Connect with us

Банки

Комерцијална банка ги подготвува младите од СОС Детско село за успешнa иднина

Објавено

на

Бидејќи секој млад човек заслужува образование, вработување и успешна иднина, Комерцијална банка се вклучи во проектот „Младите можат“ на СОС Детско село за да им помогне на овие младинци да се вклучат во деловниот свет.

Со огромно задоволство и силен ентузијазам вработените во Комерцијална банка ќе им пренесат знаење, вештини, информации и корисни совети на 30 младинци, со цел тие да го започнат своето полнолетство со потребното ниво на знаење, самодоверба и независност.

„Нашата мисија ја започнавме со подготовка на девет младинци како да ги направат првите чекори за успешно вработување – да направат соодветно CV за вработување, да се подготват за интервју за вработување, да се запознаат со оперативни работни активности во конкретни организациони единици и да веруваат дека секогаш постојат компании и тимови каде што ќе може да се пронајдат и да бидат добредојдени.

Продолжуваме понатаму со поддршка и помош и на останатите млади лица кои се под грижа на СОС Детско село и кои веќе се соочени со потребата да се вработат и да постигнат поголема социјална инклузија во сите сегменти од живеењето. Комерцијална банка, како општествено одговорна компанија, останува посветена на помагање на граѓаните кои се под социјален ризик затоа што e полесно заедно да ги надминеме предизвиците и да живееме во поубав свет”, велат од Комерцијална банка.

Банки

НЛБ Банка со информација за исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за февруари 2026 година

Објавено

на

Исплатата на паричната помош од социјална, детска и цивилна заштита за месец февруари 2026 година е реализирана, информираат од НЛБ Банка.

Корисниците на оваа помош средствата можат да ги подигнат од банкоматите во секое време, без ограничување на работното време на банките.

Воедно, клиентите се потсетуваат дека средствата можат да ги користат и безготовински, односно за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, што овозможува побрзо и поедноставно користење на средствата.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка: Потпишувањето налози преку Интернет банка сега со само еден чекор

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје информира дека со користење на услугата Интернет банка потпишувањето налози може да се извршува на многу поедноставен начин. Банката посочува дека новата функционалност овозможува едноставна политика за потпишување денарски налози, при што плаќањето се реализира со само еден чекор.

Со ова решение, корисниците добиваат помалку административни процедури и поголема ефикасност во секојдневното работење, што значително го олеснува управувањето со финансиските трансакции.

Од Комерцијална банка објаснуваат дека преку Интернет банка клиентите можат побрзо и поедноставно да ги извршуваат своите плаќања, а дополнителни информации за начинот на користење се достапни во видео туторијалот објавен на официјалниот линк на банката.

Продолжи со читање

Банки

Стопанска банка нуди брзи и сигурни трансакции со картичките и лесно следење на трошоците преку телефон

Објавено

на

Со картичките на Стопанска банка клиентите добиваат брзи и сигурни трансакции, како и практична контрола врз своите финансии. Банката им овозможува на корисниците преку современи дигитални услуги лесно да ги следат своите трошоци директно од мобилниот телефон.

Со ова решение, клиентите можат во секое време да имаат увид во направените плаќања, состојбата на сметката и тековните трансакции, што овозможува подобро управување со личниот буџет. Дигиталните алатки на Стопанска банка се наменети да обезбедат поголема удобност, безбедност и контрола во секојдневното користење на банкарските услуги.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange