Банки
Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка АД Скопје на 03.04.2025 година го одржа своето редовно Годишно собрание на акционери. Акционерите потврдија дека Банката ја заврши 2024 година со бруто-добивка во износ од 5.482,1 милиони денари. По пресметување на данокот на добивка од 557,3 милиони денари, нето-добивката на Банката изнесува 4.924,8 милиони денари.
Акционерите на Банката донесоа Одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка во износ од 4.924,8 милиони денари и ја утврдија дивидендата за обичните акции во висина од 125% од номиналната вредност на акцијата, односно по 1.250 денари на една акција. Исплатата на дивиденда ќе започне на 07.05.2025 година.
Заради зголемување на вкупниот капитал на Банката и на книговодствената вредност на акциите на Банката, акционерите одлучија дел од добивката во износ од 1.915,5 милиони денари да се издвои во резерви. Дел од добивката во износ до 160 милиони денари се распределува во задржана добивка за инвестициски вложувања во 2025 година, која исто така го зголемува вкупниот капитал на Банката.
Собранието ги усвои финансиските извештаи и консолидираните финансиски извештаи, Годишната сметка на Банката и Консолидираната годишна сметка на Банката за 2024 година и Годишниот извештај за работењето на Банката во 2024 година.
Банки
ТТК Банка со предвремена исплата на пензиите за април

ТТК Банка АД Скопје ги известува своите почитувани клиенти-пензионери дека започна со исплата на пензиите за месец април 2025 година, која се изврши предвреме – во среда, на 30 април. Оваа иницијатива има за цел да овозможи навремено располагање со средствата и да придонесе за финансиска сигурност и удобност пред празникот 1ви Мај – Денот на трудот.
Пензионерите кои користат дебитна картичка Visa или Mastercard од ТТК Банка можат да располагаат со својата пензија уште од денес – 30 април, преку подигање на готовина на банкоматите на Банката или со директно користење на средствата за безготовински плаќања во трговската мрежа.
Пензионерите кои не поседуваат дебитни картички, пензијата од 30.04.2025 година можат да ја подигнат во експозитурите и филијалите на Банката.
ТТК Банка ги охрабрува пензионерите да користат едноставни и безбедни дигитални канали – интернет банкарството TTK E-bank и мобилната апликација TTK M-bank за брз и сигурен пристап до средствата и за секојдневно управување со личните финансии.
Овој потег е уште една потврда за посветеноста на ТТК Банка во насока на унапредување на клиентското искуство и поддршка на стабилен и инклузивен банкарски систем.
Банки
TTK Банка на Отворен ден – саем за кариера во Тетово

TTK Банка активно го поддржува развојот на човечкиот капитал и вложува во младите генерации, а својата посветеност уште еднаш ја покажа со учество на „Отворен ден – саем за кариера“ организиран од Државниот универзитет во Тетово. Настанот се одржа вчера (29.04.2025г.), а тимот на TTK Банка имаше можност да се сретне со голем број студенти кои беа мотивирани, амбициозни и полни со потенцијал за професионален раст.
Посетителите на штандот на Банката имаа можност да се запознаат со програмите за развој на кариера, практична работа и можностите за вработување во TTK Банка. Преку директна комуникација, беа споделени информации за начинот на аплицирање, како и совети за градење успешна кариера, вклучувајќи теми како препознавање на сопствениот потенцијал, јакнење на самодовербата и ефективна комуникација со работодавци.
TTK Банка истакнува дека инвестирањето во младиот кадар е стратешки приоритет за Банката и значаен дел од нејзината визија за одржлив раст и модерно банкарство. Соработката со високообразовни институции како Државниот универзитет во Тетово претставува важен чекор во градење на цврста врска помеѓу академската заедница и деловниот сектор.
TTK Банка упатува благодарност до организаторите на настанот и до сите студенти кои покажаа интерес и подготвеност да го направат првиот чекор кон својата иднина.





Банки
ТРЕНДОТ НА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ ПРОДОЛЖУВА – Кредитите поевтинуваат, депозитите посигурни, каматите паѓаат

Според најновите податоци на Народната банка, во март 2025 година е регистрирано натамошно намалување на просечните каматни стапки кај кредитите и депозитите, како резултат на условите на пазарот и монетарните движења.
Во март 2025 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити забележа
месечно и годишно намалување од 0,03 п.п. и 0,35 п.п., соодветно и изнесува 5,15%.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,18% и оствари месечен
пад од 0,01 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,38 п.п.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во март, изнесува 4,26% и оствари месечен и годишен пад од 0,37 п.п. и 0,72 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити е пониска на месечно и на годишно ниво за 0,17 п.п. и 0,22 п.п., соодветно и изнесува 2,24%.
Каматни стапки на корпоративниот сектор
Вкупните кредити за корпоративниот сектор имаат просечна каматна стапка од 4,77%, што претставува месечен пад од 0,05 п.п. и годишен од 0,58 п.п.
Кај новоодобрените корпоративни кредити, просечната стапка е 3,95%, со значителен месечен пад од 0,50 п.п. и годишен од 0,78 п.п.
Вкупните депозити на корпоративниот сектор изнесуваат 2,65%, што е месечен пад од 0,06 п.п., но годишен раст од 0,53 п.п.
Каматната стапка на новопримените депозити е 2,14%, со пад од 0,35 п.п. месечно и 0,38 п.п. годишно.

Каматни стапки на домаќинствата
Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,51%, со месечно намалување од 0,02 п.п. и годишен пад од 0,14 п.п.
Кај новоодобрените кредити, стапката е 4,69%, со месечно намалување од 0,12 п.п. и годишно од 0,71 п.п.
Просечната стапка на вкупните депозити на домаќинствата остана непроменета на 2,12%, но со годишен раст од 0,36 п.п.
Каматната стапка на новопримените депозити е 2,28%, со месечен пад од 0,10 п.п. и годишен пад од 0,14 п.п.
Спуштањето на каматните стапки укажува на олеснет пристап до финансирање за сите сектори, со потенцијал да поттикне кредитна активност и економска динамика. Истовремено, растот на депозитните стапки на годишно ниво создава дополнителни мотиви за штедење, особено кај домаќинствата.
- Банкипред 3 недели
Шпаркасе Банка наскоро започнува со изградба на нова Централа во Скопје
- Интервјуапред 1 месец
Интервју | ЕМИЛИЈА НАЦЕВСКА: Вклучувањето на Македонија во СЕПА отвора ново поглавје во меѓународните плаќања
- Бизниспред 2 месеци
Награди за е-трговија: Ова се најдобрите за 2024 година!
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје
- Банкипред 2 месеци
“Сите врати се отворени” со промотивниот Потрошувачки пакет од ПроКредит Банка
- Советипред 3 недели
Водич за станбени кредити – Дел 1: Што треба да знаете пред да аплицирате?
- Банкипред 2 месеци
Пензионерски пакет на Халкбанк – Сигурна пензија, помалку трошоци и поголема удобност
- Вработувањепред 2 месеци
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје