Фондови
КБ Прво пензиско друштво: Разлика помеѓу пензија од втор и од трет столб
„Дали ќе ми биде доволна пензијата?“ – Ова е едно од најчестите прашања кои сите си ги поставуваме во некој период од животот.
За да ја обезбедиме нашата финансиска стабилност по завршувањето на работниот век, најпрво, важно е навремеда ги имаме сите потребни информации, да се едуцираме со цел да го разбереме функционирањето на пензискиот систем. Во нашата земја освен првиот столб (ФПИОСМ), пензискиот систем вклучува уште два – втор и трет столб. Во овој текст, ќе објасниме која е разликата меѓу вториот и третиот пензиски столб, и зошто е корисно навремено да го направите вистинскиот избор и да осигурате безгрижна финансиска иднина.
Што претставува вториот столб?
Задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување или втор столб, е столб во кој треба да се зачленат сите лица кои првпат се вработуваат по 1 јануари 2019 година и на датумот на вработување се помлади од 40 години.
Преку овој столб се исплаќа старосна пензија, дополнително на пензијата од првиот столб и се обезбедува поголема сигурност при старост.
Овој столб функционира на принцип на дефинирани придонеси, односно се заснова на принцип на собирање на средства преку плаќање на придонеси на индивидуални сметки на членовите чии средства понатаму се инвестираат и добивката намалена за трошоците на работењето на системот се aкумулира на средствата на индивидуалните сметки на членовите. Сите нововработени лица помлади од 40 години имаат три месеци да изберат во кој пензиски фонд може да членуваат. Доколку не направат избор во предвидениот рок, остануваат во пензискиот фонд во кој веќе се распределени.
Како функционира?
●6% Од Вашата бруто плата оди на Ваша индивидуална сметка во втор столб, додека 12,8% во Фондот на ПИОСМ.
●Овие средства се инвестираат во финансиски инструменти – акции, обврзници, ETF и сл. на финансиските пазари со цел да се оствари принос, односно заработка, што ќе ја зголеми вредноста наВашата пензиска заштеда.
● Сметката е на Ваше име и средствата се наследни.
●По исполнување на условите за пензионирање, акумулираните средства се повлекуваат во вид на програмирани повлекувања или во согласност со закон.
Што претставува третиот столб?
Доброволно капитално финансирано пензиско осигурување или трет столб е осигурување врз основа на капитализација на средствата, на принцип на дефинирани придонеси, но на доброволна основа. Овој столб им овозможува на сите лица кои сакаат да обезбедат поголема финансиска сигурност, покрај задолжителното осигурување, како и на сите лица кои не се опфатени со задолжително осигурување (во првиот и вториот столб), да штедат за дополнителна пензија.
Третиот столб им овозможува заштеда за дополнителна пензија на сите граѓани на возраст од 15 до 70 години, без разлика дали се во редовен работен однос, а притоа не се корисници на пензија. Освен физички лица, компании или здруженија на граѓани може да организираат и да финансираат професионални пензиски шеми преку уплати на средства за дополнително пензиско осигурување на лична – професионална сметка за своите вработени.
Како функционира?
● Склучувате договор за членство со овластен агент.
● Договорот се активира со првата уплата на средства.
● Вие избирате колку и кога ќе уплаќате.
● Средствата се инвестираат и се акумулираат на Вашатадоброволна индивидуална сметка.
● Уплатените средства се инвестираат во финансиски инструменти од страна на пензиското друштво на ист начин како и средствата од вториот пензиски столб.
● Може да започнете со користење на овие средства по навршување на 52 години за жени и 54 години за мажи, односно 10 години пред стекнување на право на старосна пензија.
● Средствата се наследни.
● Начинот на повлекување на средствата може да го приспособите на Вашите потреби. Имајќи предвид дека истите Ви се наменети како заштеда за пензионерските денови, наша препорака е нивното повлекување да биде на месечна основа, со цел и поголема деакумулација на средства.
Клучни разлики меѓу вториот и третиот столб
| Параметар | Втор столб (Задолжителен) | Трет столб (Доброволен) |
| Кој може да биде член? | Лица кои првпат се вработуваат по 1 јануари 2019 година и на датумот на вработување се помлади од 40 години. | Сите граѓани од 15 до 70 години што не се пенизонери (вработени, самовработени, студенти, невработени) |
| Начин на вложување | Автоматски – 6% од придонесите на бруто платата се уплаќаат на индивидуалната сметка на членот | Доброволни уплати – сами одлучувате колку, кога и колку често ќе уплаќате |
| Услови за користење | Со исполнување на законските услови за пензионирање, односно 62 години за жени и 64 години за мажи, со минимум 15 години работен стаж | Можност за повлекување 10 години пред исполнување на законските услови за пензија, односно односно 52 години за жени и 54 за мажи |
| Даночни бенефиции | Нема | Да – можност за даночни олеснувања за работодавачи кои организираат професионални пензиски шеми |
Зошто е важно да размислувате за двата?
Комбинирањето на вториот и третиот столб овозможува:
● Поголема финансиска сигурност во пензионерските денови
● Поголема контрола над Вашите заштеди
● Можност за повисока пензија преку дополнителни уплати
Што можете да направите денес?
Размислете:
• Одвојте време и проверете ги Вашите пензиски заштеди – Дали Вашата идна пензија ќе ви биде доволна?
• Проценете ја Вашата финансиска состојба, идните приходи – Дали и колку може да инвестирате?
• Стапете во контакт со КБ Прво и информирајте се за условите на пазарот за пензиско осигурување, затрошоците, за остварените приноси од инвестиции и сл.;
• Изберете фонд и започнете со уплати – дури и мали износи може да направат позитивна разлика на долг рок;
• Следете ги извештаите за пензиска заштеда,прилагодувајте го износот на уплатите, согласно Вашите приходи.
Запомнете дека доброто планирање во животот Ви овозможува да уживате и во неизвесните моменти во животот, а висината на Вашата пензија зависи од одлуките што ќе ги донесете денес.
Со вложување во третиот пензиски столб вложувате за својата иднина.
Затоа, размислувајте за #ИднинатаДенес и уживајте во годините што доаѓаат!
КБ Прво пензиско друштво – Ваш сигурен партнер за иднината.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229
Бизнис
Може ли новиот финансиски пакет од ММФ да ја стабилизира украинската економија?
„Одборот на директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри нов четиригодишен продолжен финансиски аранжман за Украина во вредност од 8,1 милијарда долари“, соопшти премиерката Јулија Свириденко.
Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во блиска иднина.
Средствата ќе се користат за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност, како дел од пошироката фискална рамка предвидена да покрие проектираниот дефицит од 136,5 милијарди долари за четири години.
Според Свириденко, новата програма на ММФ претставува „сидро“ за целокупната меѓународна финансиска поддршка, вклучително и кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија.
„Важно е да се нагласи дека новата програма за соработка на ММФ за Украина е „сидро“ за сета меѓународна финансиска поддршка, особено за добивање на кредитот од 90 милијарди евра од Европската унија“, истакна Свириденко.
Програмата, исто така, ја продолжува серијата реформи кои во претходните години ја обезбедија финансиската стабилност на Украина.
Останато
Фондацијата „Заедно за едно“ донираше на ЈЗУ Општа болница Кочани 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација
Во насока на обезбедување соодветна медицинска и рехабилитациска поддршка за настраданите во пожарот во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, набави и испорача во ЈЗУ Општа болница Кочани 90 (деведесет) комплети S-Touch C1 ракавици за пасивна рехабилитација.
Секој комплет се состои од терапевтска ракавица, контролер и клон ракавица и претставува современо технолошко решение за спроведување на пасивни рехабилитациски третмани кај пациенти со нарушена моторика на горните екстремитети, како резултат на изгореници, повреди или невролошки состојби.

Со оваа донација значително се унапредуваат капацитетите на болницата за обезбедување континуирана и квалитетна рехабилитација, што е од особена важност во процесот на закрепнување на пациентите погодени од трагичниот настан.
„Остануваме посветени на обезбедување соодветни услови за лекување и рехабилитација и на континуирана поддршка на здравствените установи во справувањето со последиците од овој немил настан“, истакнуваат од Фондацијата „Заедно за едно“.
Останато
Македонските пензионери во странство останаа без покачена пензија
Околу 12.000 македонски пензионери што живеат надвор од земјата се најдоа во неизвесност откако Уставниот суд најави дека ќе ја разгледува уставноста на измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Новите одредби предвидуваат дека покачувањата од по 1.000 денари, најавени за март 2026 година, ќе важат само за пензионерите со исплата во државата.
До Судот се поднесени три иницијативи кои тврдат дека законските измени создаваат дискриминација врз основа на местото на живеење, нарушувајќи ја еднаквоста, слободата на движење и правото на социјална заштита.
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потсетува дека ќе ги почитува сите одлуки на надлежните институции, вклучително и конечната пресуда на Уставниот суд.
-
Продуктипред 2 месециАЛТА Банка со нов потрошувачки кредит со најповолни услови на македонскиот пазар
-
Продуктипред 2 месециШтедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
-
Бизниспред 1 месецУЈП започна со исплата на повратот од „Мој ДДВ“ за четвртиот квартал 2025
-
Продуктипред 2 месециКомерцијална банка: Воведуваме ново ниво на сигурност при интернет плаќања со картичка и трансакции преку мБанка
-
Банкипред 2 месециДобра вест за акционерите: Комерцијална банка со 8% повисока дивиденда за 2025 година
-
Останатопред 1 месецАЛТА банка АД Битола со стабилна капитална позиција, но значителен пад на профитабилноста во транзициската 2025 година
-
Продуктипред 1 месецОтворете сметка во Халкбанк онлајн и добијте ваучер за гориво од Макпетрол
-
Бизниспред 1 месец„Е-фактура“ го трансформира бизнисот во Македонија – помал административен товар, поголема дигитална ефикасност и контрола на даночните обврски



