во интервју за Телма изјави дека потребата од законските измени произлегла од спроведените контроли, при кои биле утврдени слабости и недоречености во постојната регулатива.
Таа посочи дека дел од контролите откриле неправилности во работењето на одредени финансиски друштва, а во поединечни случаи биле преземени и санкции, вклучително и одземање лиценци. Како што нагласи, значаен придонес во откривањето на неправилностите имале и пријавите од граѓаните.
Со новите законски решенија, Министерството за финансии очекува да се зајакне надзорот врз секторот и да се воспостават повисоки стандарди за работење на финансиските друштва.
Бизнис
Бензините поевтинија, дизелот со повисока цена од полноќ
Од полноќ на сила се новите цени на горивата, со кои бензините бележат намалување, додека дизелот поскапува.
Според новиот ценовник, ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава за 86 денари по литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88 денари за литар. И двата бензина се поевтини за 2 денари во однос на претходните цени.
За разлика од нив, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 1,50 денари и од денеска се продава по цена од 87 денари за литар.
Новите малопродажни цени стапија во сила од 00:01 часот.
Бизнис
УЈП го претстави процесот за е-фактурирање: Дигитален систем за побезбедно и побрзо издавање фактури
Управата за јавни приходи (УЈП) го претстави начинот на функционирање на новиот систем за е-фактурирање, кој треба да овозможи поедноставен, побезбеден и целосно дигитализиран процес за издавање и прием на фактури.
Според презентираниот модел, процесот започнува со креирање на фактура од страна на издавачот во сопствениот систем или преку веб-портал. Потоа документот се потпишува со квалификуван дигитален сертификат и електронски се испраќа до системот на УЈП.

По приемот, системот автоматски врши валидација на фактурата, при што проверува дали се пополнети сите задолжителни полиња, дали документот е електронски потпишан и дали ги исполнува техничките услови. Доколку фактурата ги помине проверките, ѝ се доделува единствен идентификациски број (еИД), кој се смета за официјален момент на нејзино издавање и прием.
По успешната обработка, и издавачот и примачот добиваат известување дека е-фактурата е доставена и може да биде преземена.
PDF-документот ќе служи само како визуелен приказ за преглед, печатење или интерна евиденција, додека правно валиден документ ќе биде единствено електронската фактура во пропишаниот формат со доделен еИД. Дополнително, секој печатен PDF ќе содржи QR-код преку кој ќе може веднаш да се провери валидноста на фактурата на веб-страницата на УЈП.
Од институцијата оценуваат дека новото решение ќе придонесе за помодерна и поефикасна даночна администрација, усогласена со концептот Tax Administration 3.0, кој се темели на дигитализација, интероперабилност и подобрено корисничко искуство.
-
Останатопред 2 месеци
Управата за јавни приходи донесе стратешки документ со цел подобрување на усогласеноста
-
Продуктипред 2 месециУНИПлус флексибилна програма за лојалност на УНИБанка. Kористиш бројни бенефити, а не мора да ја префрлаш платата!
-
Банкипред 2 месеци
Стопанска банка АД – Скопје со план за исплата на дивиденда од над 16 милиони евра
-
Бизниспред 2 месеци
Македонски Телеком предлага повисока дивиденда за 2025 година
-
Банкипред 2 месециНЛБ Промотивен депозит – Сигурност што доаѓа во вистинско време
-
Бизниспред 1 месецОд полноќ нови цени на горивата
-
Останатопред 1 месец
Почна исплатата на средствата од МојДДВ за првиот квартал од 2026 година
-
Банкипред 2 месециСилк Роуд Банка: Пензиите за април исплатени, достапни преку експозитурите, банкоматите како и електронското банкарство


