Connect with us

Компании

Маја Кадиевска-Војновиќ нов член на Надзорниот одбор на КИБС АД Скопје

Објавено

на

Во согласност со одредбите од член 166-б од Законот за хартии од вредност, Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје, (КИБС АД Скопје), како Акционерско друштво го доставува следново тековно соопштение за спроведени промени во органите на управување:

„Согласно одредбите од Член 166-б од Законот за хартии од вредност, Ве известуваме дека на Дваесет и шестата седница на Собранието на акционери на Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје, (“КИБС АД Скопје“) од 27.12.2023 година, за нов член на Надзорниот одбор е избрана Маја Кадиевска-Војновиќ, на местото на Весна Дацева”, се вели во соопштението објавено на веб страната на Македонска берза.

Надзорниот одбор на Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје во моментов го сочинуваат:

  • Д-р Мирјана Трајановска – Претседател на Надзорен одбор;
  • м-р Христијан Трифуноски – Член на Надзорен одбор;
  • Надка Спировска – Член на Надзорен одбор;
  • Софче Јовановска – Член на Надзорен одбор;
  • проф. д-р Марјан Бојаџиев – Член на Надзорен одбор;
  • Санел Кустурица – Член на Надзорен одбор;
  • Маја Кадиевска-Војновиќ – Член на Надзорен одбор.

Компании

ЕОС Матрикс: ЕСГ стандардите ќе помогнат за развој и на компаниите и на заедницата

Објавено

на

Преку инвестиции во иновации, континуирана едукација и креирање на проекти од интерес на компанијата и на заедницата се создаваат услови за одржлив развој според ЕСГ стандардите. ЕОС Матрикс Македонија постојано работи на имплементација и надоградување на ЕСГ стандардите во чии рамки се одвиваат сите активности во компанијата. Унапредување на бизнисот со побарувања, создавањето на одржливи пракси кои ќе овозможат успешно справување со задолжувањата на долг рок, заштита на животната средина согласно Парискиот Договор и воведување на промени кон подобро за целото општество се четирите основни области во кои делува компанијата и создава услови за одржлив развој.(повеќе…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување Советник за продажба во НЛБ Lease&Go

Објавено

на

НЛБ Lease&Go д.о.о. Скопје која е дел од НЛБ Групацијата го проширува својот тим на успешни професионалци.
Нашите корпоративни вредности се одговорност, чесност, кредибилност, соработка, насоченост кон решенија, иновации и едноставност. Работиме чесно и одговорно и работењето кај нас не е само работа туку и мисија која ја живеат сите вработени.(повеќе…)

Продолжи со читање

Компании

Вработуваме новинар за банкарство и финансии

Објавено

на

www.bankarstvo.mk, водечка веб страна во областа на банкарство и финансии, е во потрага по иновативен новинар за придружување на нашиот тим. Оваа позиција претставува важен дел од нашата мисија да обезбедиме квалитетни и релевантни финансиски информации за нашата читателска публика.(повеќе…)

Продолжи со читање

Популарно