Connect with us

Банки

Презентација на Редовниот полугодишен економски извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан

Објавено

на

Светска банка денеска ќе одржи презентација на 23-то издание од серијата извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, насловено „Тестирање на отпорноста“.

Извештајот ќе го претстават Сања Маџаревиќ – Шујстер, виш економист за земјите од Западен Балкан и Јоана Маџоска, економист во Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија, а преку видео линк ќе се обрати Масимилиано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија.

Банки

Комерцијална банка повторно дел од Скопскиот маратон како златен спонзор на трката од 5 километри

Објавено

на

Комерцијална банка и оваа година ќе биде дел од Скопскиот маратон, еден од најзначајните спортски настани во главниот град, информираат од банката.

Како златен спонзор на трката на 5 километри, од Комерцијална банка велат дека ја поддржуваат иницијативата за поттикнување на физичка активност, здрав начин на живот и заедништво.

„Скопскиот маратон е ден кога градот дише во ист ритам, исполнет со спортски дух, насмевки и позитивна енергија. Илјадници луѓе, со различни приказни, имаат една заедничка цел – да ги поместат сопствените граници“, посочуваат од банката.

Оттаму додаваат дека се горди што се дел од секоја лична победа на учесниците и ги повикуваат граѓаните да се приклучат на настанот.

„Подгответе се и придружете ни се, затоа што полесно е заедно до целта“, порачуваат од Комерцијална банка, потсетувајќи и на учеството и атмосферата од минатогодишното издание на маратонот.

Продолжи со читање

Банки

УНИБанка со промотивни каматни стапки за штедење во евра

Објавено

на

УНИБанка нуди промотивни каматни стапки за депозитниот производ „Депозит Фикс“ и штедење во евра, со пократки рочности од 3, 6 и 12 месеци.

Од банката информираат дека понудата е насочена кон клиенти кои бараат флексибилни и сигурни начини за штедење, со можност средствата да растат и на краток рок.

Новите услови овозможуваат избор на рочност според индивидуалните потреби, атрактивни каматни стапки и сигурност при штедењето во евра.

Оваа понуда е наменета за сите кои сакаат да го оптимизираат своето штедење, без разлика дали станува збор за краткорочни планови или за постепено зголемување на средствата.

Продолжи со читање

Банки

Капитал Банка нуди долгорочни кредити за инвестиции за компании

Објавено

на

Капитал Банка АД Скопје во својата понуда има долгорочни кредити за инвестиции наменети за правни лица, како поддршка за развој и унапредување на бизнисите.

Од банката посочуваат дека капиталните вложувања се важен чекор за зголемување на деловниот капацитет, подобрување на ефикасноста и зацврстување на пазарната позиција на компаниите.

Кредитот се одликува со фиксна каматна стапка од 1,95 проценти, рок на отплата до 144 месеци и грејс период до 12 месеци. Воедно, не се предвидени дополнителни трошоци.

Оваа финансиска можност е наменета за компании кои сакаат да изградат стабилна финансиска основа и да ги реализираат своите инвестициски планови.

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2023 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange