Connect with us

Банки

За еден миг со НЛБ мКлик, од сега целосно дигитално, до нова кредитна картичка и зголемување на кредитен лимит

Објавено

на

НЛБ Банка воведува две нови функционалности преку својата мКлик мобилна апликација, правејќи ја мКлик апликацијата вистинска „банка на дланка“ и овозможувајќи продуктите кои досега се пласираа единствено на традиционален начин да бидат достапни до клиентите и преку дигиталните канали на Банката.

Веќе од денес, корисниците на мобилното банкарство на НЛБ Банка можат да аплицираат за кредитна картичка, како и за зголемување на кредитен лимит на постоечка картичка, едноставно преку својата мКлик мобилна апликација. Онлајн аплицирањето овозможува лесен и брз пристап до финансиски средства, без потреба од физичка посета на експозитура, освен кога клиентот треба да ја подигне новата картичка и ПИН кодот за нејзино користење, во експозитурата која тој самиот ќе ја избере. Во процесот за зголемување на лимит на кредитна картичка, клиентот го има на располагање новиот лимит веднаш по завршување на процесот.

„Ние будно ги следиме преференците на клиентите согледувајќи ја нивната сè поголема потреба да управуваат со своите финансии дигитално и со само неколку допири на својот телефон или компјутер. По неодамна воведеното електронско потпишување на кредитна документација, онлајн ажурирањето на лични податоци и низа други дигитални услуги на Банката, со оваа надградба, продолжуваме да ги носиме традиционалните банкарски услуги од експозитурите во рацете на нашите клиенти, овозможувајќи им супериорно искуство и високо ниво на безбедност.“ – истакнуваат од НЛБ Банка.

За да можат да аплицираат онлајн за кредитна картичка и/или зголемување на кредитниот лимит на постоечка картичка, клиентите треба да користат еден од мКлик пакетите со привилегија на плаќање, валиден документ за лична идентификација евидентиран во системите на Банката, активна платежна сметка и средства на истата за наплата на апликативен трошок.

Трошокот за онлајн аплицирање за кредитна картичка и/или зголемување на кредитниот лимит на постоечка картичка е ист како и во експозитурите, а сите нови апликации преку мКлик каналот, почнувајќи од денеска и во наредните три месеци, промотивно се достапни без надоместок.

Клиентите можат да ја ажурираат или преземаат мКлик мобилната апликација бесплатно од платформите PlayStore или AppStore, во зависност од оперативниот систем на корисничкиот уред. мКлик нуди едноставен пристап до сите банкарски податоците, проверка на состојба и промет на сите сметки, овозможува и вршење на интерни трансакции, плаќање на режиски трошоци и останати плаќања кон физички и правни лица, плаќање на пријател, аплицирање за кредит како и низа други придобивки. Преку неа, корисниците можат да бидат во контакт со Банката во кое било време, без разлика каде се наоѓаат – дома, на работа или во движење.

Банки

НЛБ Банка со силна порака за пензионерите: Активниот живот не завршува со пензионирањето

Објавено

на

Вработените од експозитурата на НЛБ во Охрид беа дел од 30. Републички пензионерски спортски натпревари, кои се одржаа во комплексот „Билјанини извори“ во Охрид, во годината кога се одбележуваат 80 години пензионерско организирање во Македонија.

НЛБ со пензионерската заедница гради долгогодишна соработка, која опфаќа активности поврзани со финансиска едукација, поголема финансиска сигурност, спорт и дружење.

Од НЛБ посочуваат дека учеството на спортските натпревари е уште една можност за поддршка на активниот живот и создавање позитивни моменти за пензионерите.

„Активниот живот не завршува со пензионирањето. Напротив, токму тогаш можат да започнат нови навики, пријателства и нови причини за движење“, порачаа од Банката.

Со своето учество на јубилејниот настан, НЛБ даде придонес кон традицијата која повеќе децении ги обединува пензионерите од целата земја преку спорт, дружење и активен начин на живот.

Од Банката упатија честитки за 30. Републички пензионерски спортски натпревари и порака до пензионерите за уште многу години исполнети со спорт, дружење и активен живот.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка со подароци и донација за првачињата на почетокот на учебната година

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година го одбележа почетокот на новата учебна година со подароци и поддршка за првачињата во повеќе училишта.

Преку својата препознатлива Верверичка, Банката ги израдува првачињата во училиштата во Кочани, како и учениците од ООУ „Драга Стојановска“ во селото Ракотинци, Скопје, подарувајќи им ранчиња исполнети со подароци.

Дополнително, Комерцијална банка обезбеди донација за набавка на училишен прибор за првачињата во Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ во Скопје.

Од Банката посочуваат дека целта на ваквите активности е да им се обезбеди поддршка на децата за успешен почеток на образованието и можност непречено да ги следат своите желби и соништа.

„Веруваме дека секое дете заслужува поддршка за успешен почеток, квалитетно образование и можност да ги следи своите соништа“, порачаа од Комерцијална банка, посакувајќи им на првачињата многу нови знаења, другарства и незаборавни училишни денови.

Продолжи со читање

Банки

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка

Објавено

на

На предлог на гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески, Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка на Народната банка, со мандат од седум години.

Хасани Синани е дипломирана економистка со 22-годишно професионално искуство во банкарскиот сектор, стекнато на стручни и раководни позиции во областа на кредитирањето, управувањето со ризиците и деловното банкарство.

Во текот на својата кариера има извршувано повеќе раководни функции во „Прокредит банка“ АД Скопје и „Стопанска банка“ АД Скопје, каде што од 2023 година ја извршувала функцијата регионален директор за Северозападниот Регион.

Нејзиното професионално искуство опфаќа и области поврзани со регулативната и супервизорската рамка, управувањето со ризиците и корпоративното управување, како и учество во повеќе органи и комитети во рамките на банкарските институции.

Со изборот на Арљинда Хасани Синани за вицегувернерка се зајакнува професионалниот капацитет на Народната банка и се обезбедува непречено остварување на нејзините законски цели и надлежности, заради одржување стабилен и сигурен финансиски систем и поддршка на одржливиот економски развој.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange