Компании
Оглас за вработување Советник за продажба во НЛБ Lease&Go
НЛБ Lease&Go д.о.о. Скопје која е дел од НЛБ Групацијата го проширува својот тим на успешни професионалци.
Нашите корпоративни вредности се одговорност, чесност, кредибилност, соработка, насоченост кон решенија, иновации и едноставност. Работиме чесно и одговорно и работењето кај нас не е само работа туку и мисија која ја живеат сите вработени.
Нудиме единствена можност како Советник за продажба да станеш дел од тимот НЛБ Lease&Go и да придонесеш кон развојот на лизинг понудата во рамки на НЛБ Групацијата.
Советник за продажба
Твоја улога во тимот:
- Спроведување продажни лизинг активности со потенцијалните клиенти;
- Креирање на продажни понуди приспособени на потребите на клиентите,
- Воспоставување деловни контакти со клиентите и подготовка на деловни аранжмани,
- Промоција на продажбата и промовирање на дејноста на лизинг
- Изработка, дистрибуција и архивирање на продажната документација за лизинг продажните активности;
- Проценка на кредитната способност на клиентите,
- Изработка на предлози за органите за одлучување,
- Tрансфер на знаење како и промовирање и спроведување на осигурување на имот.
Твои квалификации и компетенции:
- Универзитетско образование;
- Минимум 1 година соодветно работно искуство во продажба;
- Познавање на законодавството и останатите прописи потребни за извршување на активностите;
- Продажни и комуникациски вештини, познавање на методи на аквизиција и преговарање;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Познавање на стандардни компјутерски алатки;
- Самоинициативност, одговорност, висока мотивираност за работа;
- Bозачка дозвола (Б категорија).
Твој мотив да ни се придружиш:
• Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
• Работа во професионална, динамична и меѓународна околина;
Заинтересираните кандидати своите апликации и мотивациски писма можат да ги достават на [email protected] најдоцна до 08.12.2023 година (петок).
Локација на работа: Скопје
Закон за посредување на лични податоци
Со поднесување на Вашата пријава се согласувате дека целата документација што ќе ја испратите до НЛБ Банка Скопје со пријавата (биографија, мотивационо писмо и сите други документи) ќе биде проследена и до НЛБ Lease&Go д.о.о. Љубљана и на друштвото НЛБ д.д. – поединечни вработени во одредени стручни служби кои ќе соработуваат во постапката на изборот на кандидатот за огласеното работно место.
Компании
Даниел Алексовски е најдобриот службеник од Штедилница Можности за 2024 година
По повод Светскиот ден на штедењето на 31.10.2024 година беше одржан свечен настан во организација на Македонската банкарска асоцијација на кој беа прогласени најдобрите службеници од сите банки и штедилници во земјава и на кои им беа доделени награди и признанија за нивната посветена работа и остварените резултати во текот на изминатата година.
Даниел Алексовски од Штедилница Можности ја доби наградата за најдобар службеник во 2024 година.
“Упатуваме искрени честитки до нашиот колега Даниел Алексовски од експозитурата во Куманово, од Сектор Деловна мрежа, кој оваа година беше избран за најдобар службеник со значаен придонес во резултатите од работењето и професионалното и одговорното извршување на работните задачи.” – велат од Штедилница Можности.
Компании
Услугата “Плати преку линк” (Pay by link) за првпат во Македонија
Иновативната услуга „Плати преку линк“ (pay by link) која ќе го револуционизира начинот на кој се вршат плаќања преку интернет и ќе го стимулира развојот на електронската трговија веќе е достапна во Македонија.
Единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички, КаСис, во соработка со партнeрските банки ја овозможува услугата, која освен што е неверојатно безбедна има за цел да го поедностави процесот на плаќање за малите и средни претпријатија, тргoвците кои немаат можности за големи инвестиции во платформи за електронска трговија, како и за фриленсерите кои работат на локален и глобален пазар, а наплатата со платежни картички е лимитирана. Со едноставно генерирање на линк за плаќање и испраќање до клиентот преку различни канали како социјални медиуми, е-маил, смс, трговецот има можност секој од овие канали да го трансформира во канал за плаќање и да го искористи потенцијалот за продажба и плаќања.
Од друга страна овој иновативен начин на плаќање на купувачите им овозможува безбедно купување согласно релевантните стандарди во индустријата и подобрено корисничко искуство.
„Услугата ‘Плати преку линк’ (pay by link ) е важен чекор кон модернизација на платежните процеси во Македонија, со што се зголемува ефикасноста и сигурноста на плаќањата. Ова иновативно решение особено ќе им помогне на малите и средни претпријатија да ги оптимизираат своите бизнис процеси и да го подобрат своето финансиско работење, и дополнително ќе го стимулира развојот на електронската трговија, со што на трговците ќе им овозможи економичен пристап до електронски канал за продажба”, велат од КаСис.
Компании
Компаниите во Германија се потешко добиваат кредити од банките
Компаниите во Германија се потешко добиваат кредити од банките, се вели во заклучокот од извештајот што го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
Индикаторот за ограничување на кредитите на групата, кој го мери пристапот на компаниите до банкарски заеми, во понеделникот беше објавен на највисоко ниво во последните седум години.
Во септември, приближно 32,9 проценти од околу 2.000 анкетирани бизниси во Германија изјавиле дека банките се повнимателни при одобрувањето кредити, додека во јуни овој процент бил 27,1 отсто.
Резултатите покажуваат дека компаниите во Германија сега имаат најголеми проблеми да добијат заеми уште од 2017 година.
На потешкотии при одобрување кредити особено се жалат компаниите од услужниот сектор, каде проблеми пријавиле 35,7 проценти од анкетираните компании, како и 34,3 отсто од компаниите од индустријата.
„Недостигот на нарачки во многу сектори ги тера банките повнимателно да ја проверуваат кредитната способност на компаниите. Бидејќи компаниите во Германија моментално инвестираат малку, би било добро ако можат да добијат полесно кредити“, рече експертот на Институтот за економски истражувања ИФО, професорот Клаус Волраб.
Спротивно на тоа, германските компании во градежниот, големопродажниот и малопродажниот сектор малку полесно добиваат кредити, се заклучува во извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО.
- Банкипред 1 месец
Тројца кандидати во трка за испразнетото место во Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје?
- Продуктипред 1 месец
Станбен кредит од Комерцијална банка сега со пониска каматна стапка и без трошоци за одобрување и процена
- Банкипред 5 дена
Марија Даниловска, Зоран Митрески и Дејан Георгиевски се најдобрите банкарски службеници од Комерцијална банка за 2024 година
- Банкипред 1 месец
Стевчо Јолакоски и Игор Камбовски нови членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Продуктипред 1 месец
Комерцијална банка: Активирајте ја алатката мТокен како метод на засилена автентикација!
- Банкипред 5 дена
Катерина Велиновски, Катерина Митровска и Павлина Симиџиоска Тодороска се најдобрите банкарски службеници од Стопанска банка АД – Скопје за 2024 година
- Колумнипред 2 недели
Интервју во банка: Вашиот таен рецепт за успех!
- Банкипред 1 месец
ТТК Банка им оддаде почит на своите поранешни вработени, а сегашни пензионери